Lester Freamon
A man of focus, commitment, sheer will...
- Член од
- 14 јануари 2015
- Мислења
- 16.238
- Поени од реакции
- 36.512
Искрено повеќе го почитувам неговото мислење од докторска гледна точка како интернист, отколку на сите експерти на форумов.Ок нека даде сега доктор Клаус, колку од грипосаните примаат правилна терапија, или не примаат екстремна терапија, па да извадиме статистика. Мене ми е BS муабетот дека ако некој претходно имал астма на пример, дека не умрел од корона него од астма, па ако не фател корона можеби уште 15 години ќе живеел. А тврдењето дека секако ќе умреле за 2-3 месеци е уште поголема глупост, за тоа нити има принесено доказ, нити статистика нити изјавено на што ја базира таа хипотеза, замерките кои ги наброја како фактор не може да придонесат за 30x зголемен морталитет, како и да гледаме.
Околу статистиката, не треба тој да ти даде статистика, туку надлежните институции во сите држави да објават детална статистика (која во денешно време со толку алатки на дофат и развиена data science требаше и да ја има до сега). Поделби по возраст, од што боледуваат, колку од нив се на други лекарства, колку од нив се пушачи, зависници од тешки или лесни дроги, хронично болни, автоимуни болести (кои ги имаш на претек во последно време) и тн, а потоа врз база на оваа аналитика да имаме графици и процент на смртност кај млади и здрави особи, кај средновечни и здрави особи, кај стари и здрави особи и процент на смртност по категории во зависност од типот на заболување и тн.
Моменталнава статистика која се шири по интернет е еднаква на келнерска математика направена на парагон блокче и само се фрлаат бројки од ракав за заболени, смртност, излечени, задржување на вирусот врз предмети, задржување на вирусот во воздух и тн (ова е толку релативна работа, лабораториски услови, температура на воздух, влажност на воздух, притисок и тн се милион фактори кои влијаат).
Битно е зошто никој не ги објавува тие бројки, колку и да е хаос таму каде што се заболените, секоја држава си има експерти за овие теми кои треба да ги прават овие анализи.
Факт е дека вирусот е страшен, факт е дека е лесно пренослив и со повисока смртност од обичниот грип, но целиот овој хаос може да се организира многу поинаку и да помине со помали последици економијата во сите држави, т.е кога имаш анализа кои групи се најкритични ги изолираш нив надвор од останатите во тотален карантин каде нема шанса да ги фати и само така може да ги спасиш (спречуваш, не лекуваш), а останатите функционираат со претпазливост и во што е можно понормален начин на живот, тие што ќе имаат потешки симптоми ги лекуваш од тие групи (али тие здравите имаш можност да ги лекуваш и со посилни лекови и да преживеат).