Како тоа ќе ги научи? На кој начин? Со кои средства? Примеров горе шо го стави беше со стапови некои, во Индија. Со стапови ли ќе ги учиме девијантните мажиња да не тепаат? Милион примери има од повратници шо се кршени од ќотек и враќани по ќелии, за одма после излегување да продолжат со глупостите шо ги правеле претходно.
Ја, пред да ми пратиш клип со стапови во Индија, те прашав за конкретната ситуација во Штип и како тоа ни треба „феминизам“ за таа да не се случува. Како феминизмот ќе го научи девојчено со веројатно психички проблеми дека не е убаво да клеветиш по народ дека си трудна и да го оцрнуваш името на некојси батка шо нејќе да има ништо со тебе? Како феминизмот, потоа, ќе го спречи афектот, моментот кога се исклучува човек оти е испровоциран и гази некого од ќотек? Ова во Штип не е афект, овие ептен ја претерале и се шо им следува го заслужуваат, ама има и такви случаи. Таков случај последно беше со Џони Деп. Таа кокошката цела кариера ќе му ја сјебеше ако не изиграше паметно типот. Порано и Мел Гибсон исто го окрка. Намерно го донесе една руска 'роспија до непресметливост и човекот скрена.
Мавање со четка и лепење мутави термини не помага на никој. Ефтини политикантчиња го прават тоа, кога некој морон ќе земе да пука у некое школо, одма почнуваат со агенда за забрана на оружје шо тој конкретен морон секако ќе го снабдел независно од забраната, затоа шо бил болен и решен да пука у школо. Некои дечишта искршиле девојче во Штип оти се прости шабанчиња, не знаат и нема никогаш да научат како преку институции да го решат проблемот со девојчето, иде некој со нула контекст и разбирање на поимот Индивидуализација и ти вика eve zoshto ni treba feminizam.