Коронавирус (COVID-19)

Член од
5 март 2018
Мислења
16.511
Поени од реакции
18.775
Навреме испозатворија се - СПОРЕДНО, а то главното (граници) последно го оставија, е од тука изби цел хаос
Граници дури сега се затвораат секаде, ни една држава со толку малце заболени нема затворено граница
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.293
Поени од реакции
7.650
И шо ако тие на 65+ се во карантин?Немаат фамилии околу нив?Или ќе ги однесат во посебни карантин-логори?И дефинитивно ова е ретардиран потег.Исто како и потегот со мигрантите шо го направија истите топ 10.
Сигурно УК прави ретардиран потег, не се ни сомневам во нивната неспособност. Впрочем тие стотици години само ретардирани потези прават.

Имаат де фамилии, посебно во УК сите 40годишни живеат со своите родители кои се над 65+, е сега со хигиената како стојат :toe:
 
Член од
3 февруари 2019
Мислења
2.483
Поени од реакции
4.135
Граници дури сега се затвораат секаде, ни една држава со толку малце заболени нема затворено граница
Епа зато се случи хаос до овој степен. Можеа и то како да спречат влез на народ од високо ризичните подрачја а не да се претурат 5000+ од Италија. Значи прва мерка ти е да се заштитиш од НАДВОР и забранваш пристап на луѓе од жариштата. Бадијала прво се заторат локали и се изолираш кога од сите страни ти дува промаја, ти влегуват автобуси, слетуват авиони од секаде 24/7 неконтролирано.
 
Последно уредено:
Член од
25 септември 2019
Мислења
86
Поени од реакции
161
Znaci ne e do mk narodot tuku nasekade ima izgleda slicen mentalitet, sega se slusnav so bratucetka kojs zivee vo chicago i veli eve samo sto vidov eden kup luge cekaat red za da vlezat vo kafiterija
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.513
Поени од реакции
37.352
120 од кои 90тина се во Скопје, баш сега спомна.
...јас би прашала што се подразбира под респираторен апарат, апарат што го олеснува дишењето со довод на кислород или тој што го заменува целосно белодробието на пример кога пациентот е во кома и не диши со својта плуќа туку тоа ја прави вештачка машина? :toe:
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.025
Поени од реакции
83.450
Најверојатно психолошки е моментот. Иако се тоа поорганизирани општества, сепак луѓето не можат никако да се навикнат од откажување на рутини, навики и пред се секојдневен комфорт (на разни нивоа), кој го земаат здраво за готово, можда баш заради тоа што се така организирани општества.
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Епа зато се случи хаос до овој степен. Можеа и то како да спречат влез на народ од високо ризичните подрачја а не да се претурат 5000+ од Италија. Значи прва мерка ти е да се заштитиш од НАДВОР и забранваш пристап на луѓе од жариштата. Бадијала прво се заторат локали и се исозлираш кога од сите страни ти дува промаја, ти влегуват автобуси, слетуват авиони од секаде 24/7 неконтролирано.
Ниту една држава во светот нема забрането враќање на сопствени граѓани од ризичните места. Такво нешто и не смее да се забрани. Си има соодветни мерки за карантин после враќање, а од пред ден-два потпишуваат и изјави дека ќе останат во изолација и доколку не се придржуваат ќе бидат кривично гонети.
 
Член од
13 февруари 2010
Мислења
119
Поени од реакции
151
Додуша бившиот принц Хари, пред некој ден го насамариле па си ја орворил душата и кажал: болни луѓе ги водат државите.
Е сега на кои држави мислел, не беше напишано.
'Unfortunately, the world is being led by some very sick people, so people like yourselves and (the) younger generation are the ones that are going to make all the difference.'

На целиот свет мислел :duel:

Исто така се категорично дистанцира од неговиот вујко, принцот Andrew, редовен муштерија кај педофилот Jeffrey Epstein.

Капа долу за Хари и Меган :bravobe:
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.511
Поени од реакции
18.775
Епа зато се случи хаос до овој степен. Можеа и то како да спречат влез на народ од високо ризичните подрачја а не да се претурат 5000+ од Италија. Значи прва мерка ти е да се заштитиш од НАДВОР и забранваш пристап на луѓе од жариштата. Бадијала прво се заторат локали и се исозлираш кога од сите страни ти дува промаја, ти влегуват автобуси, слетуват авиони од секаде 24/7 неконтролирано.
Како можиш да затвориш граница за твој државјанин ? Кај го има то ? Кај ќе одат тие луѓе кои се нашле во таа критична зона ? Ај тие шо живеат таму ќе си седат, тие шо се службено ојдени, или на одмор ? На граница ќе спијат ?
 
Член од
3 февруари 2019
Мислења
2.483
Поени од реакции
4.135
Ниту една држава во светот нема забрането враќање на сопствени граѓани од ризичните места. Такво нешто и не смее да се забрани. Си има соодветни мерки за карантин после враќање, а од пред ден-два потпишуваат и изјави дека ќе останат во изолација и доколку не се придржуваат ќе бидат кривично гонети.
Точно. Но, и то не функциониураше како што кажа од пред 2 дена. А хаосот трај едно 10 дена. Знајш колку народ неконтролирано влезе во државата претходните денови? Буквално слободно, без никаква контрола. И едно добри недела дена си се расшетаваја слободно низ град кај ќе стигнат, Наместо да земат пример од Италија и навремено да реагират, тие како ништо да не се случило.
 
Последно уредено:
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.725
Поени од реакции
9.449
Како бре доцниме, па ние сме единствена земја во светот моментално навреме шо испозатвори све, со вкупно 18 случаи све испозатворија, колку за пример во сите земји сеуште се функционира нормално, Шпанија дури над 2000 ко стигнаа затворија училишта.
Само совеста на народот кај нас ќе не отепа, од министерство засега се ок со одлуките, дури и чудно со оглед како функциониравме до вчера.
Ми иди в уста да го бацам Филипче кога го слушам на прес хаха, напрајте ме ула ама чоекот засега е светла точка во овој хаос, дава надеж.
Најповеќе ми се допаѓа шо ги слуша советите од граѓаните, се консултира и си одржува збор, видоја дека нема разбирачка со овој народ, се кренаа сите во поголем број дека работењето до 18 часот е промашено, бам по два дена катанец на све.
Бројот ќе расти и баш кога е бројот мал треба остатокот да се заштити затоа што прогресијата на вирусот е висока. Со апсолутни бројки не можеме да се оперира и да се носат мерки. И 0 да беа, ние како држава мора да имаме сериозни мерки и препораки, а не пак да се 10 или 100. Ние сме тотално различна слика од Шпанија или друга ЕУ држава затоа што добар дел, ако не и најголем дел од нашата дијаспора се наоѓа во Италија која е жариште на целиов вирус и хаос кој се случува по цела Европа. Плус соседните држави ни се поврзани со Италија преку разни форми, а ние имаме добар транзит со нив (првенствено Албанија). Дека се по ЕУ нормално функционира не се согласувам и ете проследи по други земји колку и какви мерки има. Почни од нашите соседи.

И зошто викам дека доцниме? Затоа што имаш во изолација преку 200 луѓе, а носиш смешни мерки со работно време на места до 18 часот на места каде што има големи кругови на луѓе. Како да те сфати обичниот граѓанин за сериозноста кога носиш таква смешна мерка која за 2 дена мораш да ја промениш.
Најлесно е да се кажи народот е несовесен и недговорен. Знаејќи ја сериозноста удри уште од граничен премин сериозни контроли и без разлика дали има симптоми или не изолирај го 14 дена, намали протек низ градовите...

И за крај, искрено се надевам и посакувам бројката која е официјална да биде точна.
 

Mojso

uneducated knob
Член од
14 септември 2009
Мислења
4.712
Поени од реакции
12.713
Како можиш да затвориш граница за твој државјанин ? Кај го има то ? Кај ќе одат тие луѓе кои се нашле во таа критична зона ? Ај тие шо живеат таму ќе си седат, тие шо се службено ојдени, или на одмор ? На граница ќе спијат ?
Океј не мора да се затвори граница за свои државјани. Али секој државјанин што треба да влезе во своја држава ќе мора да помине минимум 15 дена во изолација пред да влезе, како и на почеток што се правеше со сите што се враќаа од Кина.
 
Член од
3 февруари 2019
Мислења
2.483
Поени од реакции
4.135
Како можиш да затвориш граница за твој државјанин ? Кај го има то ? Кај ќе одат тие луѓе кои се нашле во таа критична зона ? Ај тие шо живеат таму ќе си седат, тие шо се службено ојдени, или на одмор ? На граница ќе спијат ?
Немој да мислиш дека оваа бројка што влезе во државата биле службено или на одмор... А таквите случаи директно од граница ќе се спроведеа во карантин каде што ќе се третираа и тестираа соодветно, а не да ми се расшетават слободно низ цела држава недела - две, па откако ќе се јават симптомите тогаш да се изолирале.

Друга работа - за 8 Март колку народ се претера влези - излези од државата? Грција троцифрена бројка заразени, тука секој ден влегувааат по 100 коли +, исто и наши одат таму. И сега ние да ги жалиме кај ќе оделе тие луѓе? Нека одат во на мајка му. Е заради то ќе дремиме ние сега дома
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.511
Поени од реакции
18.775
Океј не мора да се затвори граница за свои државјани. Али секој државјанин што треба да влезе во своја држава ќе мора да помине минимум 15 дена во изолација пред да влезе, како и на почеток што се правеше со сите што се враќаа од Кина.
За тоа се согласувам декс треба поголема контрола да се има од полицијата дури тие се во изолацијс, на пример по едно возило да седи пред нивнатс врата и немс излегување до 14 дена, да им нодат тие храна.
Можеа и мораа така да направат, ионака полицијата која е на терен да патролира спие по кафичи,се мафтаат за џабе, вака барем од корист ќе беа
Автоматски споено мислење:

Во Бугарија ?
Шо во Бугарија ?
Таму да одат :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom