Уууух, па да почнеме...
-Храбро срце, кога умира Мел Гибсон. Слабо се сеќавам на филмов, ама сценава ме растажува.
-Кој што сака нека збори за филмов, ама нема човек што нема пуштено солза на него.
“Титаник“, делот кога тоне бродот, а во една соба во трета класа, една мајка што не успеа да се спаси, знаејќи дека ќе умре, ги успиваше своите деца на креветот, им раскажуваше приказна... Кратка е сценава, ама ме убива
Плус и Џек кога пропаѓа во водата премрзнат.
-“The devil`s arithmetics“ мислам се викаше, кога се во логорот и Кирстен Данст ќе отиде во гасната комора наместо нејзината најдобра другарка... Уствари тој цел филм е тажен.
-"The little foot", ако го погодив името, еден цртан со диносауруси. Делот кога диносаурот Малото Стапало ќе ја изгуби мајка му, која ќе умре трудејќи се да го спаси од тираносаурусот.
-“Симба“, смртта на татко му. И кога му се појавува во ѕвездите и му зборува...
-"Requiem for a dream", целиот завршен дел. Сите тројца “јунаци“ завршуваат трагично- на Хари му ја ампутираат раката бидејќи фати гангрена од дрогирањето во вена, девојка му заврши како проститука на која и плаќаат со хероин, а црнецот во затвор, тресејќи се во криза... И во позадина музичето “Juice“...
-"The Texas chainsaw massacre“, болната смрт на тој плавиот другар на главната типка... Им ги заборавив имињата... На типот му беше отсечена ногата, беше закачен на кука која му беше забиена во кожа, и ја молеше другарка му да пука во него за да му ги скрати маките...
-"million dollar baby", кога тренерот ја “успива“ Хилари Свонк.
-“Лост“, 3та сезона, кога Sawyer мисли дека има вградено апарат во срцето, што не му дозволува да се возбуди... И кога ќе дојде чуварот, ќе почне да го тепа, го лепи на решетките на кафезот на Кејт, и ја прашува бесно: "Do you love him? Do you love him?!" И оваа ќе рече "yes", демек за да го спаси, и чуварот ќе го фрли Соер на земја претепан... И музиката... Не да не го објаснив, ама нема врска, тие што го гледале знаат.
-“Армагедон“, збогувањето на Лив и Брус Вилис. Како и сцената кога Вилис ќе се симне доле да остане на астероидот, наместо дечкото на ќерка му...
Ако ми текнат други ќе допишам. Јаоооо, ама сум била сентиментална.