Коронавирус (COVID-19)

  • Креатор на темата Креатор на темата Beginner
  • Време на започнување Време на започнување
Британија страшна коцка игра, може да им удри од глава ова да не знаат што ги снашло. Да сум таму би бил напизден до даска, фактички жртвуваат луѓе за да дојдат до тој herd immunity.
Искрено овде сум и ме плаши таа одлука. Живеам блиску до главен пат во мојов град и секој ден минуваат од 10-15 амбуланти коли. Плус ме плаши дека бројката на жртви расте а бројката на оздравени е иста од пред недела дена

Sent from my ONEPLUS A6003 using Tapatalk
 
Реалност е дека со оглед на капацитетите - свака час на Филипче и на тимот позади него.Многу понапредни држави од нас се во полоша состајба а кај нас веќе 2 недела е ситуацијава.Да не беше директоркава ќе беше и уште по океј ама јбг.Сакам да кажам дека ова можеби е и единствена ситуација во нашава историја каде што институциите изреагираа солидно - но за жал народот потфрли енормно.
Не со свесњн/на колку се лажеш. Филипче пена му фати устата од објаснува ња. Ама џабе.

Медицински персонал бате кај нас ти е р'ѓа. Не дај Боже да стасаш во ситуација да ти треба. Не сакам да терам на политика.

Ама некни од Општина Прилеп се слика и в канализација влегоа, правеа, штуреа шо ти знам. За денеска да кажат како од Пласница, Долнени и Кривогаштни полиција ќе интервенира да не влегуваат во градот.

И тоа канализацијава со фотки со лопати беше.

Се мати нешто од Долнени И Пласница, затоа ставија полиција да не влегуваат граѓани од тие општини во Прилеп

И за чудо Прлеп нема ниеден заболен. Не се шалам, доктори ваму иаме шо се пуштени на специјализација и селфињ прават. Анестезиолози ејјј, секој ден селфи.

Епа морона вирус да ги откорне ваквите, од такви патиме.

Партија ме вработила, сеа ќе се ташам.
 
FB_IMG_1584234103678.jpg
Што ви кажав ?

Друга работа

Ако ги затвори сите дома Филипче ке има драми со пеење песни.
Ауу Скопје поготово ке пука од турбо-фолк
 
Прегледај го приврзокот 238045
Што ви кажав ?

Друга работа

Ако ги затвори сите дома Филипче ке има драми со пеење песни.
Ауу Скопје поготово ке пука од турбо-фолк
Ако се случи да не дај Боже дојдиме до таа ситуација како ли ќе се справат со еден куп циганчиња кои питаат, во Битола само на тепсија горе илјадници има, нив кој ќе ги застани, никој.
Во Шпанија знам имаше куќи за бездомници и храна им доставуваа па најверојатно таму ги носат кај нас каде
 
Зашто не им текна и автошколиве да ги затворат, денес низ аеродром се возикаа милион коли, доволно е еден да е во инкубација, отидо преку 50 случаи зашто еден инструктор дневно има 7 кандидати сигурно и со сите комуницира плус мењач, волан, рачки...

Инаку мислам покрај што се скапи тестовите, сигурно не се ко тест за бременост, туку ваљда треба кадар и апарати, може ова е плус лимитација.

Мерката на Словенија е оправдана, секој поблаг вид на корона или обичен грип може да го преседиш дома, освен ваљда ако си со стари личности. Преголема гужва ќе направи порано дс се бира за кој ќе живее.
 
Уште некоја теорија нека убаци, нешто ќе испадне точно. Вчера беше со акциите, денес војниците и тн.
Немам појма да ти кажам право што се имал пишано :pos: Ова последното ми упадна во очи дека имав сретнато некои информации во врска со таа тематика, па зато и го спомнав, а во одреден степен и има смисла. Нема да е прв пат да се користат вакви ситуации кога фокусот на светот е свртен кон нив, за обавување други работи во позадина
 
Што може да се случува, тоа е планирна вежба уште од поодамна, што треба да се одржи во април и мај, но се сомневам дека ќе се случи затоа што Трансатланскиот пакт се распаѓа од вирусов.
 
Исто и овој.

FB_IMG_1584205293792.jpg
Btw, кога се инсистира на јадење гомна за потеклото на вирусов и како тој "случајно им избегал од американска лабораторија", не чув за една контра-теорија дека можеби е кинески вирус, пошо истиот еба мајката во Европа многу повеќе, дека ги посра сите економии базирани на нафта која ја контролира Америка во сојуз со арапските земји и трговијата со истата е исклучиво во американски долари....барем да прочитав од "заговорнициве" нешто паметно, па да ми беше интересно. Бај д веј, економскиот раст на Кина е нешто што на сите им боде очи и нешто што најмалку може да се контролира....цела планета зависи од нивните производи. После вирусов истите ќе бидат уште повеќе барани.
 
ima strana vlada i mozes da pises komentar jas napisav i vednas go sankcioniraa ,sto licese toa so avtomobili grci po 300 avtomobili vleguvaat i odat na stomatologija kaj privatnacite a tie alcni za pari rabotat ful guzva kako na sistematski i posle maskite rakavicite se od otpad od tie usti vo kanta nadvor a na dve metra okolu na okolu od ordinacijata ziveat luge so mali deca koj si igraat ,plus treba nekoj toa da go pokupi smetot ,ako e zabrana neka e zabrana za se grckite zabi ne se pobitni od zdravjeto nase
 
Последно уредено:
Mislu deka taksis mi prenese,kivase
Ke sedu doma uzivajte
zarazi se i ja i Makedonija
a na mtv pred dozdot
so maki
Обично нема кивање и течење нос со тој вирус.
Овој период многумина киваат од алергија.
 
Исто и овој.

Прегледај го приврзокот 238046
Btw, кога се инсистира на јадење гомна за потеклото на вирусов и како тој "случајно им избегал од американска лабораторија", не чув за една контра-теорија дека можеби е кинески вирус, пошо истиот еба мајката во Европа многу повеќе, дека ги посра сите економии базирани на нафта која ја контролира Америка во сојуз со арапските земји и трговијата со истата е исклучиво во американски долари....барем да прочитав од "заговорнициве" нешто паметно, па да ми беше интересно. Бај д веј, економскиот раст на Кина е нешто што на сите им боде очи и нешто што најмалку може да се контролира....цела планета зависи од нивните производи. После вирусов истите ќе бидат уште повеќе барани.
Дали вирусот се појавил случајно, или е дело на Америка/Кина ќе се види најдобро кога сето ова ќе заврши. Кога ќе се стави се на кантар, кој што добил, кој што изгубил, многу работи ќе се појасни. Засега би ги отфрлил американците пошто ситуацијата не им оди во полза. Кинезите од друга страна реагираа спремно, за кратко време воведоа контрола да не речам со минимални загуби.
 
Многу паметно што им дале документ за прифаќање кривична одговорност ако не почитуваат самоизолација. Само така со "gi zaebav site hehe" категорија на народ.
 
Дали вирусот се појавил случајно, или е дело на Америка/Кина ќе се види најдобро кога сето ова ќе заврши. Кога ќе се стави се на кантар, кој што добил, кој што изгубил, многу работи ќе се појасни. Засега би ги отфрлил американците пошто ситуацијата не им оди во полза. Кинезите од друга страна реагираа спремно, за кратко време воведоа контрола да не речам со минимални загуби.
Конечната математика секој ќе гледа да ја сврти у своја полза.

Инаку, самата структура на вирусот, тотално лаички ќе ја коментирам, е практично генетски материјал обвиткан со протеин, кој структурно го држи обична масна материја, разградлива со уште пообичен сапун. Сапунот ги врзува мастите и практично не убива бактерии, туку го отфрла мрсниот слој од површината на рацете. Во случајов обичниот сапун целосно ја разградува структурата на самиот вирус, што уште повеќе ме наведува на тоа да мислам дека не е избеган од никаква лабораторија, туку од смрденине кинески пазари - кој имал прилика да патува во Азија, знае за што зборам - за поимањата за хигиена во одредени делови од Азија.
Затоа и се инсистира да се мијат раце интензивно. Инстинктивно, лицето го допираме дневно стотици пати и практично поголема е веројатноста сами да го внесеме вирусот со допир на рака на уста, очи, внатрешната страна на носот, отколку некој да ни се искашла у фаца. Така да, исчистете си по дома, а ако излегувате до продавница или на работа, мијте раце почесто.

Во врска со другите мерки, еве еден пост, од кој намерно го кропнав делот во кој се спомнуваат личности и институции за да не бидам јас погрешно разбран. Постот е Public, ако ви треба, побарајте го.
Untitled.jpg
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom