Коронавирус (COVID-19)

  • Креатор на темата Креатор на темата Beginner
  • Време на започнување Време на започнување
https://telma.com.mk/semejstvoto-na...94iC3cZymSUzwbPEZdiS9V75UFP2zRisNd6PoGo7usipA

Без паника, ама сметам дека за ов треба да има одговорност. Не може два пати да враќаш пациент со симптоми и да не го хоспитализираш, а знаеш дека ниту еден тест не е 100% сигурен. И трета несреќа испаднало.
Ми падна тажно за луѓево, на синот па како му било! Во иста соба биле, реанимација тој да и прави на мајка си ... страшно ...
 
Сме имале уште 1 400 тестови или грешка го разбрав Филипче?
Да и тоа си кажа онака сигурно, демек доволно е бе шо ви е. Еве женава од Куманово ептен додека не фатила пневмонија не ни ја тестирале, ептен ако е некој во тешка состојба го тестираат, луда работа.
 
шо е тоа,херпес симплекс?
1584908104198.png

се пренесува при допир на кожа на некои делови од телото очи, уши, уста, гениталии итн (т.е секаде кај што имаш слузокожа) и кога имаш outbreak ти се појавуваат навидум ранички а тоа е обично кога ти е заслабнат имунитетот, си имал нервозни испади итн. Вирусот е активен само кога имаш outbreak и само тогаш може да се детектира, во остатокот од времето седи скриен од нашиот имунитет и се уште не е пронајден лек, со ацикловир се третираат само симптомите.
 
Да и тоа си кажа онака сигурно, демек доволно е бе шо ви е. Еве женава од Куманово ептен додека не фатила пневмонија не ни ја тестирале, ептен ако е некој во тешка состојба го тестираат, луда работа.
Изгледа кој нема врски и пари, господ на помош...
 
Жолта треска е Yellow Fewer (буквален превод), инаку и јас имам такви вакцини против Жолта треска, хепатит А и Б, а апчиња против маларија не испив многу. Ама ова пред 10 години, веќе ми завршува дејството :D

Вакцините ти функционираат гарант, ама апчињата не

Јас примив вакцина против Жолта Треска пред 9 г. кога патував за Конго, 4000 мкд платив овде. Апчиња против маларија не земав таму затоа што бев подолго време, локалните викаа побрзо ќе умреш од апчињата него ли од маларија :) Затоа земав едни креми репелент филипински, на секој пола сат,сат два се мачкав зависи од густина на комарци на м2, кога беше густо и во коса ми влагаа и касаа мме :) И тоа кремите ебена хемија со мирис на лимон, јагода итн. тоа е :) Куртулив
 
кажа и дека во друга постапка се чекаат 5000 тестови.
Исто така кажа дека пикот се очекува да биде за 1 месец.Кога според мене бы можело да има поконкретна терапија,или вакцина
Автоматски споено мислење:


се пренесува при допир на кожа на некои делови од телото очи, уши, уста, гениталии итн (т.е секаде кај што имаш слузокожа) и кога имаш outbreak ти се појавуваат навидум ранички а тоа е обично кога ти е заслабнат имунитетот, си имал нервозни испади итн. Вирусот е активен само кога имаш outbreak и само тогаш може да се детектира, во остатокот од времето седи скриен од нашиот имунитет и се уште не е пронајден лек, со ацикловир се третираат само симптомите.
фала..
 
Има повеќе коронисани отколку што се кажува во јавноста.
Штом по телефон ја лечеле женава што починала, можете да замислите уште какви рабоѕи се кријат.
Изјавите на Филипче НЕ треба да се зимаат "здраво за готово" сите. Веќе и тој не е веродостоен.
 
Добри вести поврзани со вирусот.

Кина ја затвори последната болница во коронавирусот. Не се доволно нови случаи за да ги поддржат.
– Докторите во Индија биле успешни во лекувањето на Коронавирус. Комбинација на користени лекови: Лопинавир, Ретоновир, Оселтамивир заедно со Хлорфенамин. Тие ќе предложат ист лек, на глобално ниво.
– Пребарувачите на медицинскиот центар Еразмо тврдат дека пронашле антитело против коронавирус.
– 103-годишна кинеска баба направи целосно закрепнување од СОВИД-19, откако беше лекувана 6 дена во Вухан, Кина.
PАпл ги отвори сите 42 продавници за кина, – Клиниката Кливленд разви тест COVID-19 кој дава резултати во часови, а не во денови.
– Добри вести од Јужна Кореја, каде бројот на нови случаи опаѓа.
– Италија е погодена, велат експертите, само затоа што имаат најстаро население во Европа.
– Научниците во Израел веројатно ќе објават развој на вакцина против коронавирус.
Patients3 пациенти со коронавирус од Мериленд целосно закрепнати; способни да се вратат во секојдневниот живот.
Една мрежа на канадски научници остварува одличен напредок во истражувањето „Ковид-19“.
– Биотехнолошка компанија во Сан Диего развива вакцина „Ковид-19“ во соработка со Универзитетот Дјук и Националниот универзитет во Сингапур.
– Првиот позитивен случај СОВИД-19 во округот Тулса се опорави. Оваа личност имала два негативни теста, што е индикатор за закрепнување.
– Сите 7 пациенти кои биле на лекување во болницата Сафдарунг во Delу Делхи се опоравиле.
Плазмата од ново закрепнените пациенти од Ковид -19 може да лекува други заразени со Ковид-19
 
Јас примив вакцина против Жолта Треска пред 9 г. кога патував за Конго, 4000 мкд платив овде. Апчиња против маларија не земав таму затоа што бев подолго време, локалните викаа побрзо ќе умреш од апчињата него ли од маларија :) Затоа земав едни креми репелент филипински, на секој пола сат,сат два се мачкав зависи од густина на комарци на м2, кога беше густо и во коса ми влагаа и касаа мме :) И тоа кремите ебена хемија со мирис на лимон, јагода итн. тоа е :) Куртулив
Тука без потврда од примена вакцина од жолта треска,неможеш да аплицираш за виза во земјите со жаришта
 
Има повеќе коронисани отколку што се кажува во јавноста.
Јас верувам во ова, колкумина кажаа дека не ги примале на тестирање, па откако платиле во Жан Митрев, се земени на лечење ... :(
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom