Јас не би бил на куповна страна на МСЕ следни две недели . . . . Тие што се пофалија дека ќе купуваат нека размислат и дај боже да погодат и да се ќарат . . . . Јас очекувам пад на МБИ10 . . .
Мислам дека сега е момент да си во кеш . . .
Искрено попрво би продавал на петочните ценовни нивоа отколку што би купувал . . .
МСЕ освен што е преценета во споредба со други берзи, на МСЕ паниката не е ни стигната . . . Среќа е што веќе нема странски фондови, па затоа сте вака спокојни . . . . Но ако седнат Чифлиганец, Хари, Андреја, Живко и Доне и се договорат да ја бутнат на солзите ќе им нема крај . . . . Место да зависам од други избирам да сум во кеш, па макар и загубил 10% од максималната вредност на портфолиото од пред некоја недела . . . .
Што се однесува до странските берзи таму е ХАОС . . . Ова не беше ни во 2008/09 година - 15% , па +10% јас не се сеќавам да имаше тогаш иако послабо ги следев . . . .
Сега нема домашна и светска економија . . . . Тоа е се поврзано . . .
Незнам како очекувате Македонија Турист да има добра година ???? Колку ноќевања ќе има ??? Метропол, Александар Палас ???
Колку загуби омилениот Макпетрол од падот на нафтата на светските берзи ??? Тие резервари на која цена се полнеле ???
Макстил изгледа не е популарен, па да не го коментирам . . . .
На кого му е до виното на Тиквеш во овој момент ????
............
И на крај како мислите дека банките ќе жнеат провизии и профити кога индустријата ќе застане . . . . Кој ќе зема стамбени кредити сега ????
Ум во глава, време е за стабилност и кеш. Јас пишав пред некој ден дека распродадов скоро све на МСЕ, а во странство немав мадиња, брзо отиде возот у провалија, закаснив и се заебав . . . .
Трамп ќе сака да има добра берзанска година пред избори, но неможе да ја спречи паниката . . . Ако се рашири ковид19 како во Европа отиде Вол Стрит по ѓаволите . . . Трамп ќе проба да превенира (исто и републиканците во 2008/09 пробаа ) ама нема да му успее.... нека се моли ковид19 да не се рашири како во Европа . . . .
п.с.
За оние душегрижници што инкогнито ме прозиваат . . . . Пишав веќе дека изгорев 25% од вредноста на моето портфолио, а сега сум на -30% . . . Ќе изгорев и повеќе, но КМБ и ТНБ исфорсираа, па на нив заработив . . . Им кажав дека пилињата ќе ги броиме наесен, доста ќе угинат, во меѓу време некои ќе станат убави кокошки . . . . . . Ќе се преброиме. Не ми е срам да признаам грешка всушност од грешките учам. . . Ќе си ги мериме за 3-4 години ако до тоа им стигнало . . .
Јас моето портфолио секогаш го откривам секој може да прочита, да пресмета, да коментира.... Секогаш сум играл со отворени карти... Моментално на мсе имам трошки. . . Но нивното портфолио никогаш не го кажуваат, ниедна трансакција не откриваат и се најпаметни и најбогати
. . . . Само навиваат, скокаат, се ситат, се фалат, а можеби немаат ниедна акција . . . .