Македонска берза

Член од
20 март 2018
Мислења
18
Поени од реакции
10
Јас мислам дека е крајно време модераторот да превземе нешто против стокава неваспитана што не нахрани со гениталиите, што миени што немиени
Ahahhaahahaha Malce i da se nasmeeme na cela maka
 
Член од
27 ноември 2009
Мислења
963
Поени од реакции
921
Јас мислам дека е крајно време модераторот да превземе нешто против стокава неваспитана што не нахрани со гениталиите, што миени што немиени
Стокава неваспитана кога со убаво ви кажуваше вие ме правевте ненормален. Убаво кажав и пак ке кажам, на човек знаење со зорт неможеш да му дадеш.

А постот убаво си е цензуриран. Сега што ти имаш бујна машта тоа е друго :)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: MSE
Член од
20 март 2018
Мислења
18
Поени од реакции
10
E ova e potop, nalet i korona i virus i berza i obrazovanje i sve u picku mater, ah sto neam pari,da kupam sega mu e majkata
 
Член од
27 ноември 2009
Мислења
963
Поени од реакции
921
Интересно е што врз база на погрешна претпоставка и логичко расудување доаѓаш до вистински резултат и си убеден дека е така.

Пандемија е непредвидлив настан со глобални последици. Паниката и економските трагедии кои ќе следат се тотално неповрзани со твоите размислувања од пред 2-3 месеци. Ниту споредбите со претходниот крах на Македонска берза се еквивалентни.

Така да постот од вчера на кој ти коментирав ти ДРЖИ ептен вода и си е на место.
Тоа што си предвидувал од пред 2-3 месеци што ќе се случи, ЈОК ;)
Берзите низ светот а и многу повеќе МСЕ беа преценети и пред Корона. Корона само ја прелеа чашата, извади една карта ( одоздола ) од целата кула карти и нормално е сега све да се распадне, ама најлесно е да се обвини Корона ( или јас ) за падот и вашите загуби. Ако обвинувајќи ме мене ќе ви овозможи полесно да спиете, тогаш пеким, нека сум јас крив за потопов.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: MSE
Член од
17 октомври 2017
Мислења
855
Поени од реакции
1.471
Mislam nuklearna svetska vojna da izbieshe, nemashe vaka da pretrpat ekonomiite. Sve zaradi eden prilicno bezopasen virus, od kojsto umiraat samo tie sto se veke pred umiranje.

Ej cela svetska ekonomija ja poebaa! A od kade pari za lekovi aparati bolnici ako nema ekonomija?

Nisto, ostanuva samo da se nadevame deka razumot konecno ke preovlada. I deka nema coveshtvovo svesno da se samoubie.
 
Член од
27 ноември 2009
Мислења
963
Поени од реакции
921
прашуваат што со парите...

три магични букви, стои продажен налог злато вреден, 6 акции по 12.000 денари...

П
К
Б
 
Член од
19 август 2007
Мислења
941
Поени од реакции
302
Берзите низ светот а и многу повеќе МСЕ беа преценети и пред Корона. Корона само ја прелеа чашата, извади една карта ( одоздола ) од целата кула карти и нормално е сега све да се распадне, ама најлесно е да се обвини Корона ( или јас ) за падот и вашите загуби. Ако обвинувајќи ме мене ќе ви овозможи полесно да спиете, тогаш пеким, нека сум јас крив за потопов.
Врз основа на кои податоци и студии изнесуваш тврдење дека берзите низ светот беа преценети?
Како го изнесуваш тоа тврдење за СИТЕ берзи?
Како ќе беше поразлична ситуацијата да не беа берзите преценети, а да се појавеше Корона?
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.325
Поени од реакции
7.682

Погрешно се изразува, тоа се вика, беа спремни/зрели за корекција, како и што секогаш имало.
Ова со коронава се погоди ко 1 на 10, а и сите политичари се молеа за вакво нешто, за да се оправдаат пред народот за нивните негативни ефекти врз економиите. Да не им одговараше немаше да се труби на 100% медиуми.
 
Член од
11 јули 2017
Мислења
310
Поени од реакции
490

По секој можен параметар беа берзите преценети, да не ги редам сите.
Те молам дади барем еден параметар по кој не беа прецените берзите баш да видам.
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.457
Поени од реакции
1.883
прашуваат што со парите...

три магични букви, стои продажен налог злато вреден, 6 акции по 12.000 денари...

П
К
Б
Тие 6 акции може да ги соберат и Кутревци пошо имаат право на купување сопствени до 12.000 денари. Ваљда им дошло памет дека досега можеле цел фри флот да го купат за беспари.

Е веќе за тие 2 акции на 13.200, тоа е отворено за сите :pos:
 
Член од
19 август 2007
Мислења
941
Поени од реакции
302
Погрешно се изразува, тоа се вика, беа спремни/зрели за корекција, како и што секогаш имало.
Ова со коронава се погоди ко 1 на 10, а и сите политичари се молеа за вакво нешто, за да се оправдаат пред народот за нивните негативни ефекти врз економиите. Да не им одговараше немаше да се труби на 100% медиуми.
Пак ќе прашам. Врз основа на КОИ податоци СИТЕ светски берзи беа зрели за корекција?
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.325
Поени од реакции
7.682
Пак ќе прашам. Врз основа на КОИ податоци СИТЕ светски берзи беа зрели за корекција?
А врз КОИ податоци СИТЕ берзи растат ??? Ајде сподели ти па ќе ти дадам 1000 контра аргументи зашто не требало да пораснат.

САД беше зрела за корекција, зашто 10 години само растеше, го нарекуваа најпесимистичкиот раст во историјата. Професионалци, аналитичари, изгорени од минатото, како @Blizzard секоја година, на секое малку црвено, одма викаа МЕЧКА, а мечката не само што не заигра, туку биковски си рушеше рекорди.

Затоа беше и претходниот муабет со Дар-Мак и Кире, знаењето од полето на финансии НЕ е доказ/услов дека ќе профитираш на берза.
 
Член од
19 август 2007
Мислења
941
Поени од реакции
302
По секој можен параметар беа берзите преценети, да не ги редам сите.
Те молам дади барем еден параметар по кој не беа прецените берзите баш да видам.
По СЕКОЈ параметар беа СИТЕ берзи преценети?
И бараш од мене контрапараметар :)
Ќе најдам прва работа на Гугл и ќе ја тропнам да се направам паметен.

Јас не побарав параметри. Прашав врз основа на кои податоци и студии е изнесено ова СИТЕ/СИТЕ тврдење.
Не помислив дека некој од нас седнал берза по берза, акција по акција да анализира. Тие што го прават тоа не висат по форуми како нас. Но затоа објавуваат резултати од тие анализи, и може некаде да се прочитаат.

Па го барам изворот.
Автоматски споено мислење:

А врз КОИ податоци СИТЕ берзи растат ??? Ајде сподели ти па ќе ти дадам 1000 контра аргументи зашто не требало да пораснат.

САД беше зрела за корекција, зашто 10 години само растеше, го нарекуваа најпесимистичкиот раст во историјата. Професионалци, аналитичари, изгорени од минатото, како @Blizzard секоја година, на секое малку црвено, одма викаа МЕЧКА, а мечката не само што не заигра, туку биковски си рушеше рекорди.

Затоа беше и претходниот муабет со Дар-Мак и Кире, знаењето од полето на финансии НЕ е доказ/услов дека ќе профитираш на берза.
Ќе се надоврзам на претходниот одговор.
Не би знаел што да ти споделам, ниту од каде да ти споделам.
Не аргументирам дали е така или не е така за да ме „начекаш“ со 1000 контра аргументи.

Искрено, општо тврдење од типот СИТЕ/СВЕ ми е на прв поглед неиздржано. Бидејќи тоа вклучува што знам, берза во Шведска наспроти берза во Монголија.
Што не значи дека не е точно.
Само личи неиздржано.

Затоа прашав за основа на тоа тврдење :)
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom