Коронавирус (COVID-19)

Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.740
Поени од реакции
9.496
Ги следев извештаите од ИЈЗ. До 29.03 тестирани се вкупно 3.126 материјали од кои 285 позитивни, а во изминатите 11 дена во просек дневно се тестираат по околу 250 примероци и има во просек по 22/23 позитивни случаи.
И ако се продолжи по истиот тренд на тестирања, може и да се очекува стабилен тренд на позитивни случаи кои ќе го одржуваат просекот со мало отстапување.

Потребата да ги разгледам извештите ме натера по оваа, можам да ја кажам и несреќна изјава на Филипче:
„Иако сѐ уште е рано било што да заклучуваме, линеарниот раст на заболени во последните 15 дена охрабрува. Имаме број на заболени приближно еднаков секој ден. Ова беше нашата цел од самиот почеток, со ваков тренд нашиот здравствен систем ќе може да ги опслужи граѓаните и добро да се справи со коронавирусот. Пикот на епидемијата допрва доаѓа и сега е потребно сите да останеме дисциплинирани и да ги следиме без исклучок мерките и препораките.“

Има линеарен раст на заболени, на мал примерок тестови. 250 тестови во просек дневно во изминатите 11 дена се според мене мал примерок затоа што од тие 250 тестови, не мора да значи дека сите примероци се во сооднос 1:1 (1 тест:1 лице), туку можно е кај исто лице да се прават и 2+ тестови. Овде ја гледам само желбата на министерот да тера ПР со тоа што се гледа намера на одржување на трендот на заболени и да се шминка преку тестирање на мали примероци, но таа слика е далеку од реалноста и ќе ни се случуваат смртни случаи на лица кои воопшто не се тестирани, па по нивната смрт е откриено дека биле позитивни. Логички е дека овој тренд ќе се одржува ако се продолжи со истата динамика на тестови и ќе глумиме дека држиме се под контрола, ама не е така...

Доколку се зголеми драстично бројот на тестови, поготово во оние региони каде има сериозен број на повратници...за жал растот на заболени може значително да забрза и да пукне и поголема бројка па потоа со поголема паника ќе може да настане поголем колапс на здравствениот систем кој и онака е на стаклени нозе. Затоа нека си ја фатат работата како што треба зошто цел регион е во фаза на сериозна бројка на тестирани лица, а ние длабоко заостануваме.
 
M

Macedon1um

Гостин
Таа сиромаштија што ќе следи е ништо у споредба со тоа претходно. Сиромаштија кај нас е да немаш за кафе и одмор, а не да немаш да јадеш.
Не претерувајте со прогнозниве за толку црни сценарија, цел свет е во иста каша не е само ситуацијава кај нас. А Македонците како народ генерално се доста жилав, поминале низ се и сешто а и голем дел и денес живеат со минимални средства - така да не се секирајте никој не умрел ниту ќе умре за јадење во Македонија.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Денес ќе се гласа дали ќе биде 24/7 карантин дома за од 4 април до крајот на месецот. Се очекува да биде изгласано.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.701
Поени од реакции
19.005
А демек сезонскиот грип трае цела година, сигурно знаеш зошто е наречен сезонски, нели?
На крај секој ќе си верува во што сака, оние кои мислат дека навистина ако нема полициски час ќе ни ја збрише нацијата и нека паничарат и нека се молат да не закачат нешто друго од страв. Другите ќе бидат порелакс се додека не не сјебе сиромаштијата која ќе следува од мерките за неработење на се живо и диво. Спасувајќи можеби 1000 жители од критичната полулација ќе страдаат после сите 2 милиони. Богатите и нема да почуствуваат многу ама и тие малку што спаѓаа во средна класа ќе ги снема и ќе завладее сиромаштија па луѓето ќе си умираат како од шега од нервози.
Сезонскиот грип не трае два месеци, а ако продолжи вака овој вирус бројките ќе бидат стравични, пази во карантин е пола свет и пак се бројките застрашувачки
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.314
Поени од реакции
18.391
Не претерувајте со прогнозниве за толку црни сценарија, цел свет е во иста каша не е само ситуацијава кај нас. А Македонците како народ генерално се доста жилав, поминале низ се и сешто а и голем дел и денес живеат со минимални средства - така да не се секирајте никој не умрел ниту ќе умре за јадење во Македонија.
Чисто реплицирав на тоа дека Македонците биле навикнати на леб и сол па сеа немало гајле од кризава. Баба ми преживеала светска војна и не е навикната на леб и сол, а не па новиве генерации што побудалеа на кафе дека не можат да искочат.
Ќе има големи последици од кризата, се умира и од нервоза ако не можеш сметки да платиш и ако немаш за лекови. Да ова е глобален проблем ама поверојатно ми е кај нас да се деси хаос него у Германија.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.701
Поени од реакции
19.005
Што мислеш колку животи се спасија, не могу, можда се продолжил животот на мал декл, ама проблемите допрва почнуваат, што значи за да се спаси одреден дел, ќе се загуби поголем дел.

Запамти го ова и потсети се за година дена ќе видеш дека нема да биде далеку од вистината.
Алоо никој не вика дека карантинот е лек и дека ќе ја снема короната по еден месец,карантинот е мерка за да не се шири вирусот експоненцијално за да не ни колабира системот во здравството, погледни во Италија шо им се случи што не реагираа на време, погледни во Шпанија, ние со 100 души заразени се блокиравме на клиники,умираат пациенти оти не им се пружа соодветна помош а не пак 1000 души на еднаш.
Италија ако воведеа карантин на време клиниките немаше да се преполнат, исто е 300 души денот да се пријават на клиника и 3000 ?
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.314
Поени од реакции
18.391
Ги следев извештаите од ИЈЗ. До 29.03 тестирани се вкупно 3.126 материјали од кои 285 позитивни, а во изминатите 11 дена во просек дневно се тестираат по околу 250 примероци и има во просек по 22/23 позитивни случаи.
И ако се продолжи по истиот тренд на тестирања, може и да се очекува стабилен тренд на позитивни случаи кои ќе го одржуваат просекот со мало отстапување.

Потребата да ги разгледам извештите ме натера по оваа, можам да ја кажам и несреќна изјава на Филипче:
„Иако сѐ уште е рано било што да заклучуваме, линеарниот раст на заболени во последните 15 дена охрабрува. Имаме број на заболени приближно еднаков секој ден. Ова беше нашата цел од самиот почеток, со ваков тренд нашиот здравствен систем ќе може да ги опслужи граѓаните и добро да се справи со коронавирусот. Пикот на епидемијата допрва доаѓа и сега е потребно сите да останеме дисциплинирани и да ги следиме без исклучок мерките и препораките.“

Има линеарен раст на заболени, на мал примерок тестови. 250 тестови во просек дневно во изминатите 11 дена се според мене мал примерок затоа што од тие 250 тестови, не мора да значи дека сите примероци се во сооднос 1:1 (1 тест:1 лице), туку можно е кај исто лице да се прават и 2+ тестови. Овде ја гледам само желбата на министерот да тера ПР со тоа што се гледа намера на одржување на трендот на заболени и да се шминка преку тестирање на мали примероци, но таа слика е далеку од реалноста и ќе ни се случуваат смртни случаи на лица кои воопшто не се тестирани, па по нивната смрт е откриено дека биле позитивни. Логички е дека овој тренд ќе се одржува ако се продолжи со истата динамика на тестови и ќе глумиме дека држиме се под контрола, ама не е така...

Доколку се зголеми драстично бројот на тестови, поготово во оние региони каде има сериозен број на повратници...за жал растот на заболени може значително да забрза и да пукне и поголема бројка па потоа со поголема паника ќе може да настане поголем колапс на здравствениот систем кој и онака е на стаклени нозе. Затоа нека си ја фатат работата како што треба зошто цел регион е во фаза на сериозна бројка на тестирани лица, а ние длабоко заостануваме.
Правиш линеарен број на тестови, добиваш линеарен број на заболени. Win win :icon_lol:
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.701
Поени од реакции
19.005
Чисто реплицирав на тоа дека Македонците биле навикнати на леб и сол па сеа немало гајле од кризава. Баба ми преживеала светска војна и не е навикната на леб и сол, а не па новиве генерации што побудалеа на кафе дека не можат да искочат.
Ќе има големи последици од кризата, се умира и од нервоза ако не можеш сметки да платиш и ако немаш за лекови. Да ова е глобален проблем ама поверојатно ми е кај нас да се деси хаос него у Германија.
Нека му ја мислат тие кои се учени на луксуз,тие се најгласни за кризата која следи. Не е лесно од коњ на магаре да падниш
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967

Не станува тука збор за луксузирање него за бизниси кои се градени со години, да не кажам децении на легален и чист начин (да има и такви) кои можеби ќе пропаднат а од тие бизниси се хранат многу семејства. Така да тезава дека тие се најгласни за кризатата ти е промашена ко трансферот на Кутињо у Барса.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.701
Поени од реакции
19.005
Денес ќе се гласа дали ќе биде 24/7 карантин дома за од 4 април до крајот на месецот. Се очекува да биде изгласано.
Сееиозно ова, неможам вести да уклучам дома ...
 
Член од
19 февруари 2011
Мислења
572
Поени од реакции
687
Сезонскиот грип не трае два месеци, а ако продолжи вака овој вирус бројките ќе бидат стравични, пази во карантин е пола свет и пак се бројките застрашувачки
Да, не трае 2 месеци бидејќи трае помалку од 2 месеци. затоа и се вика сезонски оти се јавува во одредена сезона од годината.
Што ти значи кога ќе ти го втераат стравот во коски. И не велам дека не е опасен , само дека не е опасен за повеќето и дека и со мерки и без мерки разликата ќе беше мала.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.314
Поени од реакции
18.391
Нека му ја мислат тие кои се учени на луксуз,тие се најгласни за кризата која следи. Не е лесно од коњ на магаре да падниш
Само што не функционира светот така. Да парафразирам, тие што се на коњ може ќе паднат на магаре, ама тие што се веќе на магаре ќе треснат на земја.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.701
Поени од реакции
19.005
Не станува тука збор за луксузирање него за бизниси кои се градени со години, да не кажам децении на легален и чист начин (да има и такви) кои можеби ќе пропаднат а од тие бизниси се хранат многу семејства. Така да тезава дека тие се најгласни за кризатата ти е промашена ко трансферот на Кутињо у Барса.
Јас кажувам од шо слушам, не слушнав никој сиромашен да се пожали.
Инаку јасно ми е дека има и такви фирми кои ќе го кркаат,поготово на кредити што е пола држава
Автоматски споено мислење:

Да, не трае 2 месеци бидејќи трае помалку од 2 месеци. затоа и се вика сезонски оти се јавува во одредена сезона од годината.
Што ти значи кога ќе ти го втераат стравот во коски. И не велам дека не е опасен , само дека не е опасен за повеќето и дека и со мерки и без мерки разликата ќе беше мала.
Аха,сигурно, ме убеди дека со карантин и без карантин исто е,ти пишав погоре кои се резултатите од навремен карантин, ама ај да почекаме па ќе видиме конечни резултати
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Јас кажувам од шо слушам, не слушнав никој сиромашен да се пожали.
Инаку јасно ми е дека има и такви фирми кои ќе го кркаат,поготово на кредити што е пола држава
Ти и сама кажа дека месец дена од дома немаш излезено, така да не знам од каде и би слушнала, доколку си во можност.
Еве татко ми има книговотствено биро и го слушам што збори со неговите странки постојано, на каква тематика разглабаат и размислуваат како да го поминат периодов.
 
M

Macedon1um

Гостин
Чисто реплицирав на тоа дека Македонците биле навикнати на леб и сол па сеа немало гајле од кризава. Баба ми преживеала светска војна и не е навикната на леб и сол, а не па новиве генерации што побудалеа на кафе дека не можат да искочат.
Ќе има големи последици од кризата, се умира и од нервоза ако не можеш сметки да платиш и ако немаш за лекови. Да ова е глобален проблем ама поверојатно ми е кај нас да се деси хаос него у Германија.
Друго ми беше и мене поентата, ние сме поскромни како народ и полесно ќе ја истуркаме работата споредбено со западњациве што не виделе такви кризи/транзиции и сл работи. Пример во Франција имаше статистика пред ова дека секој втор ден по еден фармер се самоубива, замисли при такви многу подобри услови со нас да кренеш рака на себе. А нашиве земјоделци цел живот со еден куп проблеми, ниски цени па ете ги пак си тераат како-така не се откажуваат лесно

Илузорно е да да е дискутира за економија во ситуацијава, освен ако не сме спремни да жртвуваме 10-15.000 постари луѓе (јас не би бил за таа варијанта во никој случај) за ние останатите да живееме, мада гледаме дека и младите не се поштедени од ситуацијава како што се очекуваше

Не станува тука збор за луксузирање него за бизниси кои се градени со години, да не кажам децении на легален и чист начин (да има и такви) кои можеби ќе пропаднат а од тие бизниси се хранат многу семејства. Така да тезава дека тие се најгласни за кризатата ти е промашена ко трансферот на Кутињо у Барса.
Се што е пропаднато може да се рестартира кога ќе се подобри ситуацијата, битно е тие што ги водат бизнисите да се живи и здрави
 
Kajgana Shop

На врв Bottom