Сосема очекувана листа, барем според до сега проектираната политика на раководството на овој субјект.
Забелешките кон поединци се во зависност од афинитетите на оној што коментира, а веќе има обиди да се насочи фокусот кон работи од периферно значење.
За мене предложените носители на листи говори за тоа каква политика можам да очекувам во наредниот период во колку оваа политиканстка групировка успее да се наметне и состави влада. Да нема дилеми и вам ви е познато каква политика можете да очекувате.
Ако не знаете каква политика да очекувате еве во два збора - конзервирање на прокетот Северџистан и само мали козметички промени кои треба да го залажат народот-Македонците дека ете нешто се работи!
Имаше еден коментар кој го оправдува ставањето на Бишевац на листата како добар маркетингшки трик, а самиот говори дека никогаш не би гласал за оваа партија ама ете од неутрален аспект говори дека имало добри и лоши потези, многу подобро ќе беше вакви неутралци да им предложат на овие од ДПсНЕ да го стават Крсто на една од листите, како носител се разбира, за да имаат уште поголем маркетингшки импакт!
Пред неколку седмици се обидов поставив прашање, дали и колку состојбава со заразата ќе влијаее на претстојните избори. По се изгледа прерано сум поставил такво прашање затоа што некои не сакаат да мислат неколку чекори понапред туку од денес до утре.
Денес има тнр. лидерски состанок (ебати лидерите кои не водат, веќе сите станаа свесни кон што не водат ама уште се препелкаат и продолжуваат со сеење на магла), состанокот е за одлука дали да се поместат или одложат изборите. Еден од потребните услови, прогласување на пандемија од страна на СЗО е исполнет, вториот мерката за прекин со работа на градинки, училишта и... е исто така исполнет, сега следува изјава од лидерашиве како тие се грижат за здравјето на луѓето па ќе ги поместат изборите за 15 односно 30 дена.
Јас типувам на 30 дена, не знам зошто едноставно ми изгледа пологично. Проблемот е што погалвиците си дозволуваат да носат вакви одлуки во име на институциите на системот, и според мене за да има одложување потребно е да се воведе вонредна состојба, па да се свика веќе распуштениот состав за да си го продолжи мандатот, чекај чекај од каде ми е оваа познато? Вториот фактор кој има уште поголемо влијание за одложување исто така се тркала и се движи кон нас, неговиот потенцијал ќе можеме да го процениме за 1-2 месеци значи повторно иста приказна.