Коронавирус (COVID-19)

  • Креатор на темата Креатор на темата Beginner
  • Време на започнување Време на започнување
да :D Само да не се предозираш со цистерна швепс и како што пиша една членка, дека и зуеле ушите од кининот после хахаха
Редуциран е доста. Инаку праи фрки со притисокот мислам. Луѓе знам дека за концентрација пијат.
 
Ја не знам како успевате да праете споредби вакви.
Ете така, плаќаш данок у туѓа држава. Стануеш сабајле, го маваш малку на Путин, малку на ердо, малку на избеглицана у Маџарска, седнуеш на форум и све знаеш, од геополитика до инфектологија.

Ти им збориш дека никакви ресурси нема државава, а тие ти паламудат како требало и како било у Германија, како у Кина.
Пред некое време у дебарско умираа од мозочен удар пошо тој немал нафта у комбето да ги донесат во Ургентен, а сега ќе праам компарации меѓу Скопје и Ченгду....пушти мозокот на пашња....луда работа.
 
да :D Само да не се предозираш со цистерна швепс и како што пиша една членка, дека и зуеле ушите од кининот после хахаха

Мора да се предозираш “за да има ефект“ против корона, после трактори ќе слушаш цело време :D
 
Прв пат слушам за ова со кининот, јас имам почесто проблем со зуење на ушите и често пати ми се случва да изгубам концентрација, а во лето повеќе џин тоник пијам од вода :ROFLMAO:
 
Целосно затварање нема да помогне, но ќе му даде време на системот да се спреми соодветно. Наместо да нарачува респиратори Шведска спрема ковчези за мртвите.

Ајде да бидеме малку позитивни, да си олесниме. :) Корона ќе преживеам ама висок кортизол не се лечи со терапија. :)

Првата добра страна во нивната стратегија што целиот процес го водат тим на епидемолози и научници, не политичари. Премиерот само соопштува и кажува фала за се, никој не се меша ни од министрите се додека они ( истиот тој тим) не кажат нешто да се смени.

Втората добра страна што ја прочитав, почнуваат ( веројатно од денес затоа што капацитетите веќе се фул :( ), на 3 мобилни болници. Поставени во Упсала, Худинге и третата Älvsjö. Се надеваме на најдобро, очекуваме најлошо - кажа најомразениот човек деновиве.

Е единствено да се уште попаметни и да ѕвонат на нашите доктори во Германија, да дојдат на помош и за персонал. :)))
 
По се изгледа Шведска, Холандија и Англија имаат право во нивниот пристап на овој проблем.

СЗО вели дека целосно затварање на луѓето нема да помогне во сузбивањето на вирусот туку дека тој ќе се појави пак штом луѓето излезат од карантин.

Јас ова го верглам веќе цел месец. Ова не е решение, т.е. е привремено, 1 месец. неможиш повеќе од месец дена да ја држиш цела држава во заложништво. После месец, два, три ќе излезиме сите и еден нов да се појави пак ќе прошири.
Е сега кај нас од друга страна имаме друг проблем, со ваков пристап ќе дојди до појава на троцифрена дневна бројка на заразени и ќе рикни цел здравствен систем... така да работата е ни угоре ни удолу
 
Прекинете да труете со проруска пропаганда на темава. Русија имала врв доктори и научници...КИНА е на едно три нивоа повисоко во однос на медицина и наука во моментов.

Оваа тема треба да е сериозна, а ако ви се прави таков муабет правец пред кооперација со крале марко фамилијарно и кило семки.
Знам дека веруваш во својата заблуда, но знај, Русија, каква и да е уредена политичко-економски, има традиционално висока позиционираност во самиот крем на научната фела.
 
Прв пат слушам за ова со кининот, јас имам почесто проблем со зуење на ушите и често пати ми се случва да изгубам концентрација, а во лето повеќе џин тоник пијам од вода :ROFLMAO:

222222.png
:D
 
Уште на тв да се прочуе за ова со тоникот и гледаш утре тепачки по маркети за тоник како за тоалетна шо имаше :ROFLMAO:
 
Ајде да бидеме малку позитивни, да си олесниме. :) Корона ќе преживеам ама висок кортизол не се лечи со терапија. :)

Првата добра страна во нивната стратегија што целиот процес го водат тим на епидемолози и научници, не политичари. Премиерот само соопштува и кажува фала за се, никој не се меша ни од министрите се додека они ( истиот тој тим) не кажат нешто да се смени.

Втората добра страна што ја прочитав, почнуваат ( веројатно од денес затоа што капацитетите веќе се фул :( ), на 3 мобилни болници. Поставени во Упсала, Худинге и третата Älvsjö. Се надеваме на најдобро, очекуваме најлошо - кажа најомразениот човек деновиве.

Е единствено да се уште попаметни и да ѕвонат на нашите доктори во Германија, да дојдат на помош и за персонал. :)))

Не знам кој им го води тимот бидејќи читам многу спротивставени мислења од професори на Каролинска, на KTH итн. Некои викаат и цело време апелираат да се воведе карантин, дури имаше изјава и од Тегнел дека моментално е касно и за карантин.
А не можам да не мислам дека одлуката за herd immunity е политичка и економска. Шведска има помал број на болнички легла по глава отколку Италија, од Германија е мнооогу далеку. Чим една Германија не си дозволи такво нешто , навистина се прашувам кои други мотиви ( освен економски ) има Шведска за да упорно го тера овој пристап?
 
кои други мотиви ( освен економски ) има Шведска за да упорно го тера овој пристап?
Економските не се мал мотив ... А една од теориите на заговор е дека имале проблем со пензискиот систем. Последново не знам дали е точно, на нет не најдов потврда
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom