пошо нема заедничка тема за листите за кандидати за пратеници, решив само овде да напишам. btw, ова важи за двете најголеми квази македонски партии.
мислам дека полоши листи досега немало (никогаш не ни имало добри). познавајќи ги лично некои од кандидатите за пратеници од изборната единица каде што живеам слободно можам да кажам дека се работа за тешки неедуцирани дебили кои се нонстоп во еготрип и имаат минимален вокабулар.
ова е жалосно.
Околу изборот на кандидатите веројатно е таков заради тоа што и не се очекува некоја особена интелектуална вештина од нив, единствено треба да се вешти во кревање рака, а за се друго има кој да се грижи. Како друга причина е што изборот е за дадена маса на избирачи кои се веќе клиентелисти и ним и магаре да им предложиш тие би го гласале -затоа што е нивно магаре.
Оние кои не се фатени во мрежа ќе си пискараат ваму таму, ќе си се нервираат и на крај или ќе си седнат на газето или и понатаму ќе се обидуваат со невозможна мисија. (медиумскиот мрак е тотален, во такви услови е многу тешко било што да се направи!)
Имаш мала непрецизност околу тнр “македонски партии“, (ако мислеше на ДПсНЕ и СДСс), едните има неколку години рекоа дека не се патриотска партија а пред некоја недела и дека не се македонска а другите да ти биле граѓанско центристичка партија, така да просторот е празен, ќе видиме дали ќе влети некој.