Пошто не сум стручњак,можда ќе ти звучи лаички,ама ме интересира дали овие два лека кои се антивирозни и се во тек на испитување во Авсрија би можеле да ги ублажат сиптомите од Ковидот?И дали тоа ќе значи колку толку релаксирање на изолацијава?
Не сум експерт ниту јас. Од она што го знам, можам мислење да дадам. За кетоналот и парацетамолот можам да зборам, затоа што сум користела при силни болки, и тоа интра мускулно, мада сепак исти ефекти има. И потоа си научив да трпам болка. Имам дискус хернија граде 3, и кога ќе фати боли многу. Да не одм офф топик, и од знаењето, ради шо сум го администрирала на пациенти.
Парацетамолот веќе го употребуваат сите за ублажување симптоми. Со вакви лекови се лечат симптоми. Не може да се лечи вирус.
Дур можам да речам, сепак мислење е, за вирус нема лек. Ќе лечиш симптоми.
Вакцина е друго, и се сомневам дека во вакцина би ги уптребиле овие стрикно два лекови. Ќе користат антивирал, и нешто друго.
Да, ублажуваат симптоми, кај вирус со овие лекови лечиш симптоми, значи не ја лечиш болеста. Но сепак не треба да се лапаат како да си рокстар.
Особено Кетопрофенот, и слични на кетопрофен (диклофенак, ибупрофен..)
За парацетамолот нема да коментирам многу, поблага верзија е, може да се зема, ама сепак не во големи дози, или оти ти текнало.
Секој лек било каков, не се зема на своја рака, ниту во преголеми дози, предизвикува првично толеранција, шо значи ако ако си земал цела недела кетонал по едно апче пример, организмот ствара толеранција на лекот, и за да постигнеш ефект наредна недела ќе ти требаат две апчиња, трета три, итн.. Прост пример го зедов кетоналот.
Лекови кои најмногу ствараат толеранција, и ако ги земаш долго, и во високи дози се секако бензодиазепините, кои предизвикуваат зависност многу лесно.
Се надевам дека добро се изјаснив. Треба да ја отворам тетратката за фармакологија