Дали би простиле неверство?

  • Креатор на темата city
  • Време на започнување
K

kat.<3

Гостин
Зборуваме за простување на неверство, а не давање дозвола на партнерот да ни биде неверен, да спие со пола град...
Јас лично можам да простам, еднаш, можеби и двапати но третиот пат сигурно дека не.
Можел да се воздржи-велите, но понекогаш човек не може да ги контролира своите нагони па колку и искрено да е заљубен.Да-треба да се контролираат нагоните, треба да се воздржуваме но ако некогаш утнеме во тоа, мислам дека заслужуваме да ни биде простено.
можеби и најтешко е за човекот да ги контролира страстите, да научи како да го разликува гласот на страстите од гласот на душата. Да, во право си за тоа дека понекогаш човекот не може да ги контролира страстите, дури кога вистински е заљубен, но не секој би го извалкал она што е чисто, една нежна љубов, едни раце кои го бараат само него, срце кое само него може да го сака, никој друг на земјата.
Но затоа што само човек е тој што би го послушал гласот на страстите, а да е човекот кој е единствен во едни очи, како ли може нешто да му прекори, вистинската љубов се простува, се извинува, се разбира и ништо не прекорува, колку и да боли душата, можеби ќе престане еден ден :sun:
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
, колку и да боли душата, можеби ќе престане еден ден :sun:
Можеби ќе престане.
А што ако не престане? Што ако човек ја изгуби довербата и постојано живее во страв повторно да не биде изневерен? Што ако постојано мисли како тоа љубениот/љубената ја/го преварил/а?
Зарем не преминува тоа во мачење?

Да, точно е тоа дека вистинската љубов простува, се извинува, се' разбира и ништо не прекорува, но во вистинската љубов нема место за други личности.:smir:
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.202
Поени од реакции
1.943
Секогаш може да ги контролира своите нагони - нели сме затоа различни од животните.
Ете видиш да се работеше за животни ќе разберев, али да ми каже некој дека човек не може да се воздржи да легне или да се мува со некоја си таму - за мене се чисти глупости,а тој што ќе опрости за мене е наивен човек кој многу розево ги гледа работите и живее во облаци.
Добро.Секогаш може но, секогаш не сака.:)
Е сега па, зошто не сака е прашањето нели...Тоа нема да се трудам да го анализирам но не го сметам за нешто што не може да се прости, колку и да можело да се спречи.
Ако простиш си наивен, многу розево ги гледаш работите и живееш во облаци? Не знам како ги поврза овие работи но јас сметам дека понекогаш, да простиш некому-е најтешко.Но кога има љубов во тебе, едноставно ќе замижиш, ќе поминеш и низ тоа...ќе простиш.Но не значи дека си наивен, значи дека си дал втора шанса на љубовта.
Не сакам да се повторувам но пак ќе кажам-тоа не значи дека даваш дозвола да те изневерува и понатаму.Ако изневерувањето продолжи, со текот на времето и љубовта што си ја имал ќе исчезне.А и да не исчезне, ќе бидеш длабоко повреден и ќе немаш сили да простиш зашто простувањето бара да бидеш силен.

едит:

Да,точно е тоа дека вистинската љубов се простува, се извинува, се разбира и ништо не прекорува,но во вистинската љубов,нема место за други личности.:smir:
Не простувате неверство а се согласувате дека љубовта простува се'? Тогаш значи, љубовта според вас-не простува се'.

Во вистинската љубов нема место за други личности но, само во срцето.
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Што ако човек ја изгуби довербата и постојано живее во страв повторно да не биде изневерен?Што ако постојано мисли како тоа љубениот/љубената ја/го преварил/а?
A секако ќе дојде до ова ако дозволите. Ако сте спремни да простите, бидете спремни и да дозволите да ја враќа вашата доверба во него. А секако нема да помогнете доколку му префрлувате цело време. Ако не можеш да се воздржиш и знаеш дека целосно не можеш да заборавиш, подобро не давај шанса да се поправат работите. Во спротивно, ете ти вистинско измачување:)
 
K

kat.<3

Гостин
Можеби ќе престане.
А што ако не престане?Што ако човек ја изгуби довербата и постојано живее во страв повторно да не биде изневерен?Што ако постојано мисли како тоа љубениот/љубената ја/го преварил/а?
Зарем не преминува тоа во мачење?

Да,точно е тоа дека вистинската љубов се простува, се извинува, се разбира и ништо не прекорува,но во вистинската љубов,нема место за други личности.:smir:
целосно си во право за тоа, во вистинската љубов има место само за една единствена личност.
но кога срцето простува, можеби и не заборавило, но сите прекрасни нешта, се тоа толку чисто тоа погрешното го покрива, простувањето е вистинско само кога и да боли срцето, никогаш ништо нема да му спомнеш, ќе го сакаш уште посилно зашто ја гледаш љубовта во очите за кои живееш :sun:.
 

Ece

*Sunshine*
Член од
7 јули 2006
Мислења
2.567
Поени од реакции
47
Никогаш! Ниту би простила, ниту би барала да ми прости ако го изневерам. Тоа е невозможно, колку и да ти прости некој, тоа секогаш останува, не може да биде како никогаш да не се случило, се менува се и не може ништо да биде како што било порано. Џабе и да му простам, само двајцата ќе се мачиме, подобро нека си биде со таа со која што ме изневерил. А ако ме изневерил со некоја од тие што стојат пред Македонска телевизија, нека отиде пак. :pos:
 
K

kat.<3

Гостин
Во вистинската љубов нема место за други личности но, само во срцето.
само срцето знае кој е човекот кој тоа срце го сака од себеси посилно, најголемиот начин на кој можеш да се предадеш некому е со срцето, не со телото:sun:.
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Простив, то ест прејдов преку тоа или како да е, но залудно беше, тоа беше само индикатор дека нема ништо меѓу нас, само занесеност... И сега пак би го направил тоа, нема штета. Младост... :icon_cool
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Добро.Секогаш може но, секогаш не сака.:)
Е сега па, зошто не сака е прашањето нели...Тоа нема да се трудам да го анализирам но не го сметам за нешто што не може да се прости, колку и да можело да се спречи.
Ако простиш си наивен, многу розево ги гледаш работите и живееш во облаци? Не знам како ги поврза овие работи но јас сметам дека понекогаш, да простиш некому-е најтешко.Но кога има љубов во тебе, едноставно ќе замижиш, ќе поминеш и низ тоа...ќе простиш.Но не значи дека си наивен, значи дека си дал втора шанса на љубовта.
Не сакам да се повторувам но пак ќе кажам-тоа не значи дека даваш дозвола да те изневерува и понатаму.Ако изневерувањето продолжи, со текот на времето и љубовта што си ја имал ќе исчезне.А и да не исчезне, ќе бидеш длабоко повреден и ќе немаш сили да простиш зашто простувањето бара да бидеш силен.

едит:



Не простувате неверство а се согласувате дека љубовта простува се'? Тогаш значи, љубовта според вас-не простува се'.

Во вистинската љубов нема место за други личности но, само во срцето.
Пак ќе речам - ако е неверство, НЕ е љубов. И затоа не би простила. Дури и да прифатам извинување, ќе ја прекинам врската колку и да ми е тешко. Ако некој ме изневери, нема доволно силни чувства за мене и тоа е доволна причина да си заминам.

A секако ќе дојде до ова ако дозволите. Ако сте спремни да простите, бидете спремни и да дозволите да ја враќа вашата доверба во него. А секако нема да помогнете доколку му префрлувате цело време. Ако не можеш да се воздржиш и знаеш дека целосно не можеш да заборавиш, подобро не давај шанса да се поправат работите. Во спротивно, ете ти вистинско измачување:)
Се согласувам. Но, не верувам дека и некој може туку така да продолжи и прости и дека нема понекогаш да му пролетува таа мисла низ глава. Искреноста и довербата се темел за една врска. Ако се сруши едното од нив, во случајов довербата, врската ќе биде само измачување.

целосно си во право за тоа, во вистинската љубов има место само за една единствена личност.
но кога срцето простува, можеби и не заборавило, но сите прекрасни нешта, се тоа толку чисто тоа погрешното го покрива, простувањето е вистинско само кога и да боли срцето, никогаш ништо нема да му спомнеш, ќе го сакаш уште посилно зашто ја гледаш љубовта во очите за кои живееш :sun:.
Веќе реков, ако некој ме изневери - за мене тој нема доволно јаки и силни чувства и не чувствува љубов. Ќе продолжам да го сакам, но ќе си заминам.
Ќе се навраќам на убавите спомени, тие ќе останат убави сеќавања и секогаш ќе биде дел од моите мисли и ќе има дел од моето срце.
Ама ќе си заминам.
 
