Bitcoin
₿
- Член од
- 24 мај 2005
- Мислења
- 5.530
- Поени од реакции
- 13.903
Кратка политичко-историска ретроспектива:
Социјал демократската унија на Македонија, односно Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е најголемата лево ориентирана политичка структура во државава.
Формирана е на 20 Април, 1991 година на 11 конгрес на тогашниот СКМ-ПДП, (партија за демократски просперитет) и како прв нејзин лидер е избран Бранко Црвенковски.
Денес со партијата раководи Зоран Заев, и СДСМ е дел од Европската прогресивна алијанса и Партијата на европските социјалисти.
Денешниот претседател и тогашен премиер е познат по создавањето и потпишувањето на Преспанскиот договор со кој се стави крај на деценискиот спор за името Македонија, а на Бившата Југословенска република Македонија, и беше додадена географска одредница - Северна Македонија.
Како дојде на власт Заев? На сите ни е јасно.
* Мора да се напомене дека државата претходно организира консултативен референдум за да го добие мислењето на народот во врска со Преспанскиот договор, и референдумот заврши со недоволен концензус, односно народот се изјасни дека е против таков договор.
Сепак, тоа му остави одврзани раце на законодавнот дом (Собранието) и по иницијатива на СДСМ, ДУИ и 10тина пратеници од ВМРО-ДПМНЕ беше променат Уставот и беше дадено зелено светло за реализација на договорот од Преспа.
- Можеби стануваме 30та полноправна членка на НАТО и ќе отпочнеме преговори за влез во ЕУ, но се тоа е надворешна политика која нема директен и брз импакт врз економската мизерна ситуација на земјава.
- Правдата која беше тесно поврзана со мирот во душата на луѓето испадна тотално расипана од глава до пети. СЈО како институција влеа толку многу надеж, а скоро во иста мера но во негативен контекст ја одзеде надежта за зептосекунда.
- Ај двојазичноста можеби беше запечатена уште со Охридскиот фамозен (рамковен) договор, и после ~20години сеуште се базира на некој фиктивен попис на население, кој од непознати и добро познати причини - сеуште не е спроведен.
- Грција побара "прст".. а останатите хиени околу нас ни ја менуваат историјата и културното наследство...
Значи критики на адреса од СДСМ...колку ви душа сака... но сепак.. не знам зошто, ама личнава интуиција ми вели дека Заев повторно ќе биде премиер.
Па повелете на дискусија...

Последно уредено: