Аман бе луѓе, толку ли не можете сами со себе?
Па пред неполн век во скривници седеле со недели поради бомбардирањата (пред 2 децении во Србија кога ги бомбардираа не можеше да излезат надвор), сега на цела технологија интернет + тв + гејминг уреди не можете да додржите дома неколку денови?
Јас на овие што фатиле корона поради куртешак (скиење Банско, екскурзии сред пандемија, враќање од гурбет и рашетување по роднини без самоизолација и тн) пред да почнам да ги лекувам би им пресудил на брза рака со: затворска казна 3 години ако преживеат од короната + парична на приватно да си го платат лекувањето (месец и колку и да трае) и со име и презиме јавно на ТВ за секој што бил во контакт со нив да се пријави сам.
Џабе ќе го тупиме со денови, единствено чаре е самоизолација + хигиена, кога може Кина со села поголеми од нас како држава, ние една рака народ ваљда можеме да изгураме месец дена.
Владата место да пробуваат да лапнат тендери може да почнат по профи да го организираат кризниот штаб, регрутација на се што е под здраво и работоспособно под државна капа да помага при дезинфекција на градовите, достава на продукти на сите што се во загрозена категорија, а воедно и на приватните компании да учествуваат доброволно за да се донесе ситуацијата под контрола. Олку мала држава може во месец дена да ја донесеме да биде фул функционална и да не трпи ни економија ни бизнис, само треба троа желба, дисциплина и работа.