Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

Член од
22 август 2016
Мислења
80
Поени од реакции
19
Шала настрана одлични се Октавиите со МПИ мотор па со плин ке ги убиеш од возење.Јас барав сега да купам и ги нема за лек,само една излезе и вториот ден се продаде за околу 5000 и нешто евра 2008-9г. А за дизели отвори Реклама5 со лопати да ги ринеш,пазарот си го кажува своето.
Тезата ти дека бензинец мотор тешко врви после 200+ па троши масло не ти држи пошто знам од лично мое искуство и на мои блиски дека терат многу повеке.Имавме во наше друштво Рено Лагуна 1,8РТ 1998година со плин, донесена од Бугарија.Секојдневно се возеше низ Мк за настапи,квалитетно товарена со опрема а и другарите х 4 сите по минимум 100литри.Се продаде на другар и тој отепа од возење и најмалку 400000 км имаше во момент кога се продаде во Кочани на таксист.Никад никаков квар,не троши уље,мотор сув барут,никад не била на поголем сервис!
тука сите се палат на олку коњи на толку коњи а ако сакаш домаќинска кола да знаеш само 1.4 моторот на WV.Башка не знам како им се пресудни тие 15 коња од 90 коња кај 1.4 до 105 кај 1.9.У старт имаш поскапа регистрација и плус пари за одржавање на сите тракатанци кај дизелите...
 

argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.611
Поени од реакции
2.129
Soe tolku strasno so dpf.
4000softversko isklucuvanje i 800denari secenje i varenje obicna cefka. Vrvi kolata naprvo na tehnicki.

Страшното не е DPF-от, туку тоа што не можат дизелот на плин да го направат, плинот е главната причина што кај нас се купува бензин...иако се труби дека звукот и перформансите на бензинот биле пресудни, хахаха

Ако бил звукот пресуден, нека купат некоја лада 1500(15 литри/100 км во град) нека и наварат цевка место лонец има да грми :pos::pos::pos:
 
Последно уредено:
Член од
27 мај 2016
Мислења
365
Поени од реакции
144
Па и не си му направил некоја километража за 10 години ама бројките се тука некаде, пунтовците и да не отиден диктонот сосем, пуштаат масло на самиот диктон понекогаш и мора да се менува.
Pa ne e praveno kojznae kolku zatoa pisav 90% vo SK e vozeno taa km=godini. No sepak sum zadovolen od nego nema podobra kola za toa godiste(gradsko).
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Страшното не е DPF-от, туку тоа што не можат дизелот на плин да го направат, плинот е главната причина што кај нас се купува бензин...иако се труби дека звукот и перформансите на бензинот биле пресудни, хахаха

Ако бил звукот пресуден, нека купат некоја лада 1500(15 литри/100 км во град) нека и наварат цевка место лонец има да грми :pos::pos::pos:
Освен тоа и ценовната разлика помеѓу бензин и дизел, половни и нови, е во полза на бензинот. Бензинецот што го имам беше околу 1000-1500 евра поевтин од дизел варијанта, а бидејќи го возам само до работа не ставам повеќе од 250-300 евра гориво годишно.
 
Член од
12 јули 2011
Мислења
869
Поени од реакции
424
тука сите се палат на олку коњи на толку коњи а ако сакаш домаќинска кола да знаеш само 1.4 моторот на WV.Башка не знам како им се пресудни тие 15 коња од 90 коња кај 1.4 до 105 кај 1.9.У старт имаш поскапа регистрација и плус пари за одржавање на сите тракатанци кај дизелите...
Регистрацијата за 90 и 105 к.с е иста бидејќи се во иста група ( група од 65 до 95 KW ) . Е сега коњите... Уффф огромна разлика има од 90к.с кај 1.4 атмосферски бензинец до 105к.с кај 1.9 турбо дизел . Огромна разлика има и со 1.9 тди со 90 к.с и истите 90 к.с кај 1.4 атмосферски бензин . За да го сфатиш ова прво треба да знаеш на колку вртежи едниот односно другиот мотор ги развива тие 90/105 к.с , треба да знаеш исто и што е максимален вртежен момент и кога и при кои вртежи тој момент е му е достапен на моторот . Конкретно 1.4 астмосферскиот бензинец на VW кај Октавија не е 90 туку 75 к.с , ама ајде да кажеме дека е 90 . Е тие 90 к.с би ги произвел некаде на преку 5500 вртежи во минута , вртежниот момент би му бил некаде околу 130-150 Њутн метри на околу 3 500 вртежи во минута . Што значи дека нема да можеш да го возиш на булевар со брзина од 40 км/ч во 4та брзина и на 1800 врт/мин , туку во 3та на преку 2500 , а за претицање ке треба да вратиш во 2ра , а сето ова резултира со поголема потрошња . Додека тој 1.9 тди тие 90 или 105 кс ги достига некаде на околу 4200-4300 врт/мин , но пази ваму - вртежниот момент му е огромни (споредено со 1.4) 250 Њм и достапен веќе на 1700-1800 врт/мин . А помал број на врт/мин значи и помалку револуции односно помалку циклуси и помала потрошња на гориво. И ова е главната разлика и најголемата да кажам слабост на атмосферските мотори во однос на турбо моторите, без разлика дизел или бензин... Предност пак на атмосферските мотори пред турбо моторите пак е издржливоста и долговечноста...
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.269
Поени од реакции
15.382
тежината е најголем фактор кај автомобилскиот свет.....многу поважен него коњските сили....

 
Член од
26 октомври 2016
Мислења
2.026
Поени од реакции
1.521
Страшното не е DPF-от, туку тоа што не можат дизелот на плин да го направат, плинот е главната причина што кај нас се купува бензин...иако се труби дека звукот и перформансите на бензинот биле пресудни, хахаха

Ако бил звукот пресуден, нека купат некоја лада 1500(15 литри/100 км во град) нека и наварат цевка место лонец има да грми :pos::pos::pos:
Бензинец само турбаш на пример 1.8Т голф 4 и да се стави добар издуф. Сепак дизелите според мене имаат подобар филинг во возење и забрзување и штета што ни поскапи нафтата. За одржување можда се поскапи од бензинците али има и бензинци кој се и доста скапи за одржување на пример шкода октавиа како шо беше спомнарта 1.4 80кс 2008година, бобмината кошта 12000 нова а половна е 7000. Шалтерот е пластичен и е доста скап за поправка. Си троши масло, скапа предница за сервис. Уште плин да и се клај и толку однеа.....
Ме потсети во почетоците ко ја зедов шкодата, го секов заднио лонец ито сам го сечев со бонсек и му имав клаено од оние свирчината фејк турбо, звукот ко од бунар да излегува
На тди доволно е катализаторот да се извади.
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.857
Поени од реакции
8.412
Golf 7

Kerb weight1,293–1,500 kg (2,851–3,307 lb

И тоа 1500 е ептен тешки верзии со голем мотор, автоматски мењач, и сл. 99 % ќе бидат со помала тежина.
Автоматски споено мислење:




А јас добро си кажав дека помалите мотори врват помала километража без отворање. Ти стави 2.0 мотор а погоре еден се фали со 1.8 дека поминал многу. Овие не се мали мотори за наши појмови али сепак помалку врват него дизел со иста кубикажа.


За забава за возење може само поголем мотор бензин, не знам каде е забавата да возиш 1.4 на плин?

Бар за мене е така, сега некој ако вози пензионерски таман му е и 20 секунди до 100 да забрзува, ама тогаш не може да се фали дека ужива во звукот и перформансите на бензин.

Тоа е исто кода речеш југо 45 е супер кола оти има мотор на бензин, нон сенс.
Автоматски споено мислење:




Нема толку улога тежината колку што има висината, ширината на возилото како и самиот распоред на тежина.

Може кола да биде и 1000 кг па да стои залепена на пат особено со добри гуми, од друга страна нон стоп има на мус тестовите коли по 1500 +кг кој се гледа дека едноставно не се баш стабилни при промена на правец.

Друга работа е типот на суспензија назад, За да биде стабилна колата мора да биде независна и назад.

Сите голфови до 5-ка, сите леони од постарите генерации, сите астри, многу од фиатите сл.имаат едноставна осовина назад и двете задни тркала се поврзани едно со друго. Ова е главно поради економија пошто кошта поевтино да се направи.

Пример возиш во кривина, едното од задните тркала врви преку нерамнина рипа и другото оти се поврзани. Кога рипаат така при пооштро возење буквално двете задни тркала се одлепуваат од асвалтот за кратко време и колата занесува во страна.
Screenshot_20200404-074605_Chrome.jpg
Leergewicht е тежина
Автоматски споено мислење:

тежината е најголем фактор кај автомобилскиот свет.....многу поважен него коњските сили....

За drag race да, али у реален живот никој не вози drag race, на првата кривина со 50 km/h и е у ендек.

 
Последно уредено:
Член од
15 јануари 2015
Мислења
452
Поени од реакции
424
тука сите се палат на олку коњи на толку коњи а ако сакаш домаќинска кола да знаеш само 1.4 моторот на WV.Башка не знам како им се пресудни тие 15 коња од 90 коња кај 1.4 до 105 кај 1.9.У старт имаш поскапа регистрација и плус пари за одржавање на сите тракатанци кај дизелите...
Зелен картон до 66kw/90hp ти е поевтиниот од 60€.
Автоматски споено мислење:

Регистрацијата за 90 и 105 к.с е иста бидејќи се во иста група ( група од 65 до 95 KW ) . Е сега коњите... Уффф огромна разлика има од 90к.с кај 1.4 атмосферски бензинец до 105к.с кај 1.9 турбо дизел . Огромна разлика има и со 1.9 тди со 90 к.с и истите 90 к.с кај 1.4 атмосферски бензин . За да го сфатиш ова прво треба да знаеш на колку вртежи едниот односно другиот мотор ги развива тие 90/105 к.с , треба да знаеш исто и што е максимален вртежен момент и кога и при кои вртежи тој момент е му е достапен на моторот . Конкретно 1.4 астмосферскиот бензинец на VW кај Октавија не е 90 туку 75 к.с , ама ајде да кажеме дека е 90 . Е тие 90 к.с би ги произвел некаде на преку 5500 вртежи во минута , вртежниот момент би му бил некаде околу 130-150 Њутн метри на околу 3 500 вртежи во минута . Што значи дека нема да можеш да го возиш на булевар со брзина од 40 км/ч во 4та брзина и на 1800 врт/мин , туку во 3та на преку 2500 , а за претицање ке треба да вратиш во 2ра , а сето ова резултира со поголема потрошња . Додека тој 1.9 тди тие 90 или 105 кс ги достига некаде на околу 4200-4300 врт/мин , но пази ваму - вртежниот момент му е огромни (споредено со 1.4) 250 Њм и достапен веќе на 1700-1800 врт/мин . А помал број на врт/мин значи и помалку револуции односно помалку циклуси и помала потрошња на гориво. И ова е главната разлика и најголемата да кажам слабост на атмосферските мотори во однос на турбо моторите, без разлика дизел или бензин... Предност пак на атмосферските мотори пред турбо моторите пак е издржливоста и долговечноста...
Атмосфереците 1.4 кај Октавија 2 Голф 5, Леон 2 се малку посилни од тоа што си го напишал со мали модификации од 59 до 63kw.
Автоматски споено мислење:

Бензинец само турбаш на пример 1.8Т голф 4 и да се стави добар издуф. Сепак дизелите според мене имаат подобар филинг во возење и забрзување и штета што ни поскапи нафтата. За одржување можда се поскапи од бензинците али има и бензинци кој се и доста скапи за одржување на пример шкода октавиа како шо беше спомнарта 1.4 80кс 2008година, бобмината кошта 12000 нова а половна е 7000. Шалтерот е пластичен и е доста скап за поправка. Си троши масло, скапа предница за сервис. Уште плин да и се клај и толку однеа.....
Ме потсети во почетоците ко ја зедов шкодата, го секов заднио лонец ито сам го сечев со бонсек и му имав клаено од оние свирчината фејк турбо, звукот ко од бунар да излегува
На тди доволно е катализаторот да се извади.
Ги скапаа од возење таксистите на плин,вчера пред хотелот Холидеј ин од 5-6 такси возила а 4 беа Октавии ll на плин,Флуенсе и Мерџо.Сликав ама неможам да ја закачам премногу е голема за на форумов.
 
Последно уредено:
Член од
22 август 2016
Мислења
80
Поени од реакции
19
Регистрацијата за 90 и 105 к.с е иста бидејќи се во иста група ( група од 65 до 95 KW ) . Е сега коњите... Уффф огромна разлика има од 90к.с кај 1.4 атмосферски бензинец до 105к.с кај 1.9 турбо дизел . Огромна разлика има и со 1.9 тди со 90 к.с и истите 90 к.с кај 1.4 атмосферски бензин . За да го сфатиш ова прво треба да знаеш на колку вртежи едниот односно другиот мотор ги развива тие 90/105 к.с , треба да знаеш исто и што е максимален вртежен момент и кога и при кои вртежи тој момент е му е достапен на моторот . Конкретно 1.4 астмосферскиот бензинец на VW кај Октавија не е 90 туку 75 к.с , ама ајде да кажеме дека е 90 . Е тие 90 к.с би ги произвел некаде на преку 5500 вртежи во минута , вртежниот момент би му бил некаде околу 130-150 Њутн метри на околу 3 500 вртежи во минута . Што значи дека нема да можеш да го возиш на булевар со брзина од 40 км/ч во 4та брзина и на 1800 врт/мин , туку во 3та на преку 2500 , а за претицање ке треба да вратиш во 2ра , а сето ова резултира со поголема потрошња . Додека тој 1.9 тди тие 90 или 105 кс ги достига некаде на околу 4200-4300 врт/мин , но пази ваму - вртежниот момент му е огромни (споредено со 1.4) 250 Њм и достапен веќе на 1700-1800 врт/мин . А помал број на врт/мин значи и помалку револуции односно помалку циклуси и помала потрошња на гориво. И ова е главната разлика и најголемата да кажам слабост на атмосферските мотори во однос на турбо моторите, без разлика дизел или бензин... Предност пак на атмосферските мотори пред турбо моторите пак е издржливоста и долговечноста...
те сфаќам што сакаш да кажеш ама у држава кај што најголемата дозволена брзина е 120 км на час да збориме за коњи а за тие коњи да платам прво регистрација плус 100 евра после зелен картон уште 60 евра и плус тракатанците кај дизелите што многу често се расипуваат,не фала.За на булевар кај што е ограничувањето 50 км на час апсурд е да правиме муабет за забрзувања...
 

argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.611
Поени од реакции
2.129
Потполно исто што е и curb weight на англиски. Теоретска шанска нема голфот најнов 1200 кг да е, полото е толку денес.

Не знам само кај ги најдуваш податоциве, не треба ни податоци да гледаш, само види ги новиве коли колку се поголеми и помасивни јасно ќе ти стане дека се потешки него порано...денешната корса е скоро исто толку голема ко астра г, и тоа ова во должина, во ширина можда и поширока да е.

Истото во сите марки е, таков е трендот и такви се побарувањата на тестовите за безбедност, самата шасија мора да е поцврста него порано а тоа значи и потешка надвор од тоа што колите растат во димензии, имаат повеќе опрема него порано а тоа се си тежи плус.
Автоматски споено мислење:

Бензинец само турбаш на пример 1.8Т голф 4 и да се стави добар издуф. Сепак дизелите според мене имаат подобар филинг во возење и забрзување и штета што ни поскапи нафтата. За одржување можда се поскапи од бензинците али има и бензинци кој се и доста скапи за одржување на пример шкода октавиа како шо беше спомнарта 1.4 80кс 2008година, бобмината кошта 12000 нова а половна е 7000. Шалтерот е пластичен и е доста скап за поправка. Си троши масло, скапа предница за сервис. Уште плин да и се клај и толку однеа.....
Ме потсети во почетоците ко ја зедов шкодата, го секов заднио лонец ито сам го сечев со бонсек и му имав клаено од оние свирчината фејк турбо, звукот ко од бунар да излегува
На тди доволно е катализаторот да се извади.

Сепак филингот е субјективна работа и прашање на вкус. Мене зборот ми беше со цената на одржување која овде се форсира, дека бензин автоматски бил повтин за одржување.

Едно од првите нешта што одат на кола со плин е бобината, главно од повисоката температура на самиот мотор како и смесата со плин која преку свеќиците ја оптеретува бобината зошто бара поголем напон за да се запали него бензин.
 
Последно уредено:
Член од
25 ноември 2013
Мислења
1.657
Поени од реакции
1.519
те сфаќам што сакаш да кажеш ама у држава кај што најголемата дозволена брзина е 120 км на час да збориме за коњи а за тие коњи да платам прво регистрација плус 100 евра после зелен картон уште 60 евра и плус тракатанците кај дизелите што многу често се расипуваат,не фала.За на булевар кај што е ограничувањето 50 км на час апсурд е да правиме муабет за забрзувања...
Sekoj si znae sho mu odgovara i kakvi moznosti ima, ali inaetenje deka ednite se podobri od drugite uopste nema smisla.
Od ona sto sum slusal i cital, benzinec zimas ako vozis samo gradska, dizel ako vozis na otvoreno bidejki dpf ke se blokira pobrzo ako samo vozis niz grad. Ja konkretno vozam dizel 2.0tdi i okej mi e, servisite mu se skapi ali ziveam u drzava kaj sho mehanicarite se skapi. Mene konkretno mi trebaat konjaza i dobro zabrzuvanje, iako momentalno kolava sto ja imam ima samo 144konja. Tuka kaj nas ima kruzni tokovi kaj sto frcat so 80kmh i definitivno ti treba brzina ako ne sakas da dremis cel den na kruzen tok. Za naredna kola mozebi ke zemam benzin ali samo zatoa sto eden od modelite koi gi merkam e benzinec. Usput ja ne sum od onie sto stavaat plin na benzinec, kaj mene ustvari benzinot e poeftin od dizelot.
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.857
Поени од реакции
8.412
Потполно исто што е и curb weight на англиски. Теоретска шанска нема голфот најнов 1200 кг да е, полото е толку денес.

Не знам само кај ги најдуваш податоциве, не треба ни податоци да гледаш, само види ги новиве коли колку се поголеми и помасивни јасно ќе ти стане дека се потешки него порано...денешната корса е скоро исто толку голема ко астра г, и тоа ова во должина, во ширина можда и поширока да е.

Истото во сите марки е, таков е трендот и такви се побарувањата на тестовите за безбедност, самата шасија мора да е поцврста него порано а тоа значи и потешка надвор од тоа што колите растат во димензии, имаат повеќе опрема него порано а тоа се си тежи плус.
Автоматски споено мислење:




Сепак филингот е субјективна работа и прашање на вкус. Мене зборот ми беше со цената на одржување која овде се форсира, дека бензин автоматски бил повтин за одржување.

Едно од првите нешта што одат на кола со плин е бобината, главно од повисоката температура на самиот мотор како и смесата со плин која преку свеќиците ја оптеретува бобината зошто бара поголем напон за да се запали него бензин.
од германски веб сајтови, плус тој со 1200 кг голф е со 3 цилиндра бензин мотор. Ама ти уште живееш во 2010 и не знаеш што е даунсајзинг :)
 

argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.611
Поени од реакции
2.129
Да да, така е, исто од германски сајтови прочита дека сите дизели мешале гориво со маслото

друг тврди дека астра не скапувала,

трет овде тврди дека корсата му трошела 5.5 литри бензин на сто низ град...

...оф судбино кај се најдовте опелџии, најзнајните луѓе што постојат, експерт до експерт све, све сте виделе, све сте чуле

:pos::pos::pos::pos:
 
Член од
25 ноември 2013
Мислења
1.657
Поени од реакции
1.519
од германски веб сајтови, плус тој со 1200 кг голф е со 3 цилиндра бензин мотор. Ама ти уште живееш во 2010 и не знаеш што е даунсајзинг :)
Problemot so malite motori e ko gi stavaat u golema kola.
Imav courtesy car pred 2-3 godini audi a1 so 3 vrati 1.4tfsi i bese ko zverce i niz grad i na avtopat, malo kolice mal motor super bese mada trosese troa povekje. Po 3 nedeli vozenje mi go smenija so audi Q2 1.0. Veruj mi ova edvaj trgnuvase, epten tromavo poso mal motor a golema sasija. Na otvoreno okej bese ali za u grad katastrofa. Edvaj cekav mojata kola da si ja zemam nazad. Kaj mene eve sakaat od 2035ta da se zabrani prodazba na benzinci ili dizelasi, ke se odi samo na elektricni, site ke imame tesli i nissan leaf lol
 

Kajgana Shop

На врв Bottom