Не е проблем да се одржи карантин. Проблем е што кинезов збори дека видел многу луѓе без маски и дека јавниот превоз сеуште функционира.
Како побогу ќе се прекине јавен превоз, а да се оди на работа? Зборам главно за Скопје и неколку поголеми градови. Немаат сите коли, башка не се знае дали ќе земат плата, а мора да плаќаат гориво, некогаш и паркинг.
Како да се носат маски ако истите ги нема и доколку ги има, предност ќе имаат оние во први редови-полиција, војска, здравство, царина, стотина илјади лица...Само за 1 недела потребни се огромно количество маски ако ги вклучиме сите вработени и оние кои одат да пазаруваат.
Така да, остај ги кинезиве што зборат. Тие кога се раѓаат, место тропалка маска им купуваат. Сега се воодушевуваме од нив, а до скоро некои ја пцуеја комуњарската власт и бившиот режим. Кај нас ако властите така се однесуваат веднаш ќе почнат плачки.
И што, ќе го запреш (и теоретски невозможно) еден месец, а потоа?