Коронавирус (COVID-19)

Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.274
Поени од реакции
15.396
Za SAD najkriv e Tramp što dozvoli da eskalira virusot....
I nemu( kako i na Vučić) sega im se udira od glava
 

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.606
Поени од реакции
17.440
We update the numbers several times a day - and have to report more and more people infected: the mark of 40,000 cases has now been exceeded for the first time. More and more corona deaths are reported, their number increases to 230 (as of March 26, 4:30 p.m.).

According to Professor Lothar Wieler, head of the Robert Koch Institute, the average age of those infected is 45 and that of the deceased is 81. The youngest victim was 54 years old, the oldest 100.

However, several thousand people in Germany are healthy again! "We estimate that at least 5,900 people have recovered in the meantime," said Wieler in Berlin on Thursday.
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.818
Поени од реакции
10.171
Катастрофални бројки денес за нови случаи скоро секаде (Италија, САД, Германија, Шпанија). Се надеваа Германците дека ја исправиле кривата претходните денови ама ова не мириса на арно...ќе не дупи уште долго срањево, аман.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.320
Поени од реакции
15.571
Систина со овие тестови повеќе лошо од добро ќе направат, ај што и другите тестови не се 100% точно, овие се уште помалце и може лажно да пријават голем број заразени. Ова мислам дека требаше да биде спречено од МЗ.
 
S

ski

Гостин
Има ли информации од кои општини во Скопје се тие 123 позитивни на ковид-19?
 
Член од
15 јануари 2020
Мислења
27
Поени од реакции
14
Наш доктор инфектологда подкажи нешто.
Стара школа.
Oвој дипломата не ја земал на Штулов, а и не се вработил преку партија.
Друга држава го произвела.
Можеш насловот да го земеш од двете видеа

Одличен доктор ... со интегритет знаење, а не мерките против народот што допрва ќе се заоструваат
Паниката е огромна заради долгиот период на инкубација. Затоа и се шири толку брзо. И затоа ги пустоши медицинските капацитети на државите.

Ама тоа не значи дека ако некој се зарази дека ќе треба да се опростуваме од него веднаш, и да правиме хистерија од паниката. Веројатноста дека ако се заразиме нема да имаме посериозни проблеми е огромна. Исто како што е огромна веројатноста дека ќе се заразиме.
Од што да се заразиме? Ние сме заразени оддамна
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.274
Поени од реакции
15.396
Систина со овие тестови повеќе лошо од добро ќе направат, ај што и другите тестови не се 100% точно, овие се уште помалце и може лажно да пријават голем број заразени. Ова мислам дека требаше да биде спречено од МЗ.
Tie se falat so visoka preciznost( koj znae postručno-neka objasni)

,,Тестот кој се користи е високопрецизен брз хроматографски тест за детекција на IgG и IgM антителата кои се создаваат од коронавирусот (COVID-19).
Комбинираната употреба на IgG и IgM тестот може ефикасно да детектира присуство на вирусната инфекција или претходен контакт со вирусната инфекција преку имунолошкиот статус на телото.
Овој тест, како нов производ на пазарот, сега се користи речиси во сите болници во Велика Британија, САД, Полска, Србија, Турција, Италија и други земји зафатени од пандемијата на коронавирусот. Научниците го тестирале првично во градот Вухан, во Институтот за вируси во Кина, каде што се потврдил како еден од најефикасните и најбрзи методи за детекција на коронавирусот.
Тестирањето е преку земање примерок од крв, а процедурата на тестирање не трае подолго од 10 минути. Примероците за тестирање на Ковид-19 се земаат во специјален пункт што е целосно одделен од останатиот дел од болницата со цел максимална безбедност и заштита.
,,Аџибадем Систина’’ има капацитети за вршење на 300 тестови дневно, а моментално има набавено иницијална количина од 15.000 тестови. Цената на тестирање изнесува 1.200 денари.
Работното време на пунктот за тестирање е од 8:00 до 15:00 часот секој работен ден во неделата вклучувајќи ги и викендите.
Резултатите од тестот се брзи, ефикасни и прецизни со точност повеќе од 92.9% и истите се добиваат два часа по тестирањето на претходно доставената е-маил адреса,,
 
Член од
15 јануари 2020
Мислења
27
Поени од реакции
14
Ок, делумно се согласувам со некои од вас. Значи, факт е дека паничењето и хистеријата која се крева до плафон, нема да му помогне никому, но исто така нема да помогне ниту ноншалантноста и одрекувањето дека корона вирусот е сосема различен од инфлуенца вирусот (грип).

Која е разлика меѓу коронавирусот и грипот?

