Епа ако е таква ситуацијата зошто тогаш воопшто има карантин и полициски час во огромен број од државите во светот? Изјавата на Меркел дека 60-70% од населението ќе заболи беше на самиот почеток кога и они беа со план како Британците да одат на herd immunity па се предомислија потоа. Зошто државите свесно прифаќаат големи загуби со стопирање на се живо диво ако 99% од заразените нема ни да го осетат вирусот? Нешто не штима во приказната.Бројката е гарант милиони бидејќи вирусот не го донесоа вчера од Кина туку неговото ширење е од почетокот на оваа година. Самата Меркел изјави дека очекуваат 60-70% од нивните граѓани да се заразат, тоа ти се 40-50 милиони луѓе само во Германија, што мислиш вирусот ќе чека години да ги зарази овие или веќе се заразени?
Нема никаде контрола и невозможно е да се постигне контрола, ниту во Германија ниту во Италија, затоа Шведска и Холандија од старт воопшто не се ни обидуваат, во овој момент има огромен наплив на лоши вести без дополнително прецизирање за претходните болести или аномалии кај починатите и имаш безпотребна и огромна паника. Познавам двајца кои го прележаа вирусов и дознаа дека го имаат откако без тестирани бидејќи биле во контакт со заразен а симптомите им беа омалаксаност и температура и апсолутно ништо друго. Во моментов 99% од заразените се вакви ама за нив нема ништо во ударни вести.
Се кладам пола форум да се тестира денес ќе биде позитивен или имун дека го прележал а не е свесен, покрај толку антибиотици пиење
Ако е ситуацијата како што викаш тогаш и нема потреба од овие превентивни мерки ондак Бафра е во право од самиот старт и џабе му се сипаа сите на темава.
И контрола се постигнува со тоа што нема да го пречекориш капацитетот на болниците, не викам дека контрола значи да нема воопшто нови заразени. Бидејќи сепак да не заборавиме болницте не се тука за само да лечат пациенти заболени од корона. Има стотици милиони лица во светот со веќе постоечки други потешки болести на кого им е потребна нега, а сега можеби не би ја добиле бидејќи сограѓаните им биле несовесни и ги зафатиле сите кревети и респиратори во болниците дека сакале да одат на скијање во ек на пандемија.
Ова со flatten the curve сите експерти го зборат уште од првиот ден, Филипче на секоја прес-конференција го спомнува