Здраво на сите.
Да Ви се пофалам дека изборот барем за долниот спрат го направив и сум презадоволен.
Еве го мојот избор:
TOSHIBA SEIYA RAS-B16J2KVG-E
Иако ме убедуваа за поскапиот модел на SUZUMI што верувам сигурно би било уште подобар избор јас се решив да го земам поефтиниот модел зошто во план ми е уште еден инвертер да купам за горниот спрат, па да не останам без пари после инвестицијата. Воедно и ќе причекам да помине општава ситуација што е со Коронава да се смири се што побргу па нели може за другиот инвертер и ќе фатам од тие ваучерите што ги најавуваа одамна
плус веќе ќе имам поголемо искуство за наредната
Инаку импресиите се следниве :
-Не се слуша дека работи а бројчаникот на струјата како да е замрзнат на мое задоволство. Експериментирав да видам со максимум сила максимум степени да си биде константо пуштено, но перформансите се одлични.
-Тошибата си работи а не се слуша на мое задоволство зошто ако имало нешто што ме иритирало кај инертер греењето е бучноста, но еве и тука веќе го сменив мислењето.
-Значително внатрешната единица беше помала и покомпактна од останатите што ги гледав коа бирав.
-Нема непотребни ледови и лајсни чуда кои секогаш ме иритирале и ме потсеќале на ефтина кинеска роба.
-И иако немав потреба ради временските прилики и топлото време, многу ме бендиса опцијата ON demand Defrost која што ми ја објаснија во Компанијата каде што ја купив, а и нивните сервисери кога ми ја инсталираа многу љубезно ми објасија попрактично.
Толку од мене да не мислите правам реклама
Во иднина ќе доловам и како работи и во други услови и со сметкатка како е месечната потрошувачка, но сега за сега толку.
Убав ден и сите да си бидете среќни, загреани и заштедени