За почеток, за корона вирусот нема вакцина и нема ни да има во наредните неколку месеци или година. Луѓето немаат развиено имунитет за вирусот, па научниците се плашат дека истиот тој може да мутира. Од друга страна, за грипот секоја година има вакцина која се препорачува за лица над 65 години, хронично болни, бремени жени и здравствени работници. Кога во општетството има доволен број на лица кои се имуни на вирусот, на тој начин се штитат и лицата кои немаат имунитет за истиот (имунитет на стадо).

Уште една причина зошто не треба да се споредува е фактот дека инфлуенца вирусот го има повеќе од 2000 години уште од самите почетоци на модерната медицина. Логично е луѓето за толкав временски период да имаат развиено природен одбранбен механизам против истиот. Од друга страна пак, корона вирусот е присутен 3-4 месеци, многу непознат, а бројките кажуваат колку е истиот агресивен.

Разлика има и во периодот на инкубација. Додека кај грипот, периодот на инкубација е околу 2 дена. Кај корона вирусот е 2-14 дена. Тоа овозможува рапидно ширење на вирусот. И додека болен од грип вирусот го пренесува на една друга личност, која потоа го пренесува на друга личност, па другата личност го пренесува на трета личност....кај корона вирусот една личност го пренесува вирусот на три други личности, тие три други го пренесуваат на девет други, тие девет други на 27 други....итн, се до неголед.

Однесувањето на вирусот може да биде различно во различни делови од светот. Улога имаат и околностите. Дисциплината на народот, наравот и тоа колку често луѓето стапуваат во контакт и слично. Германците се познати како ладен и дисциплиниран народ, за разлика од Италијанците, чиј што менталитет е сосема поинаков. Шармантни, дружељубиви, бунтовни. Улога има и густината на населеноста.

Која е сличноста меѓу корона вирусот и грипот?

Секако дека постојат и сличности. Двата вируси не се третираат со антибиотици (Нормално, со оглед на тоа што станува збор за вируси. Пред да ме цитирате како сега ќе се третира коронавирусот со сумамед, да ви кажам дека можеби токму комбинацијата од сумамед и антималарикот овзможува инхибиција на репликацијата на вирусот, што секако претставува основа за создавање лек за вирусот).

Сличности постојат и во симптоматологијата. Двата вируси предизвикуваат респираторна болест која се манифестира, со кашлица, температура, замор, болка во мускулите, а кај некои случаи има и ГИТ симптоми како што се гадење, повраќање и дијареа.

Двата вируси може да се пренесуваат преку флигеови капки, односно со кашлање и кивање, како и последователна инокулација во назалната слузница и коњуктивата.
Највеќе ме загрижува бројот на мртви, пошто како жената во Куманово, најверојатно сегде има популација што се пријавува после смртта.

Бројот на мртви се дуплира за 6 дена, а и тоа има растечка тенденција... ако продолжи со вакво темпо, ќе се бројат милиони жртви...

кривата на откриени заболени е иста со таа на умрени лица.... што е речиси невозможно поготово во САД, каде што пред некој ден немаше толку потврдени случаи колку што има мртви... тоа значи дека бројот на реално заболени е најмалку 10 пати поголем, а според некои естимации до 50 пати.... а со тоа и бројот на новозаразени...

како и да е, цело човештво е затекнато од болеста.... а највеќе го наебуваат тие што најраскалашени..... сега за сега..
Жената од Куманово е тек почеток... 1000-2000 е секојагодишна бројка. Ако биде 1% од населениие тогаш пресметајте
 

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.740
Според движењето на новите случаи очекувам дека брзо ќе ги стигнеме тие предвидени 2000 заболени.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.033
Поени од реакции
83.466
Според движењето на новите случаи очекувам дека брзо ќе ги стигнеме тие предвидени 2000 заболени.
Нема везе, можат со помалку тестирање да напраат таа бројка од 2000 поспоро да дојде.
Исто како што се решава проблемот на аерозагадување со расипување на мерните станици.
 

Annik Honoré

In Floyd I trust!
Член од
29 септември 2014
Мислења
538
Поени од реакции
1.484
Систина со овие тестови повеќе лошо од добро ќе направат, ај што и другите тестови не се 100% точно, овие се уште помалце и може лажно да пријават голем број заразени. Ова мислам дека требаше да биде спречено од МЗ.
И да пријават, пак во ИЈЗ ги тестираат одново така да не може систина ништо лошо да напраи со тестовите.

Исто и со Жан е, ако е позитивен, ре-тест им прават од ИЈЗ, не ги признаваат резултатите ниту од Жан Митрев, а нема ни од Систина.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Да видиме дали овој е нормален или е уште еден пролупан доктор:

 

Kajgana Shop

На врв Bottom