Коронавирус (COVID-19)

  • Креатор на темата Креатор на темата Beginner
  • Време на започнување Време на започнување
Ја уствари,неможам да сфатам,зашто ако СЗО препорачуваат само болните да носат маска,носта сите.Доктори,џандари,војска,сите по ред...бели она не помага на здравите?
Груб одговор: не се знае увек, кој го носи вирусот.
 
Колку и да е дно е подобро него да не беше воопшто ставен градот во карантин. Како тоа до 15 часот нема кога татко ми секој понеделник или вторник веќе 3 недели оди во 6 часот на пазарање и тогаш купува се' што му треба, затоа што според негово искуство тогаш има и најмалку луѓе во продавница. Ако нема Да ми кажеш дека во Тинекс, Веро нема леб, не знам...

Од кого ќе бидат пополнети квотите кога градот ќе биде заглавен 2 дена и нема да може никој да влезе во аптека. Пак доаѓаме до совеста и растројството на луѓето. Реагира панично и оди во аптека да купи Ц витамин ваљда.

Уште еднаш ќе пишам и јас, многу непотребен хејт за одлука која што колку и да е задоцнета, подобро што е донесена а вината за хаосов оди многу повеќе кај народот.

Види, татко ти купува леб во 6 навечер, дека точно помала е гужвата, а и населението знае дека утре сабајле ПАК ќе има свеж леб.
Ај сега стави се во Куманово, со најава за 2 дена тотален карантин, ќе чекаш до 8 за да се смали гужвата па да испазариш? А утре и онака живо пиле ќе нема на улица... значи меркава не е како во Дебар, карантин ама да работат продавничките и аптеките, туку онака затвор, нема излагање.
За Аптеките да не беше градот во карантин, ќе работеа во Сабота и Недела, и немаше да се прави гужва. Али рачунај јас знам каква е ситуацијава со рецептиве, до кај 3 или 4, еве најкасно до 5 во месецот ги пополнуваат квотите за апчиња на рецепти, потоа чекаат следен термин после 10 за да почнат пак да даваат апчиња на реџепти. Барем знаеш како функционираат работите кај нас...

Јас уште еднаш ќе пишам, фала богу им текна Куманово да го стават во целосен карантин, али тајмингот е лош, многу лош ете и Видук го потврди тоа. Требаше пополека да го подготвуваат населението за сценариото како Дебар, а овие до вчера викаа дека нема потреба градот да го затворат, за да денес ова им го соопштуваат.
 
Тоа плус, недела дена пекаат за карантин а они неспремни, без храна за 2-3 дена се оставиле.
И најопуштените имаат залихи за повеќе од 5 дена. Ова е психоза што настанува од вест кажана у погрешен тајминг.
Џабе што три дена ќе седат дома, ако сега си се издишат у гужви за овие неколку саати.
Има многу психологија и во соопштувањето на работите, ама кој да знае. Не само моментот на соопштување, туку и начинот.
 
National Vital Statistics Reports
Статистика за САД за 2017 а објавена 2019
Deaths: Leading Causes for 2017
The procedures used by NCHS for ranking causes of death are consistent with the recommendations of the 1951 Public Health Conference on Records and Statistics

Имаат 113 објавени причини за смрт и ако ги копирам сите ќе изгледа невкусно
Не е ни битно колку можни причини за смрт има но еве кои се водечки
korona2.png

Болести на срце
Карциноми
Хронични респираторни болести
Кардиоваскуларни болести - кои се дури одделени од првите директни срцеви заболувања
Алсхајмер - тука не ни имаме појма што е тоа нели
Шеќерна болест
Дури на 8 место е грип
Бубрежни заболувања на 9
И нормално за САД самоубиства на 10-то

Како може да има таква табела која убаво опишува кои се најголемите причини за смрт, ако одговорно тврдам, карцином, шекерна болест, бубрежни заболувања не дават директна смрт туку преку секундарни инфекции ??
 
Груб одговор: не се знае увек, кој го носи вирусот.
може,незнам,ја ги глеам џандариве тука,пуна комплектација,маски,ракавици,заштита за очи...
у болница дур бев инфициран не носев маска,денес маска ми опнаа..
 
Од кого ќе бидат пополнети квотите кога градот ќе биде заглавен 2 дена и нема да може никој да влезе во аптека. Пак доаѓаме до совеста и растројството на луѓето. Реагира панично и оди во аптека да купи Ц витамин ваљда.
Нели укинаа квоти?
 
Ја уствари,неможам да сфатам,зашто ако СЗО препорачуваат само болните да носат маска,носта сите.Доктори,џандари,војска,сите по ред...бели она не помага на здравите?

IMG-2ddccbcc24f978546b7d92ab513bd3c2-V.jpg

... препорака за лична заштита, сега сме веќе на второ/трето ниво каде не знаеме кој е носител на вирусот и секој од секого може да се зарази.

IMG-7f9d59c3a99b8f280da083af2ba95f70-V.jpg
 
И недела дена унапред да беше кажано ќе беа гужви, ама ќе траеа недела дена. ;)

Психата е опасна работа, јас да бев ќе објавев 15 до 9, не се умира без леб два дена..
 
прво што ја промашија работата ја промашија со полицискиот час, друга работа полициски час е само за Општина Куманово,додека сите од Куманово кои имаа викендици или кај да отидав во Општина Старо Нагоирчане сите фатија таму, така да голем дел од народот отиде по селата кои се под Општина Старо Нагоричане, така да по мене голем ефект од полицискиот час нема да има секако.
 
Се што требаше да направат, за да не дојде до оваа гужва, е да го објават карантинот пред 12h. Вака, и денот, и часот им е никаков.

Јас сум еден од оние што купува храна на 3 дена затоа што сакам свежо овошје, зеленчук за салата и тазе леб, и денес ни беше денот за набавка со сопругата.

Не спаси тоа што навреме ја слушнавме одлуката и сме на 2 минути. Кога влеговме во Тинекс, немаше гужва, на излегување од пазарење, веќе имаше ред од 15-20 луѓе.
 
Види, татко ти купува леб во 6 навечер, дека точно помала е гужвата, а и населението знае дека утре сабајле ПАК ќе има свеж леб.
Ај сега стави се во Куманово, со најава за 2 дена тотален карантин, ќе чекаш до 8 за да се смали гужвата па да испазариш? А утре и онака живо пиле ќе нема на улица... значи меркава не е како во Дебар, карантин ама да работат продавничките и аптеките, туку онака затвор, нема излагање.
За Аптеките да не беше градот во карантин, ќе работеа во Сабота и Недела, и немаше да се прави гужва. Али рачунај јас знам каква е ситуацијава со рецептиве, до кај 3 или 4, еве најкасно до 5 во месецот ги пополнуваат квотите за апчиња на рецепти, потоа чекаат следен термин после 10 за да почнат пак да даваат апчиња на реџепти. Барем знаеш како функционираат работите кај нас...

Јас уште еднаш ќе пишам, фала богу им текна Куманово да го стават во целосен карантин, али тајмингот е лош, многу лош ете и Видук го потврди тоа. Требаше пополека да го подготвуваат населението за сценариото како Дебар, а овие до вчера викаа дека нема потреба градот да го затворат, за да денес ова им го соопштуваат.

Брат, татко ми не купува леб секој ден во 6 него секој понеделник или вторник за цела недела, сами живеат со мајка им, ваљда 4-5 леба им се доволни, не знам, ќе проверам. 2 дена тотален карантин а народот се однесува ко да е 2 месеца. Не, нема да чекам да се намали гужва до 8 часот ама нема ни да се ставам во таа ситуација.

Видук не потврди ништо освен тезава дека народот панично излезе надвор, изреагира хаотично на веста дека 2 дена, пак доаѓаме до тоа само два дена ќе мора да седат дома. Дека е задоцнета се слагаме, дека е лош тајминг за објава исто се слагаме ама на крајот од денот, подобро сега него во понеделник, само за луѓето да имале време да испазарат нешто што веројатно нема ни да го користат до крај на викендов.

Исто така, да не заборавиме дека и да објавеа денес, дека од понеделник има карантин, голем дел во недела ќе беа на купување зошто „има време, штакурац“.
 
може,незнам,ја ги глеам џандариве тука,пуна комплектација,маски,ракавици,заштита за очи...
у болница дур бев инфициран не носев маска,денес маска ми опнаа..
... точно така,треба да носиш заштитна маска, како за другите така и заштита за себе, оти треба да внимаваш може повторно да се заразиш...посебно овој твој постковид рековалесцентен период треба да внесуваш витамини, никој не знае колку време може да те штити таа IgG антитела што ја имаш во моментот!
 
Се што требаше да направат, за да не дојде до оваа гужва, е да го објават карантинот пред 12h. Вака, и денот, и часот им е никаков.

Јас сум еден од оние што купува храна на 3 дена затоа што сакам свежо овошје, зеленчук за салата и тазе леб, и денес ни беше денот за набавка со сопругата.

Не спаси тоа што навреме ја слушнавме одлуката и сме на 2 минути. Кога влеговме во Тинекс, немаше гужва, на излегување од пазарење, веќе имаше ред од 15-20 луѓе.

Сите сакаме, не сакам ни јас да фрлам расипано овошје и зеленчук или пак да јадам отстојана храна ама ситуацијава е таква да мора да жртвуваме нешто а свежа храна не треба да биде некој голем проблем.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom