Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
А што им смета ако играат надвор и не се мешаат со други луѓе? Деца се, не се знае колку ќе трае ова. Колку време ќе ги држиш дома?Абе и без вирусот глуп човек е глуп човек, ене ги децата на комшиите денес цел ден со топката лупаат надвор голи,боси, небаре петровден е ,ќе се испоразболат, не мора корона да е,ниту ги гледа некој ниту ги прати.
Се е до свесноста на родителите, порано се знаеше бе, кога ќе свикаа старите сите сус дома, сега ни мајка ни татко поштова некој, демократија сакавме![]()
маркетите се лесни за контрола, наместо полицајците пијат кафе во некоја кладилница ќе ги пуштиш во маректите да бидат присутни, касиерите нема да дозволуваат повеќе од два продукти и приказната е завршена, вечерните собиранки се најмал проблем.Ако веднаш ограничат колку што сакате народот ќе се истепа по маркетите и тие нема да можат да се справат. Од оние што се до 16:30 или 17:00 на работа ќе има навала за сите да пазарат и до 18:00 да се вратат дома.
Ако мерката се спроведе на дело барем ќе ги растераат вечерните собиранки.
Најпрво требаше да ги средат старите, дозволено движење од 6 сабајле до 12 попладне или цел ден, ама не подалеку 200 метри од дома.
Sent from my Mi A1 using Tapatalk
На некои работни места ограничени сме на еден пар дневно...а кај е пауза за јадење, вода да се напиеш, вц и слично...па некои и така си работат.Цигара пауза со нараквици и маската спуштена.Ова со ракавиците и маските е жива смешка како се употребуваат. Ако не Корона вирус, сигурно ќе закачат нешто друго или некоја бактерија поради неправилно користење. Тие се за една употреба а не да ги носиш цел ден и да пушиш цигара со нив и маската сто пати извади па стави. Бар кога си со голи раце ти текнува да ги измиеш или дезинфицираш од време на време, вака со ракавиците цел ден се таложат бактерии на нив и несвесно ќе се пипнеш за лице. А дефинитивно најинтересни ми се тие што ја носат маската само на уста и со откриен нос![]()
Kako be samo po 2 produkti ? Leb i toalet li ke kupuvame samo?да дозволуваат повеќе од два продукти
Муабетот ми беше дека цел ден остаени на милост и немилост,голи буквално, голи, не мора корона да има.А што им смета ако играат надвор и не се мешаат со други луѓе? Деца се, не се знае колку ќе трае ова. Колку време ќе ги држиш дома?
Нема да се потребни построги мерки, за само неполни 24 часа се сменија работите, вчера петок имаше многу движење и работа тука, за само после еден ден односно денеска да нема жив човек по улици како и што пишав пред малку. 4 пати помала заработувачка од вчера, по тоа ќе видиш колку малку имало денеска движење.Не е секаде исто во Германија, мерките се одлука на секоја сојузна држава. Во Баварија има построги мерки и забрани, во останатите не баш. Сепак свеста е на многу повисоко ниво откако сфатија дека не е баш заебанција работава, па сите седат дома викендов и без казни и мерки. Во маркетите има линии на каса на секои 2 метри каде да стои човек, продавачите на каса сите имаат плексиглас околу себе и не фали ништо во маркет, бар кај мене.
Можно е утре да донесат построги мерки и забрани на федерално ниво за цела Германија, ама ако се држат како денес што видов, можеби и нема да се потребни. Буквално 180° промена од пред 2-3 дена.
Исто критично болните од Франција ги носат во германски болници поради поголемите капацитети...се надевам Германија ќе биде стабилизирачка компонента во сево ова, а не жариште. Понатаму ако бројките се стабилизираат ќе помагаат и на останатите.