K

kat.<3

Гостин
Веќе реков,ако некој ме изневери - за мене тој нема доволно јаки и силни чувства и не чувствува љубов.Ќе продолжам да го сакам,но ќе си заминам.
Ќе се навраќам на убавите спомени,тие ќе останат убави сеќавања и секогаш ќе биде дел од моите мисли и ќе има дел од моето срце.
Ама ќе си заминам.
љубовта е повеќе давање отколку земање, таа не очекува за возврат повеќе од она толку нежно и чисто што и е дадено, среќна е со тоа, само гледа како таа може да даде повеќе, зашто се се чини малку.
да заминеш да, ако гледаш во неговите очи дека нема љубов за тебе нема ништо друго што можеш да сториш, само тоа е праведното, но ако во тие очи ја гледаш љубовта, го гледаш сето она што си го гледала секогаш, како ли да заминеш? :sun:.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
љубовта е повеќе давање отколку земање, таа не очекува за возврат повеќе од она толку нежно и чисто што и е дадено, среќна е со тоа, само гледа како таа може да даде повеќе, зашто се се чини малку.
да заминеш да, ако гледаш во неговите очи дека нема љубов за тебе нема ништо друго што можеш да сториш, само тоа е праведното, но ако во тие очи ја гледаш љубовта, го гледаш сето она што си го гледала секогаш, како ли да заминеш? :sun:.
Јас сум борец. Секогаш се борам за љубовта и ако сметам дека вреди да се борам, ќе го направам тоа.
Но, преку неверство не можам да поминам. Како што можам јас да сакам и да се посветам на врската и да не изневерувам - така може и тој. Ако се случи неверство, тоа ми е доволен знак дека не ме сака. Можеби е затрескан - ама не ме сака.
Залудни се понатамошните убедувања, солзи, кажување те сакам и каење. What's done it's done.
Ако се извини, ќе го прифатам извинувањето, затоа што не сакам да бидам огорчена и да имам во мене лоши чувства.
Но, ставам линија, ставам точка. Се вртам и си заминувам. Колку и да ми е тешко, колку и да не сакам, колку и да сум скршена.
Не можам да останам во таква врска. Не можам.
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.202
Поени од реакции
1.943
Залудни се понатамишните убедувања,солзи,кажување Те сакам и каење.What's done it's done.
Би биле залудни само ако не се искрено кажани.Но, ако некој искрено се покае и ти рече дека те сака...треба малку да се замислиш.

Сфатив дека за тебе неверството е доказ дека не те сака, но...телесното и душевното се два различни поими.
 
K

kat.<3

Гостин
Јас сум борец.Секогаш се борам за љубовта и ако сметам дека вреди да се борам ќе го направам тоа.
Но,преку неверство не можам да поминам.Како што можам јас да сакам и да се посветам на врската и да не изневерувам - така може и он.Ако се случи неверство,тоа ми е доволен знак дека не ме сака.Можеби е затрескан - ама не ме сака.
Залудни се понатамишните убедувања,солзи,кажување Те сакам и каење.What's done it's done.
Ако се извини ќе го прифатам извинувањето,зашто не сакам да бидам огорчена и да имам во мене лоши чувства.
Но,ставам линија,ставам точка.Се вртам и си заминувам.Колку и да ми е тешко,колку и да не сакам,колку и да сум скршена.
Неможам да останам во таква врска.Не можам.
за секој човек е различно, секој чувствува различно, познавам луѓе што не би простиле, многу блиски луѓе, затоа можам да кажам дека те разбирам, понекогаш она што е скршено, не можат парчињата да се вратат назад и да се состави мозаикот пак, да биде цел:sun:.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Би биле залудни само ако не се искрено кажани.Но, ако некој искрено се покае и ти рече дека те сака...треба малку да се замислиш.

Сфатив дека за тебе неверството е доказ дека не те сака, но...телесното и душевното се два различни поими.
Јас ја разбирам твојата поента, но покрај тоа што викам по 110-ти пат дека е доказ дека не ме сака (знам напорна сум:)), разочарување ќе биде и фактот дека на било кој начин не сум му доволна, па морал тоа да го бара во друга девојка.
Тоа е и пораз истовремено и за мене.
Премногу сум емотивна и тоа не би го поднела.
Ќе си заминам, за да спречам уште еднаш да ме изневери, бидејќи ништо не ми гарантира дека нема да ме изневери пак, а ако по втор пат се случи тоа, јас ќе бидам уништена.
Знаеш како викаат - ако ме измамиш еднаш, тоа е твоја грешка, ако ме измамиш по втор пат, тоа е моја грешка.
И како што би рекле Србите: Боље спречити, него лечити.:smir:

уф ме изморивте.:pos:
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.897
Поени од реакции
11.198
Aко човек искрено сака нема ни да му падне ни на крај на памет да изневери!
Totalno se soglasuvam so ova, nemam poveke sto da dodadam.

Да,не е само верноста критериум дека некој е заљубен,но дефинитвно е еден од нив и ако не го исполнува тој критериум - Goodbye my lover,goodbye my friend!

Љубовта се докажува постојано,преку било какви постапки.Верноста е една од нив.
Uste eden post so koj celosno se soglasuvam.

Јас лично можам да простам, еднаш, можеби и двапати но третиот пат сигурно дека не.
Mnogu krediti davash. Maksimum ednash bi prostil, ako se sluchi vtorpat teram sve u pi*ku mater.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom