Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.611
Поени од реакции
2.129
Абе реално не ни треба повеќе, цитроенчето е доста лесно па и тој мотор го влече солидно. Е сега за брзина тоа е, кај нас со оглед на тоа какви идиоти имаме во сообраќајот и какви патишта имаме се над 130-140 е коцка па каква сакаш кола вози.

Никој не ти гарантира дека ни на сред автопат нема да ти излезе куче, да ти се појави дупка од нигде, и сл.
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.830
Поени од реакции
2.922
Спавате ли мирно дизелаши??
Ко нова беше колава буквално во секоја смисла, плус наведено беше во описот дека бојата е заштитена со керамички слој.
2 сервисни книшки полни, сервисите стриктно на 12 000км ги имаше правено човеков...скроз исправна со тоа што беше наведено дека гумите се 4мм и требаат нови дискови и плочки напред.
Прегледај го приврзокот 242131
Ова не е дизел бре, бензинец е TSI ,а дизелот е TDI


Sent from my iPhone 8 Plus using Tapatalk
 
Член од
22 август 2016
Мислења
80
Поени од реакции
19
Кога ќе споредувате бензин вс. дизел колку коштал за одржување кажувајте кој бензинец и кој дизел.

Да не се зебаваме и ваму и таму може да натегне вагата зависи кој мотор вс. кој мотор ќе избереш.

Едно е сигурно, дизелите врват повеќе без отворање, горе долу за бензин 250 000 веќе е критична километража, особено за помалите мотори, за дизел не е ништо тоа. И сега што дека бензинот била нова колата кога тие 250 000 можат да се минат 6-7 години, имаш нова кола а уствари тубиче со масло треба да возиш во гепек и да дотураш редовно.


Ако сакаш да не се заебаваш со чекови, со ламбичиња и сл,. се одбира кола која што е што поедноставна и има што помалку електроника во нејзе. Нормално понова кола ќе вози потивко, помазно ама има и што да се расипе на нејзе и што да ти го испразни паричникот.

Не за џабе викаат дека најевтиниот мерцедес увек на крај најскап испаднува.
прашај ги таксистине у октавиите кај 1.4 бензин атмосферскиот дали 250 000 е критична километража...
 

argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.611
Поени од реакции
2.129
прашај ги таксистине у октавиите кај 1.4 бензин атмосферскиот дали 250 000 е критична километража...
Ти да ги прашаш тие со 1.9 тди колку имаат поминато во која било кола...сигурно тродупло повеќе него било кој 1.4 бензин.


Туку чекај нема повеќе дизели, корси 1.0 сите таксисти ќе возат оти по 5.5 литри безнин трошеле низ град. :pos::pos::pos:

Што ќе тие дизел на таква потрошувачка. :vozbud:
 
Член од
22 август 2016
Мислења
80
Поени од реакции
19
Ти да ги прашаш тие со 1.9 тди колку имаат поминато во која било кола...сигурно тродупло повеќе него било кој 1.4 бензин.


Туку чекај нема повеќе дизели, корси 1.0 сите таксисти ќе возат оти по 5.5 литри безнин трошеле низ град. :pos::pos::pos:

Што ќе тие дизел на таква потрошувачка. :vozbud:
бензинецот 1.4 на WV маана нема а тие со дизелите дур ги поминале тие километри смениле пет турба пет пати дизни десет греачи хахах
 

argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.611
Поени од реакции
2.129
Е стварно нема мана 1.4 бензинецот на VW, масло троши дури повеќе и од Опел. Кај го најде само тој мотор да го ставиш за репер за издржливост...
 
Член од
28 октомври 2019
Мислења
1.793
Поени од реакции
4.325
бензинецот 1.4 на WV маана нема а тие со дизелите дур ги поминале тие километри смениле пет турба пет пати дизни десет греачи хахах
мош и ремонт 3 пати напраиле
 
Член од
22 август 2016
Мислења
80
Поени од реакции
19
Е стварно нема мана 1.4 бензинецот на VW, масло троши дури повеќе и од Опел. Кај го најде само тој мотор да го ставиш за репер за издржливост...
прашај таксисти они ми се репер бар на нив не им се потребни коњи и магариња они бараат издржловост и економичност
 
Член од
8 јули 2017
Мислења
107
Поени од реакции
81
Е ова нема како да го видиме, двајца блиски другари имаа 147ца и 159ка и од нивното искуство би ја прескокнал алфа како бренд.
Може некоја и ќе се погоди, али на другариве колите им беа повеќе на сервис отколку дома (особено 147цата) така да не би се осудил да купам алфа (иако рака на срце, на изглед ми се едни од омилените возила, мн елегантни и фраерски возила, а и 159ката кај другаров беше змија брза и стартна).
хахаха цепки
Шала на страна, за бензин атмосферец да биде забавен за возење тогаш само 2000 кубици и нагоре и не зборам полуотепани мотори кој се возат на плин, туку чист бензин. Сосем друга приказна е колку и дали ќе ти исплати такво возило да го користиш секојдневно.
Дизелот со многу помалку трошкови ги дава тие перформанси а и ако тие спор многу полесно може да му се зголеми снагата преку чипување или ремап.
абе види, во лесна каросерија и помал мотор може да биде забавен за возење поготово ако менувачот има кратки преносни односи (пример пунто 1.2 спортинг), е сега поновиве коли што се многу потешки од нивните претходници а ги имаат истите мотори, тоа е друга приказна.
Overkill е 2.0 дизел за патничко возило, според мене. Треба да им се даде шанса на помали дизели да се развиваат, поефикасни се од бензинците, а се поеколошки од големите браќа, ама најверојатно ќе нема иднина за дизелите.
Додека постои можност за дизел би одбирал дизел. Работата на моторот ми е попогодена од бензинецот (прашање на вкус).
хмм зависи за која класа на кола се работи
бензинецот 1.4 на WV маана нема а тие со дизелите дур ги поминале тие километри смениле пет турба пет пати дизни десет греачи хахах
хахаха цепки 2
 

argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.611
Поени од реакции
2.129
абе види, во лесна каросерија и помал мотор може да биде забавен за возење поготово ако менувачот има кратки преносни односи (пример пунто 1.2 спортинг), е сега поновиве коли што се многу потешки од нивните претходници а ги имаат истите мотори, тоа е друга приказна.

ОК, јасно е тоа, на времето хонда цивик со 1.4 мотор и 90 коња беше поим за брза и стартна кола, не дека беше толку јак моторот ама туку дека беше ептен лесна некој 1000 кг дури можда и помалку.


Денес истиот бензинец не е ништо посебно, имаш забрзување 13-14 секунди до 100, едноставно денешните коли си бараат поголеми мотори зошто се потешки.
 
Член од
15 јануари 2015
Мислења
452
Поени од реакции
424
Абе не туку тропај зелени, 1.4 бензин на VW бил подобар од 1.9 тди и повеќе врвел километра без отворање, со лева да се крсти човек
Шала настрана одлични се Октавиите со МПИ мотор па со плин ке ги убиеш од возење.Јас барав сега да купам и ги нема за лек,само една излезе и вториот ден се продаде за околу 5000 и нешто евра 2008-9г. А за дизели отвори Реклама5 со лопати да ги ринеш,пазарот си го кажува своето.
Тезата ти дека бензинец мотор тешко врви после 200+ па троши масло не ти држи пошто знам од лично мое искуство и на мои блиски дека терат многу повеке.Имавме во наше друштво Рено Лагуна 1,8РТ 1998година со плин, донесена од Бугарија.Секојдневно се возеше низ Мк за настапи,квалитетно товарена со опрема а и другарите х 4 сите по минимум 100литри.Се продаде на другар и тој отепа од возење и најмалку 400000 км имаше во момент кога се продаде во Кочани на таксист.Никад никаков квар,не троши уље,мотор сув барут,никад не била на поголем сервис!
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.858
Поени од реакции
8.419
хахаха цепки

абе види, во лесна каросерија и помал мотор може да биде забавен за возење поготово ако менувачот има кратки преносни односи (пример пунто 1.2 спортинг), е сега поновиве коли што се многу потешки од нивните претходници а ги имаат истите мотори, тоа е друга приказна.

хмм зависи за која класа на кола се работи

хахаха цепки 2
Полесна и помала кола значи и помали гуми и помала стабилност на истата на кривини и има подолг траг на кочење, друг е моментот што на помалите коли како пунто, пежо 206, корса, на задните тркала имаш добоши место дискови ради економски причини, па ти види сеа колку е паметно да бараш забава со пунто 1.2, дрг момент е како ќе скока на дупките тоа мало количе и покрај новите амортизери.
Автоматски споено мислење:

ОК, јасно е тоа, на времето хонда цивик со 1.4 мотор и 90 коња беше поим за брза и стартна кола, не дека беше толку јак моторот ама туку дека беше ептен лесна некој 1000 кг дури можда и помалку.


Денес истиот бензинец не е ништо посебно, имаш забрзување 13-14 секунди до 100, едноставно денешните коли си бараат поголеми мотори зошто се потешки.
Денешните коли со даунсајзинг трендот се сите полесни во споредба пред 5 години. Имаш алуминиумски мотори, пластични крила, помали мотори со поголем вртежен момент, помали резервоари. У просек новите коли се со по 200 килограми полесни него пред 5 години.
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.830
Поени од реакции
2.922
Бензин е де, кој рече дека е дизел.
Па велиш ,спиете ли мирно дизелаши?

Според статистичка гледна точка , стотици ако не и илјадници дизели мотори тераат над повеќе милион километри поминати со редовно одржување ги има многу такви додека кај бензинците колку прсти да се бројат бидејќи бензинците не трпат повеќе од милиони километри тоа е факт


Sent from my iPad using Tapatalk
 

Kajgana Shop

На врв Bottom