Коронавирус (COVID-19)

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
За секој случај на корона се прави мапирање - прво со прости прашања, беше некаде, од каде си вратен, контакт со странец, наброј ги сите со кои што си имал социјална интеракција, дали сумљаш во некого итн, тоа може зема време ама пак да не беше мапирањето сега ќе бевме за греота. Виделе може дека не им штима приказната и ајт, мислам дека дополнително поли вода во маслото однесувањето на госпожата на ФБ каде што ги напаѓаше сите.

На линкон од телма пишува дека излажал малиот дека не бил на пат и мајката за гостите, еве и @Saber Rider вика дека никој во фирмата не ги видел тн гости.
Па и со електронска евиденција на граница веројатно е многу лесно да се дознае. Ама многу време им требало. Тој го има цел Карпош испозаразено до сега. Глупи луѓе....мене како ликови ми се познати, а и гледам дека имаме заеднички пријатели, познаници. Сега гледам тој си го исклучил профилот. Веројатно го нападнале од сите страни.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.434
Поени од реакции
11.352
Уште колку има вакви приказни за кои доправа ќе се дознава вистината и ќе си добијат кривични за лажни обвинувања.

Кој од гости од Србија, кој од пациентка.

Они никаде немаат патувано. :pos:


Sent from my Mi A1 using Tapatalk
кој од продуктите од маркет


Sent from my iPhone using Tapatalk
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.455
Поени од реакции
87.228
Цаца пуштена на домашно лекување
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.318
Поени од реакции
15.571
Сигурно е точно, за жал таа 2 неделна инкубација и те како влијае на целиот хаос, а секако и на овие мерки.
Како што пишав веќе еднаш, тие што имале бизнис партнери од Србија и што се заразиле во време кога таму имаше мал број заразени, која е веројатноста?
Голема.
Затоа што, бројот на заразени е пута десет, отприлика и тоа колку биле заразени во еден момент би се дознало околу две недели после тој момент.
@Beric Dondarrion сепак не била голема веројатноста а?
Искрено ни ја не верував дека лажеле, мислам не е чудно за Македонија ама па инфото плус од фирмата ми го потврдија луѓе, па не се ни посомневав.
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.204
Сега кога се појавија веќе 10тина кои излажале,од докторкана па се до овие енергосистеми пошто за жал не може преки суд јас би вовел конфискација на имот,да просат до крај на живот се да им ебам и мртво и живо
 

chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.296
Поени од реакции
13.176
@Saber Rider што испадна со тестовите, како си.
Исто и @chef_cook знам дека пиша дека си позитивен, гледам пишуваш на темава, се надевам дека си ок, ако не ти е проблем напиши ни како со бориш со изолацијата и карантинот.
чекам резултати од вториот тест.
моментално 3:1 у полза на карантинот! никако не се борам )))
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Со оглед дека е од Вечер и непотврдено уште, информација земена со резерва...

Едит: еве и од Фокус
 
Последно уредено:
Член од
2 септември 2013
Мислења
257
Поени од реакции
238
Не крие ништо тој, исконтактира со сите телефонски откако ги добил резултатите, објави и на фејсбук сместа, нема што да лаже, тука работи, тренер е, фатил од некаде нешто што на секој може да му се случи денес колку и да пази, не дека дојде у земјава од странство па криел. Среќа се тестирал после поблаги симптоми, нешто што многумина го игнорираат мислејќи дека е обичен грип. Се зарази кога веќе беше јасно дека во Скопје има локална трансмисија, истово важи и за младиот дечко што почина.
На претходните страни напиша дека починатиот дечко лесна му земја дека пред 10 дена како извор можно е да закачил вирус. Со сигурност ли е веста дека не патувал, шетаќ.. значи ако толку лесно се пренесува те тера на тераса да не излезеш а камоли до продавница. Исто така за дсчкото од куманово не беше образложено како се инфицирал. Поентата ми е мора да постои друга причина бидејќи ако трансмисијата е толку лесна тогаш сите ќе го прележиме.
 
Последно уредено:
Член од
17 јануари 2018
Мислења
124
Поени од реакции
111
На претходните страни напиша дека починатиот дечко лесна му земја дека пред 10 дена како извор можно е да закачил вирус. Со сигурност ли е веста дека не патувал, шетаќ.. значи ако толку лесно се пренесува те тера на тераса да не излезеш а камоли до продавница. Исто така за дсчкото од куманово не беше образложено како се инфицирал. Поентата ми е мора да постои друга причина бидејќи ако трансмисијата е толку лесна тогаш сите ќе го прележаме.
Некаде прочитав дека од 66% до 78% од населението ќе го прележи овој вирус. Околку 4-5 % ќе починат, а 20% нема ни да приметат дека го имаат. Затоа и мислам дека е во право една наша докторка кога кажа дека ова затворање т.е полициски час и самоизолација ( седи дома) е со цел да се одложува поради капацитетите и спремноста на болниците. Се додека не се пронајде вакцина.
Исто така мислам дека по втор пат не може да заболиш од корона,туку оние коие мислат декапо втор пат се заболени ( во кина), веројатно имаат сезонски грип или нешто друго.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.510
Поени од реакции
18.771
И за на Таше синот се вртат муабети низ Битола дека бил Копаоник, е сега ваљда не е до толку Христијан ненормален да лажи дека не бил кога ќе се дознае за кратко време,ама со оглед на репутацијата која ја имаат можи да заташкаат, инаку Плодност не е заебанција.
 

Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.753
Поени од реакции
8.846
И за на Таше синот се вртат муабети низ Битола дека бил Копаоник, е сега ваљда не е до толку Христијан ненормален да лажи дека не бил кога ќе се дознае за кратко време,ама со оглед на репутацијата која ја имаат можи да заташкаат, инаку Плодност не е заебанција.
Можи шо сакаат да пишат за чоекот и за Таше..вакви такви онакви ама сепак тој беше свесен и се тестирал како доктор...шо да речиме за многу други што се заболени и што седат дома и не се тестираат?...ем нивниот живот го ставаат во ризик,ем на нивните блиски...седат дома и пијат парацецтамоли надевајќи се дека немаат корона....сигурно има многу појќе заболени.
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.338
Шпанија 7800 нови и 913 починати, ќе ја надминат Италија како што ми изгледа. Пополека и Франција иде натаму, а и Германија прв пат денеска иде со над 100 смртни случаи.
 
Член од
31 март 2008
Мислења
2.572
Поени од реакции
1.864
Поради тоа што една од главните причини за смрт особено кај помлади и поздрави луѓе е поради преголема реакција од самиот наш имун систем односно од таканаречена цитокинска бура при што се намалува внесот на воздух и белите дробови се полнат со вода и пациентот практично се дави, затоа понекогаш се даваат имуносупресанти.
Blagodaram za ova, jas primam imunosupresiv radi kronova bolest
 

Kajgana Shop

На врв Bottom