Последиците од коронавирусот (COVID-19) врз економијата

Skorp

That guy...
Член од
30 јуни 2010
Мислења
1.198
Поени од реакции
2.246
Повеќе луѓе ќе умрат од економскиот колапс што може да се деси, него ли од вирусов.
Тоа е нивното размислување.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.784
Поени од реакции
5.058
Повеќе луѓе ќе умрат од економскиот колапс што може да се деси, него ли од вирусов.
Тоа е нивното размислување.
Сега ќе ти кажам еден случај. Пациент на дијализа доаѓа од Австрија во МК и качил 37.2 Ц. И не го пуштаат на дијализа...само еден пример а ако некој не знае ако не направи дијализа 3-4 дена оди кај :popce: вакви случаи има и ќе има многу.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.443
Поени од реакции
18.431
Fauci: 'If it looks like you're overreacting you're probably doing the right thing'


За тие што мислат дека се претерува со меркиве.
 

Skorp

That guy...
Член од
30 јуни 2010
Мислења
1.198
Поени од реакции
2.246
Сега ќе ти кажам еден случај. Пациент на дијализа доаѓа од Австрија во МК и качил 37.2 Ц. И не го пуштаат на дијализа...само еден пример а ако некој не знае ако не направи дијализа 3-4 дена оди кај :popce: вакви случаи има и ќе има многу.
Многу буквално го сватиле 'Na mladima svet ostaje'.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.773
Поени од реакции
12.237
Моја грешка за каматната стапка пошто е лошо пренесено ама ќе пишам во оваа тема. Се намалува основната каматна стапка со која изгледа баш како граѓани немаме некоја врска. Зошто толку бомбастично кога 2 пати годишно се менува, не знам.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.293
Поени од реакции
7.650
А кога правеа профити кај беа, им даваа поише пари за кирија или плаќаа повеќе на банките ?
Да не купуваа коли, мотори па идеа на канарски острови маурициус египети по десетина пати годишно? Е сеа нек си продадаттоа моторите колите техниката за по дома, станче викендица шо купиле, нека извадат од тие без фискална и фактура паричките шо им се под перници и душеци.
А што мислиш, кој прв ќе го јаде немиен... тие газдите кои имаат пари, ама поради ретардираните мерки, ќе затворат фирмите и ќе им поделат отказ на работниците, или работниците кои и така одвај крпеле месец за месец....
Како тргнало и за пониска плата ќе бараат да работат, ама ајт секој со свој памет.

Јасно ми е дека има крвопијци газди, ама твоево е да му умре козата на комшијата, по цена ти без кров да останеш.
Автоматски споено мислење:

Моја грешка за каматната стапка пошто е лошо пренесено ама ќе пишам во оваа тема. Се намалува основната каматна стапка со која изгледа баш како граѓани немаме некоја врска. Зошто толку бомбастично кога 2 пати годишно се менува, не знам.
Според економските "експерти" кои вие слепо ги следите, за да се стимулира потрошувачка, за народ да извади парите од депозит и да почне да троши или инвестира, за банките да даваат повеќе кредити со пониски каматни стапки....
Арно ама во ЕУ тоа го прават веќе 10години и никако да им тргне.
Значи што не е успешно, цела теорија што ја има во книгите паѓа во вода.

Веќе немаат други мерки да превземаат, па ќе мораат подрастични, а за да ги сокријат глупостите нивни и негативните последици од нив, ви го свртеа вниманието со короната.
Наздравје нека ни е, ама ич не ќе да е за здравје
 
Последно уредено:
Член од
6 август 2011
Мислења
682
Поени од реакции
1.065
А што мислиш, кој прв ќе го јаде немиен... тие газдите кои имаат пари, ама поради ретардираните мерки, ќе затворат фирмите и ќе им поделат отказ на работниците, или работниците кои и така одвај крпеле месец за месец....
Како тргнало и за пониска плата ќе бараат да работат, ама ајт секој со свој памет.

Јасно ми е дека има крвопијци газди, ама твоево е да му умре козата на комшијата, по цена ти без кров да останеш.
Тоа е нивни проблем, ни у 90ти никој не умре за јадење нема ни сега.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.293
Поени од реакции
7.650
Тоа е нивни проблем, ни у 90ти никој не умре за јадење нема ни сега.
Не умреа, во право си, ама затоа страдаа со години, затоа фамилиите им страдаа, има и други работи, ама чим бил проблем на газдите, живеј.
Само забораваш, газдите немаат една коза, стадо имаат, а ти ако имаш повеќе кровови, блазе си ти.
 
Член од
6 август 2011
Мислења
682
Поени од реакции
1.065
Не умреа, во право си, ама затоа страдаа со години, затоа фамилиите им страдаа, има и други работи, ама чим бил проблем на газдите, живеј.
Само забораваш, газдите немаат една коза, стадо имаат, а ти ако имаш повеќе кровови, блазе си ти.
Абе ме заболе мене за газдите па и за тие што работат кај газдите. Локали кафичи пичке си материне, ептен јака економска гранка, прилив на девизи у држава од нив.
Се живо се научило од денес за утре, кредити имале кирии плаќале шо е тоа мој твој или било чив проблем ?
Кој ќе остане без работа, студентарија и лузеристан шо на 35+ изиграваат шанкери и конобари ? У загуба ќе биле... тур оператори оние гнасине што организираа групи за милано за осми март и пред тоа ?
Бркај работа
ПС Сега ги заборавив уметницине, и тие максимално се засегнати од кризава
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.293
Поени од реакции
7.650
Абе ме заболе мене за газдите па и за тие што работат кај газдите. Локали кафичи пичке си материне, ептен јака економска гранка, прилив на девизи у држава од нив.
Се живо се научило од денес за утре, кредити имале кирии плаќале шо е тоа мој твој или било чив проблем ?
Кој ќе остане без работа, студентарија и лузеристан шо на 35+ изиграваат шанкери и конобари ? У загуба ќе биле... тур оператори оние гнасине што организираа групи за милано за осми март и пред тоа ?
Бркај работа
Така кажи си бе, гајле ти е за сите други, само твоето дупе да е како што треба. Само кога на повеќето околу тебе им е лошо, малку треба, една искра и тебе ќе ми ти стане лошо.
Ај да си бркам работа, оти какви пациенти има тешко нас.
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
Работава е тргната во сериозна удолница. По оптимизмот во петокот, денес, нов катастрофален ден на берзите во САД. S&P 500 12% надолу, Dow Jones и Nasdaq и повеќе од 12% пад. Претходно европските берзи не беа многу подобри. FTSE 100, Dax, Cac 40 и FTSE Mib сите со пад во рангот од 4-6%.
Ова и покрај тоа што во текот на викендот Фед ја намали базичната каматна стапка на 0-0.25%, намалување од 1%, потег како во 2008 година, и информираше дека ќе одобри нова програма за QE од 700 милијарди долари како мерки за подршка на економијата во текот на епидемијата со корона. Претходно и Bank of England, Централната банка на Австралија, Сингапур и неколклу други одлучија да ги намалат каматните стапки под 1%, а се очекува скоро и ЕЦБ да ги следи. Плус скоро сите објавија, или се очекува да објават, нови QE програми за да обезбедат ликвидност и стабилност на финансиските пазари, последни Bank of Japan и Централната банка на Шведска. Плус, централните банки на Г7 преземаа кординирани мерки за ликвидност. Се ова направи fuck all разлика.
Финансиските пазари, посебно берзите, ова го сфатија (оправдано) како сигнал дека регулаторите се свесни, дека светската економија како брз воз се движи кон рецесија. Па, на отварање на берзите, посебно во САД, тргна нова паника и fire sale. Покрај стандардните компании “губитници“ во hospitality, туризам, патнички транспорт, посебно на удар беа цените на акциите на големите инвестициски банки, бидејќи намалувањето на каматната стапка ќе им се одрази на профитните маргини.
Во скоро еден месец, трилиони долари богатство е збришано од пазарите на капитал. Сега инвеститорите бегаат кон традиционалните средства, државни обврзници и злато.
Монетарната политика полека си ја троши целата муниција на празно. Следна на ред е фискалната политика. Министрите за финансии на Еврозоната најавија кумулативни мерки од различни видови, на национално и наднационално (ЕУ) ниво, наменети како помош на компаниите и секторите кои ќе бидат најлошо погодени од кризата, во обем од 10% од БДП на Еврозоната. Сите норми за контрола на буџетскиот дефицит се исфрлени низ прозор. Преку ноќ кејнзијанизмот на мала врата се враќа во мода, монетаризмот оди во чекална.
Меѓутоа, работата се повеќе личи на мочање во правец на шумски пожар, во надеж дека ќе го спречиш.

