Не е поентата кој во колку нехигиенски услови може да издржи, туку несериозноста, односот и дискриминацијата на државата кон одредена категорија луѓе, во случајов кон ромите. Настрана тоа што цел народ нè прават будали.
Ептен е понижувачки да гледаш како сите други што пристигнале на Деве Баир си одат дома со колите и комбињата, а само вас ве праќаат на Криволак, во услови каде треба да спиеш на пожолтена неиспрана постелнина и не можеш раце да измиеш а камо ли да се истушираш. Барем сапун да им оставеа.
Арменд и Мухамед можат да си одат дома во Чаир, ама циганите ќе ги пратиме на Криволак, демек карантин спроведуваме.
Тоа е тоа третирање како куче, а не дека припадниците на безбедносните сили биле граѓани од трет ред или не знам што тоа. Вие сами си сте криви што дозволувате да ве третираат како кучиња, додека се трошат по
800 000 евра за цвеќиња и 20 000 евра по пратеник за патни трошоци.
Секогаш сум обожавал вакви активисти како тебе, кои немаат ни грам мозок, а сакаат да се прават паметни.
Да започнам од почеток:
Тие услови се децении наназад, уште јас кога не сум бил ни роден, а верувам дека и ти не си бил/а роден/а кога се мапирал и градел цел тој комплекс т.е полигон таму уште во далечната СФРЈ. Во тие услови за жал не престојуваат само луѓе без образование т.е како што вие си замислувате туку и високо образовен кадар, и не не само наш кадар од доктори, офицери и друг високо-образован кадар туку и од целиот свет. Таа е реалноста, нашата моќност е толку, има и подобри, но и полоши места од горе-споменатото место, кое на личностите не им се допаѓа.
Уште повеќе понижувачки е кога ромската популација (ништо против, луѓето се снаоѓаат како знаат и умеат, сами) е неедуцирана, лошо настроена кон полициските служби, неодговорна, луѓето не по нивна вина живеат во несоодветни услови, некои и без основна хигиена, и без основни работи за живот, замисли сега овие 9 души да се вратат во нивната населба, и недај боже двајца да се заболени од Коронавирусот, цела ромска населба ќе биде заразена, а со самото тоа и цела Битола, а да не зборуваме и за цела Пелагонија која моментално брои некои си 150.000 жители со сите градови, општини и села.
Овие објекти, ништо не се поразлични од тие каде што спијаат повеќето печалбари во Австрија и Германија (и секаде во ЕУ). Хигиенски услови има, да не сакаат војската да им мети таму и да им ги мие рачината?
Кога ја знаеш ситуацијата во СВЕТОТ, ЕУ, БАЛКАН, МАКЕДОНИЈА зошто си алчен за пари да одиш да свириш? Уште знаеш дека минимум стотици луѓе на забавата ќе ти лепат пари, ќе ти кажуваат песни на „увце“ и ќе ти плукаат во фаца додека зборуваат, заслужуваат и казна затвор и сите кои им дозволија да се вратат и ги доведуваат сите граѓани во опасна ситуација.
Место ти да се погрижиш ние да имаме подобри услови, за да си спијеш, се движиш убаво и безбедно ти викаш дека сами сме криви што не бараме, па пријателе/ке знаеш ли што значи во една држава кога безбедносните сили ќе го кренат гласот?