Егоистичен до бескрај. Доколку не направат некој лек наскоро тука ќе биде полошо и од Њујорк јас гарантурам. И овој говернер на Флорида исти ташак како Трамп. Ало до вчера братот викаше немало да се воведува карантин и затвараат целосно ресторани и тоа за него не било паметно.
Па кај мене во заедницава дури синоќа ни го затворија базенот кој цело време беше полн со луѓе, а да напоменам дека секоја ебана заедница ги има над 1000 на местово каде што сум има базени и теретанички. Се игра голф и тенис од досада како да не виделе луѓе( и ја се ставам во овој кош).
Хотели повеќето отворени иако немаат многу луѓе.
Сите ресторани се отворени и работат само со храна за носење или достава.
До сеа до понеделникот не им текна да забранат доаѓање на Њујоркери и сега им текна да стопираат и коли и се откако пола Њујорк добега тука. Сообраќај исто така има доста и е доста раздвижено само не ми е јасно што прават толку луѓе и не гледаат што се дешава низ Европа и Њујорк моментално и како Куомо кука и бара помош од сите држави тука.
Една слика од пред неколку дена кога отидов да испазарам некои работи за дома на сред бел ден 12 попладне и температура од 32-33 степена. На сликава не се гледа има уште една редица од другата страна која чека во ред да влезе внатре.
Прегледај го приврзокот 242356
Изгледа од петок ќе се воведува целосен карантин и забрана за движење безвеза и затвараат ресторани и секакви активности.