Сите развиени економии се движат кон сериозна рецесија во вториот квартал, проценките во САД се дека може да биде повеќе од 5%. Еврозоната веројатно ќе биде уште попогодена, со огледа на фактот што затворањето на националните граници го стопира заедничкиот пазар и ги прекинува ланците на набавка, кои функционираат со децении. УК ќе ја следи Еврозоната.
Излегоа и податоци за ефектите на карантинот и епидемијата во Хубеи врз кинеската економија, и се поголеми од што се претпоставуваше. Околу 18% пад на индустриско производство, 20% пад на малопродажба и инвестициска активност. Сега, кога полека почнуваат да се враќаат во нормала, проблем им станува глобалната побарувачка и нивниот вишок на капацитет.
Како што имам и претходно споменато, реалната економија ќе отскокне eventually, и тоа нагло, меѓутоа тоа ќе биде само почетокот. После ќе видиме какви последици оваа контакција оставила на глобалната трговија, на меѓународниот финансиски систем и мислам дека кога се ќе спласне, светот ќе изгледа поразлично место од претходно.
Глобална рецесија е скоро сигурност. Не е прашање на дали, туку кога и колку голема. Така да, brace yourself.

Откако ќе ја пресметаме медицинската цена на епидемијата, ќе дојде на ред економската и најпосле, онаа најопасната, политичката. Се надевам дека сите три ќе бидат мали, ама.....
 
Член од
5 септември 2014
Мислења
109
Поени од реакции
209
Тука претпоставувам нема да фрчат закани ако пишуваме и прогнози и причини (теории на заговор, кои како поминува време, стануваат реалност :icon_mrgr:) зашто ваква паника се создаде за фактички никаков ризичен вирус ....

Веќе подолго време ЕЦБ, а и останатите централни банки пуштаат милијарди во оптек, а никако да ја заживеат економијата, иако според "науката" треба да има ефект, а зашто нема :toe:.
ЕЦБ принтањето пари, за разлика од ФЕД им е без покритие. А Трампчо со една мерка, ја размрда економијата.
ЕУ членките, посебно "јужна трибина", која од која поутепана, банките им се во доста лоша ситуација, висината на државните долгови како да не е битна, а да не збориме за ефикасноста од задолжувањето. Каматните стапки под присила (вештачки) намалени, со цел политичарите да си дојдат до евтини пари, на сметка на народот. На сметка на народот е, затоа што сите што имаат заштеди, ништо не добиваат за возврат, пензиските фондови ем поради зголемување на државната администрација ем поради ниските каматни стапки, кој од кој во поголем минус. Значи народот на крајот му остануваат помалку пари, а тие идат кај државата.
Има уште многу да се пишува за негативните последици од акциите на политичарите последните 20 години, ама џабе е.

Бидејќи не може оваква состојба да трае бесконечно, а политичарите сигурно нема да признаат дека погрешиле, дека они се директни виновници, треба да се најде начин како вниманието на народот да се насочи на друга страна и без отпор, доброволно, да ги прифати следните мерки од политичарите.
Една од ретките работи за кои мнозинсвото народ би се обединил и не би се противел е здравствена закана. Друг е еколошка закана, па под изговор дека се грижат, воведоа нови даноци (СО2 кредити), именувај го како сакаш данок е тоа, а кај многу други ја зголемија акцизата на гориво за 3 денари, ај што тие пари не отидоа во животна средина, не се ни намали загадувањето. Народ нормално помалку пари му остануваат во џебот, ама не се буни.
Трет е марсовци, ама на сите им е јасно дека тоа тешко би поминало.

Затоа и коронава која патем не е ништо ново ниту опасно како што видовме, убаво ни ја спакуваа и ни го начукаа, а народ пак не се буни. А ова би требало да е само психолошка припрема за народот, за активностите што се планирани во 2022/2023, бидејќи пополека ако им дозираш одредени информации, т.е. ги припремаш, нема да се шокирани и нема да се бунтуваат.
Една од мерките е укинување на кешот, бил медиум за ширење на вирусот :D . На тој начин доколку народ изгуби доверба во системот (што за мене е неверојатно, гледајќи колку слепо му се верува и со стравопочит) џабе ќе им е да трчаат по банки да вадат парите.
Плус многу полесно ќе му биде на системот да ги зароби парите на граѓаните (слично како по распадот на СФРЈ) и целосна контрола да се воспостави.
Нема да имаат потреба како пред некој година во Кипар и Грција што направија, да ги затворат банките или како што направиле САД во 1933

Економијата и се е*а мајката, неосновано. А политичарите освен паники и контрапродуктивни мерки ништо друго не постигнаа.
Некои ќе кажат, здравјето пред се. Да така е, ама на секои 8.6 години имаме нов циклус на епидемија, па никому ништо, во смисла ниту еднаш не се оствариле прогнозите дека милиони ќе изумрат, милиони ќе страдаат, дека мутации наредна година ќе не докусурат. Грип, иако повеќе заболуваат плус и деца, поголема бројка на починати, никому ништо.
А како ќе одржите здравје без пари ....:toe: .
Излегува намерно уништување на економијата, со цел добивање поголема моќ кај политичарите.

Дури и принцот Хари кој наседнал на Руските шегобијци, си кажал: Светот го водат болни луѓе.
Ама народ верува во авторитет, така да се што следува (а не е розево), заслужено ќе си го кркаме.




А зашто владата која нели се грижи за народот, не обезбеди маски за сите... како може да имаат пари за патни трошоци, за дивеч, за најнови модели на службени автомобили, за реклами во приватни медиуми итн итн. Некој е алчен, само кој е работата.
Јаки аргументи имаш, за пред кооперација.

Само по приватен сектор да се пљукало, а не дај боже системот, кој дефакто се регулира и контролира. Јасно ми е дека стравот "го изеде темнината" од Титово време сеуште постои, ама на крај, пак ќе бидеме изедени.
Секоја чест на мислењето. Еден збор, Разум.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.293
Поени од реакции
7.650
Работава е тргната во сериозна удолница
Работата е тргната надоле многу поодамна. Само што некои одбиваа да веруваат дека е толку лошо и дека ќе си трае бесконечно задолжувањето. Сега само го злоупотребија сезонскиов грип.

Претходно и Bank of England, Централната банка на Австралија, Сингапур и неколклу други одлучија да ги намалат каматните стапки под 1%, а се очекува скоро и ЕЦБ да ги следи. Плус скоро сите објавија, или се очекува да објават, нови QE програми за да обезбедат ликвидност и стабилност на финансиските пазари, последни Bank of Japan и Централната банка на Шведска. Плус, централните банки на Г7 преземаа кординирани мерки за ликвидност. Се ова направи fuck all разлика.
Како тоа мислиш ЕЦБ да ги следи ... да ги намалат и тие ли каматните стапки ... :cautious:
нешто да не си грешка :D

Со години прават QE и буквално ништо не постигнуваат, освен што банките ги наполнаа со пари, а тие си ги искористија за нивни лични цели. Нешто што ти во друга тема не го објасни, туку QE да ти било помош за капиталистите, а врска нема.
Г7 ниту можат веќе нешто ново да преземат, ниту имаат време. Целиот притисок е врз ФЕД и они подлегнаа па сега отидоа, како што викаат ALL IN .

Преку ноќ кејнзијанизмот на мала врата се враќа во мода, монетаризмот оди во чекална.
Ако 10 години не успеваат преку каматните стапки да го постигнат тоа што кејнзијанската теорија го кажува дека ќе се постигне, како ли само сфати дека се враќал... ова е доказ дека не функционира и дека ќе биде закопан, а и ние со него.
Централните банки се во хаос, не знаат што да прават, што се не пробаа, кејнз се враќал :confused: .
Гледајте што се случува во реалноста, а не копи пејст на академци. Пробајте како мене, копи-пејст од луѓе со практично искуств.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.773
Поени од реакции
12.237
По завршување на кризава, треба ујп да преземат мерки против вакви фирми кои ги качуваат цените. Се работи за набавни цени, а викањето е по дуќаните кои ги продаваат овие производи. Истото важи и за аптеките.


Sik Komerc
Вчера во 11:46 ·

 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.025
Поени од реакции
83.450
Веќе немаат други мерки да превземаат, па ќе мораат подрастични, а за да ги сокријат глупостите нивни и негативните последици од нив, ви го свртеа вниманието со короната.
Да, короната е, за да се сврти вниманието од други срања, пуштена. Тоа ќе да е. Нема како другачие.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom