Дежурна Ординација! #2

  • Креатор на темата Креатор на темата Ѓорѓески
  • Време на започнување Време на започнување
пред некој ден имав незгоден пад, паднав бочно на рамо, отече многу и помодре ( иако големи болки немав ), отидов на лекар за снимање и во резултатот ми пишуваше Фрактура на хирушки врат на лев хумерус со отчеп на туберкулум мајус со импактација на фрагменти.
Искрено раката не можам да ја мрднам нагоре инаку некој големи болки немам, докторката нешто ме исплаши дека може би ќе мора и на операција да се иде ( вградување на плочка ), ме интересира дали навистина е сериозна толку многу повредата и за колку време оздравува ваков вид на повреда.
инаку раката не ми е во гипс туку мобилизирана со ортопетско помагало за фиксирање на раката.
I0000000.jpg
 
Attachments

  • I0000001.jpg
    I0000001.jpg
    812,5 KB · Прегледи: 8
пред некој ден имав незгоден пад, паднав бочно на рамо, отече многу и помодре ( иако големи болки немав ), отидов на лекар за снимање и во резултатот ми пишуваше Фрактура на хирушки врат на лев хумерус со отчеп на туберкулум мајус со импактација на фрагменти.
Искрено раката не можам да ја мрднам нагоре инаку некој големи болки немам, докторката нешто ме исплаши дека може би ќе мора и на операција да се иде ( вградување на плочка ), ме интересира дали навистина е сериозна толку многу повредата и за колку време оздравува ваков вид на повреда.
инаку раката не ми е во гипс туку мобилизирана со ортопетско помагало за фиксирање на раката.
Прегледај го приврзокот 237409
На ртг гледам дислокација. Препорачувам хируршка имплантација на ОСМ во спротивно ќе следуваат ограничени движења и болки со текот на времето. Со помин
 
а каде се вршат тие операции и дали се тешки, нешто препорака за хирург
 
Ортопедија односно трауматологија. Препорака др. Небојша Настов -стара градска болница
Небојша е супер за рамо. Во четврток е во амбуланта, побарај приоритетен упат.
Или кај мојот колега др. Зоран Несторовски во ГОБ 8ми Септ
Исто во четврток ординира.

Не се плаши од операцијата, успешно се средува ваков проблем. Се пристапува со отворена метода и се фиксира со ОСМ, постоперативно околу еден месец, вклучено и физ. терапија. Сепак тоа е индивидуално кај секој пациент.
 
Последно уредено:
Ортопедија односно трауматологија. Препорака др. Небојша Настов -стара градска болница
Небојша е супер за рамо. Во четврток е во амбуланта, побарај приоритетен упат.
Или кај мојот колега др. Зоран Несторовски во ГОБ 8ми Септ
Исто во четврток ординира.

Не се плаши од операцијата, успешно се средува ваков проблем.
ти благодарам другар, докторката од градска ми рече дека може би ќе заздрави, ќе чекаме 3 недели, но ако не ќе мора на операција
 
Само што ми ги донесоа резултатите од компјутерска томографија во извештајот пишува:
"фрактура на хирушкиот врат од лев хумерус со зафакање и фрактура на туберкулум мајус без значајна дислокација на фрагментите. Главата од хумерусот се зглобува со гленоидот без луксација на истата."
Како што ми кажа докторката сега треба да помине некое време за да се види како иде заздравувањето но за операција ништо не спомна
за побрзо заздравување земав таблети калциум 600 со витамин д, дали треба уште нешто да се пиезатоа што од време на време качувам и блага температура
 
Магнезиум цитрат, калциум не ти треба. Вит Д 2000 единици на ден најмалку. K2 MK7 180 mcg/ден, магнезиум најмалку 300мг/ден.
 
Сакам нешто да споделам со вас..Последниве 3-4дена скоро секој час ми се моча и тоа неколку капки и на крај премногу ме боли кога ќе ми допре осеќам болка ме пецка на крај кога ќе завршам со мочање дури и понекогаш очите ќе ми се насолзат,дали знаете што може да ми биде?некоја бактерија нешто или?не знам што може да ми биде?кој се разбира или му се има десено нека ми каже?
 
Купи си ѓумбир и џвакај мали парценца повеке пати у ден. Малце е љут ама брзо престанува кога ке се напиеш вода,
важно за брзо време ќе ти помине инфекциката на бешиката, ако не истио ден утредента сигурно. Од лично искуство.
 
Сакам нешто да споделам со вас..Последниве 3-4дена скоро секој час ми се моча и тоа неколку капки и на крај премногу ме боли кога ќе ми допре осеќам болка ме пецка на крај кога ќе завршам со мочање дури и понекогаш очите ќе ми се насолзат,дали знаете што може да ми биде?некоја бактерија нешто или?не знам што може да ми биде?кој се разбира или му се има десено нека ми каже?
90% уринарна инфекција. Пиј многу, МНОГУ вода и сок/чај од брусница.
 
Сакам нешто да споделам со вас..Последниве 3-4дена скоро секој час ми се моча и тоа неколку капки и на крај премногу ме боли кога ќе ми допре осеќам болка ме пецка на крај кога ќе завршам со мочање дури и понекогаш очите ќе ми се насолзат,дали знаете што може да ми биде?некоја бактерија нешто или?не знам што може да ми биде?кој се разбира или му се има десено нека ми каже?

И Бактрим можеби, ако е уринарна или циститис. Витамин Ц исто, таквите бактерии тешко опстојуваат во кисела средина. Со лесно, побрз помин!
 
Последно уредено:
... јас пишувам ама кој ме чита, ибупрофенот не поради коронавирусот туку воопшто треба да го одбегнувате, имате други аналгетици!
...токму така, ама ме мрзеше да објаснувам, кафетинот има идеална формула комбинација од 4 компоненти парацетамол, пропифеназон, кофеин и кодеин што покрива токму 4 различни симптоми од различно потекло, со една таблета 4 места како извор на болка покривате!
Да, тоа сакам да кажам. Ретко имам таква главоболка која е ( претпоставка ) од спондилозата и не помага кафетин воопшто.
Избегнувам да пијам аналгетици колку можам, но, кога доаѓа кнап пијам кафетин, после 2 часа станува неподносливо и морам бруфен и се смирува. Па што ќе пијам и кафетин и бруфен, одам директно на бруфен.

Ибопруфенот е генерално еден од најбезбедните NSAID достапни незнам од кај ти се тебе приказниве, ај ако не да се клукаме тогаш Аналгин што е баниран во 90% од цивилизираниот свет.
source: https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC1855338/
... немам ништо против, секој ќе употребува тоа што сака, само ако се натпреваруваме со клинички студии не знам до каде ќе стигнеме јас имам искуства од пракса, ти не знам од каде можеби од клиничкава студијава што ја постираш од 2007 година пред цели 13 години, еве ти понова од 2017 година околу антиинфламаторни нестероидни лекови конкретно ибупрофенот! инаку околу Аналгинот (metamizol) не коментирав, беше зборот за аналгетикот Кафетин!

ice_screenshot_20200315-203541.png

,,...сегашната употреба на сите студирани НСАИЛ, вклучително и напроксен, е поврзана со зголемен ризик од акутен миокарден инфаркт...,,
клиничка студија ТУКА !
 
@bijons ...te molam ako sakas odgovori mi.
Eve veke edna nedela kako imam cuden problem, bolka od levata strana na stomakot, negde pod srceto I toa mi se slucuva pri smeenje.
Dijafragmata li e, muskul nekoj, no mnogu e neprijatna tapa bolka.
 
Прашање: рубела е ситната сипаница, онаа која многумина ја прележаа како мали? Или е нешто слично за која сме добиле вакцина? Патем, кои вакцини ги примавме ние што сме родени посче распадот на Југославија, знае некој?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom