Коронавирус (COVID-19)

  • Креатор на темата Креатор на темата Beginner
  • Време на започнување Време на започнување
не знам зашто баш сега би се враќале ако постојано живеат и работат таму. Зарем во Македонија ќе се спасат? Каде цело време збориме дека со здравството е на многу ниско ниво, а и економијата не ни е јака страна. Освен кај држава ни е за нигде, и нас да не дозаразат.
Повеќето се враќаат не за да се спасат, туку да не умрат во туѓина ...
 
Една ретроспектива за да добиеме претстава за експоненцијален раст - пред 3 недели во Италија имаше официјално 3 заразени, денес во Италија има официјално 21.157 заразени и 1.441 мртви.
 
Повеќето се враќаат не за да се спасат, туку да не умрат во туѓина ...
кај ќе умре човек више мање е исто, умрел. Работата е да не, а за да го спречи тоа, да се спаси и себеси и другите па и овде ако има блиски и роднини, баш напротив, не треба да мрда многу многу. Нема потреба од театралност, не сме 1903та.
 
Те сфатив во која насока размислуваш. Но, на луѓето им е многу тешко да останат рационални кога се плашат и се соочуваат со нешто непознато. И вакви муабети си шират меѓу себе и прават непромислени одлуки.

Кога сме кај муабетот да кажам како јас размислував претходниве 4 дена, “заглавена” овде.
Ок ќе решам да си дојдам, имам можност за тоа без проблем.
Тргнуваш од дома, до аеродром, во авион, аеродром во Скопје ... шансите да закачиш нешто се многу поголеми отколку да останеш во самоизолација 2-3 недели додека помине пикот.

Ќе стигнам во Скопје, кој ќе не земе? Некој што го сакам многу, така? За да го заштитам него, одлучувам да викнам такси. Зошто невин човек да ставам под ризик? Што ако веќе сум во период на инкубација и сум го фатила? Со кого да си играм руски рулет?
Стигнувам дома, после толку месеци - дома. Мора да останам во самоизолација 14 дена. Моите не ме виделе многу долго, не сакам да ги потресувам, па се јавувам на другарка да ми купи храна и да ја остави пред врата. Грутка кај сите, психолошки крах.
После 4 дена поминати на тараса, а сите твои околу тебе, се јавува прв симптом и ми текнува на македонското здравство и на моментот исполнет капацитет на инфективна.

Се гушиш со анксиозноста и остануваш рационален, заглавен овде.

Накратко, мислите на една гастрабајтерка, далеку од дома. :) Во искулирана држава за подобар живот. :)
Те сваќам потполно :)
 
Кој прашуваше за банки и други финансиски институции, соопштение од НБРМ, да не се шират дезинформации од ФБ и разни портали


 
Ова што го прави Британија за мене е крајно нечовечки и себично. Испаѓа работава ќе пуштиме да испоумре постарото и хронично болното население и ќе чекаме имунитет да добие народот. Ова за мене е врв на дебилизмот и крајно нечовечки према цел свет.

Британците беа и останаа најгадна инцестоидна нација во светот.
 
Еден пост погоре ќе си ја најдеш причината за казнените.
Среди си ги приоритетите. На ситуација во која факт е од каде излезе епидемијата, и факт е дека потекнува од нација која е апсолутно позната како нација со најниско ниво на свест и култура за хигиена во светот нема да изиграваме космополити. Во секој случај, вирусот е веќе тука и нема поента да млатиме празна слама.
Повторувам, секој пост што оди во оваа насока ќе биде санкциониран и избришан.

Непристрасност и објективност, разгледување на сите можни песпективи во ситуацијава се основи на некоја новинарска и уредувачка етика, особено за вакви портали како вашиов, кои носат огромна одговорност при пренесување и обликување на мислењата за време на вакви непогоди.

We’re still not sure where the Wuhan coronavirus really came from
 
Последно уредено:
Е сега чим ни дојде во Тетово ќе биде забавно... со овие сограѓаниве не моеш да се разбереш во нормални услови не пак сега. [emoji854]

Sent from my SM-A530F using Tapatalk
 
Тешко на вработените во маркетите што се расправаат со секакви дебили на каса. Прочитав дека КАМ ограничиле влегување по група и количини по купувач, по 3 работи од еден производ. (y)

Што ќе им се 10 шишиња зејтин, пакети млеко, 5 вреќички брашно мислиш ќе го сркаат со лажица.
 
Добро што е со прашањава кон Филипче бе сфаќаат ли дека човеков е неврохирург а не УЈП или МВР?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom