- Член од
- 21 ноември 2007
- Мислења
- 10.727
- Поени од реакции
- 9.458
Ги следев извештаите од ИЈЗ. До 29.03 тестирани се вкупно 3.126 материјали од кои 285 позитивни, а во изминатите 11 дена во просек дневно се тестираат по околу 250 примероци и има во просек по 22/23 позитивни случаи.
И ако се продолжи по истиот тренд на тестирања, може и да се очекува стабилен тренд на позитивни случаи кои ќе го одржуваат просекот со мало отстапување.
Потребата да ги разгледам извештите ме натера по оваа, можам да ја кажам и несреќна изјава на Филипче:
„Иако сѐ уште е рано било што да заклучуваме, линеарниот раст на заболени во последните 15 дена охрабрува. Имаме број на заболени приближно еднаков секој ден. Ова беше нашата цел од самиот почеток, со ваков тренд нашиот здравствен систем ќе може да ги опслужи граѓаните и добро да се справи со коронавирусот. Пикот на епидемијата допрва доаѓа и сега е потребно сите да останеме дисциплинирани и да ги следиме без исклучок мерките и препораките.“
Има линеарен раст на заболени, на мал примерок тестови. 250 тестови во просек дневно во изминатите 11 дена се според мене мал примерок затоа што од тие 250 тестови, не мора да значи дека сите примероци се во сооднос 1:1 (1 тест:1 лице), туку можно е кај исто лице да се прават и 2+ тестови. Овде ја гледам само желбата на министерот да тера ПР со тоа што се гледа намера на одржување на трендот на заболени и да се шминка преку тестирање на мали примероци, но таа слика е далеку од реалноста и ќе ни се случуваат смртни случаи на лица кои воопшто не се тестирани, па по нивната смрт е откриено дека биле позитивни. Логички е дека овој тренд ќе се одржува ако се продолжи со истата динамика на тестови и ќе глумиме дека држиме се под контрола, ама не е така...
Доколку се зголеми драстично бројот на тестови, поготово во оние региони каде има сериозен број на повратници...за жал растот на заболени може значително да забрза и да пукне и поголема бројка па потоа со поголема паника ќе може да настане поголем колапс на здравствениот систем кој и онака е на стаклени нозе. Затоа нека си ја фатат работата како што треба зошто цел регион е во фаза на сериозна бројка на тестирани лица, а ние длабоко заостануваме.