Коронавирус (COVID-19)

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Нешто многу ми се сомнителни Филипче и компанија во случајот со Систина.Јас мислам дека го прикриваат реланиот број заболени како и во многу други држави.Ама вистината е како шило кога тогаш ќе излезе на
виделина.
Koj случај со Систина? тие бројки не се реални зошто тестот е поинаков. А дека „постепено“ се објавуваат заболените и јас мислам дека е така затоа што народов не маркети, ќе иде погребни места ќе купува.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Косово 125 заразени на 1380 тестирани. (9%)
Албанија 259 заразени на 1823 тестирани. (14%)
Кои бројки ги кажуваше Таравари пред 2-3 недели немам појма. Вака така најдобро стоиме на Балканот(минус Словенија) по број на тестови по глава на жител.
Инаку по процент на заболени од тестираните: МКД-9%, СЛО-3%, ХРВ-12%
Овие се интересни бројки за да се види колку всушност заболени се откриени. Пример кај србите процентот е околу 20% што значи имаат многу поголем број на неоткриени случаи од нас.
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.525
Поени од реакции
24.796
eve sto ke sledi vo mnogu od siromasnite zemji... ocekuvano na filipinite pocnuva prvo, najdologo se vo karanti. hrana ima, pari nema....


 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.582
Поени од реакции
13.952
Ова сеуште ми е тешко да го поверувам. Му викаш на секој постар, еј, во критична маса си, седи дома, се собрале пред кооперација, пиво пијат 10 души, 200 луѓе пробуваат да влезат у банка наеднаш.
Најдобро си прават, затоа и проживеале толку, ако се замарале како нас одамна ќе заминеа од светов. Ние сме 24/7 под стрес, нервози, медиумиве го оболеа народов.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Најдобро си прават, затоа и проживеале толку, ако се замарале како нас одамна ќе заминеа од светов. Ние сме 24/7 под стрес, нервози, медиумиве го оболеа народов.
Kaжи живееле во систем што им дозволил да не се замараат, денес ако не се замараш ќе умреш за леб.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
749
Поени од реакции
731
Luge ne biva da gi racunate taka 100 zaboleni na 300 testa,koga za edno lice cak se pravat po 2-3 testa za da bide pozitiven na korona..kakvi vi se tie matematiki
3 testa napraveni
1 lice pozitivno
Aaaa dobro e si velite od 3 lica ednoto ima korona ( a slucajot e 3 testa na istoto lice )
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.831
Поени од реакции
17.467
Чекај сеа,Трамп не го пушти вирусот во Кина:D
Добро сеа да не испадне дека и јас како некои тука кои го потценуваат вирусот,ама сепак да не заборавиме дека 327 милиони е Америка,не знам шо се чудите за бројките
Автоматски споено мислење:

Абре Кинеско, Јапонско Индонезиско исто лајно различно паковање, да ги нема на мапата, одвратни створења.
Значи ке те молам за Јапанците да зборуваш со почитување. Прво луѓето за Кинезите се господа со големо Г. Друго не приготвуваат секакви гомна и трето векови се нанапред пред целата Азија.
 
Последно уредено:
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.041
Поени од реакции
6.518
Тргнав да ти реплицирам, дека воопшто не ме познаваш за да искоментираш вакво нешто.
Ама сфатив дека не вреди. На сосема различна бранова должина сме во старт.

Верувам дека барем ти е полесно после коментарот. :)
Сосема е ирелевантно дали лично те познавам или не.
Емпатија (надвор од еволуциски условената кон најблиски) или е универзална значи имаш за сите или пак универзално е отсутна, немаш за никого, ако имаш емпатија само за одредена група граѓани тоа е селективна емпатија или во превод мода :)
Не ми е полесно, језиво ми е колкава моќ имаат медиумите, дури и на возрасни, образувани, фамилијарни луѓе.

Полицискиот час пример, влијае монструозно лошо врз моите родители и баба, родителите се доцни 60-ти години и секој ден се будат околу 8-8.30 и имаат 2 часа за надвор, затворени по цел ден дома, ако не сум јас или сопругата или брат ми да отиде да ги посети ќе се скренат начисто а веќе покажуваат загрижувачки знаци. Тие ќе поминат далеку полошо изолирани и дискриминирани него некој од тие 80% од заболените кои прележуваат тв-вирус со минимални или скоро никакви симптоми.
Стрико ми паничи секоја божја година за сезонскиве вируси уназад 20 години, којзнае која параноја го пука тек сега.
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.582
Поени од реакции
13.952
Kaжи живееле во систем што им дозволил да не се замараат, денес ако не се замараш ќе умреш за леб.
Па не знам баш за тоа, тие луѓе имаат поминато низ сито и решето, имаат поминато времиња каде се јадело само леб и сол и пак биле среќни и не се плашеле. Не се споредува со денешново, значи до луѓето е.

Како беше она: тешките времиња создаваат силни луѓе, силните луѓе создаваат добри времиња, добрите времиња создаваат слаби луѓе, слабите луѓе создаваат тешки времиња. Ние сме последните, мочка луѓе.

И друго, стави се во позиција ти да имаш 80 години, што повеќе можеш од животот да бараш, зошто би се исплашил кога нема што да изгубиш, шансите да умреш од било што на тие години се големи, зошто некој од нив би се затворил дома, не го очекува уште една младост сигурно.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Па не знам баш за тоа, тие луѓе имаат поминато низ сито и решето, имаат поминато времиња каде се јадело само леб и сол и пак биле среќни и не се плашеле. Не се споредува со денешново, значи до луѓето е.

Како беше она: тешките времиња создаваат силни луѓе, силните луѓе создаваат добри времиња, добрите времиња создаваат слаби луѓе, слабите луѓе создаваат тешки времиња. Ние сме последните, мочка луѓе.

И друго, стави се во позиција ти да имаш 80 години, што повеќе можеш од животот да бараш, зошто би се исплашил кога нема што да изгубиш, шансите да умреш од било што на тие години се големи, зошто некој од нив би се затворил дома, не го очекува уште една младост сигурно.
Нормално бе друже дека нема да се плашам кога цела Федерација стои зад мене и мисли се за мене. Твое е само да станеш сабајле за на работа и во 3 да си дома. Станови, два одмора годишно, скијања, уште еден одмор за денот на независноста на Југославија, вработување те чека одма штом завршиш средно или факултет, за што има да се плашиш? Не се согласувам баш дека се учени само на сол и леб, може нивните татковци и мајки што изгураа турско и бугарско, ова што гледаме по маркети дека ништо не почитува се бумер генерациите од Југославија. Затоа кукаат тие, во денешниов свет се нешто ново испаѓа, научени се на готово се да им биде сервирано :icon_lol:

Истото е и горе, денес си дава оставка без проблем и ни малку не губи сон нешто ако не му се свиѓа зошто знае дека има уште 32013921 отворени работни места. Не штедат, купуваат коли, глупости, шетаат по цел свет зошто знаат дека ќе имаат, не се учени да немаат.

Не се согласувам за ова што има од животот да бараш на 80 години, може ако си мизантроп и recluse. Јас тие години сакам да ги поминам со внуците, сигурно истото го мислат и повеќето тука, не сакам по сета оваа мака низ животов за да створам на крај да ме убие некаква си корона од некој ретард во Кина љиљаци што јадел. Па ќе се отепам уште од сега да знам :)

Затоа и се мерките какви што се за пензионери, да беше точна некоја конспираси теорија дека ова е за да се исчисти пензискиот фонд ќе им дадеа free roam 24/7. Тие самите се туркаат во бездна и после на утрински емисии криви им се Филипче, Трамп, Макрон, комшивката Јелица од трети итн.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Нешто многу ми се сомнителни Филипче и компанија во случајот со Систина.Јас мислам дека го прикриваат реланиот број заболени како и во многу други држави.Ама вистината е како шило кога тогаш ќе излезе на
виделина.
Во Систина има барем еден заболен што јас го знам. Не следам медиуми и вести и нр знам дали го кажале, но има сигурно еден заболен. За повеќе не знам. Зборам за вработените, а не за пациенти.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.692
Притисок од јавноста, како и лоби и интересните групи кои го држав за врат, а со тоа Лукашенко проблем нема.
Притисок од јавноста, како и лоби и интересните групи кои го држав за врат, а со тоа Лукашенко проблем нема.
Значи челичниот Путин потклекна под притисокот на тие лоби групи?:cautious:
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.134
Поени од реакции
83.766
денес триесетина нови

инаку, ова се прогнозите, според линкот подолу:


 

Kajgana Shop

На врв Bottom