Коронавирус (COVID-19)

Dino-Juve

Juve Per Sempre
Член од
20 октомври 2005
Мислења
1.147
Поени од реакции
458
Последниве двајца што беа заразени од Дебар цела недела биле во Дебар и највероватно имале контакт со над 50 луѓе во таа недела, се шетале по маркети два три пати биле во болница во Дебар во град исто така се движеле повеќе пати, не како што вика министерот се виделе само со блиските и со тие што патувале заедно со автобусот , бројката на луѓе кој имале контакт е многу поголема, исто така колку за инфо на граничен премин табановце нема никаква контрола таму.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.733
Поени од реакции
27.720
да се надеваме грешам ама очекувам и кај нас значаен пораст во наредните недели
сега за сега добро се држевме...
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.495
Поени од реакции
18.754
Последниве двајца што беа заразени од Дебар цела недела биле во Дебар и највероватно имале контакт со над 50 луѓе во таа недела, се шетале по маркети два три пати биле во болница во Дебар во град исто така се движеле повеќе пати, не како што вика министерот се виделе само со блиските и со тие што патувале заедно со автобусот , бројката на луѓе кој имале контакт е многу поголема, исто така колку за инфо на граничен премин табановце нема никаква контрола таму.
Нормално министерот така ќе вика,преочигледно е дека сакаат да ја намалат паниката кај луѓето, ама лошо е шо министерот наш мисли дека нафта пие народот и дека им верува некој
 

Dino-Juve

Juve Per Sempre
Член од
20 октомври 2005
Мислења
1.147
Поени од реакции
458
Нормално министерот така ќе вика,преочигледно е дека сакаат да ја намалат паниката кај луѓето, ама лошо е шо министерот наш мисли дека нафта пие народот и дека им верува некој
Сега ако претпоставиме дека овие 50 луѓе да се заразат што имале контакт а јас грарантиам дека имале контакт со толку луѓе пошто ги знам и сум од Дебар, замислете што може да биде и какво жариште би настанало
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.318
Поени од реакции
15.571
Нормално министерот така ќе вика,преочигледно е дека сакаат да ја намалат паниката кај луѓето, ама лошо е шо министерот наш мисли дека нафта пие народот и дека им верува некој
Не пиеш нафта и што направи? Изнакупи брашно, зејтин и макарони?

Цел свет препорачува лична хигиена, и самоизолација ако се вратиш од ризична земја ко Италија и имаш симптоми на грип или си бил во контакт со некој кој бил заразен.

Ако недајбоже дојде ситуација како Милано, истите мерки о тука ќе се воведат, не треба топла вода да измислиме.
 

Dino-Juve

Juve Per Sempre
Член од
20 октомври 2005
Мислења
1.147
Поени од реакции
458
Не пиеш нафта и што направи? Изнакупи брашно, зејтин и макарони?

Цел свет препорачува лична хигиена, и самоизолација ако се вратиш од ризична земја ко Италија и имаш симптоми на грип или си бил во контакт со некој кој бил заразен.

Ако недајбоже дојде ситуација како Милано, истите мерки о тука ќе се воведат, не треба топла вода да измислиме.
Друже се у право си само проблемот е следен:
Како прво на Табанове нема никаква контрола како што кажува министерот дека има, како друг проблем луѓево со симпотоми на грип идат кај матичен два пати овај два пати ги праќа у Дебар пошто луѓево не се од град Дебар се од Центар Жупа, наместо матичниот да постапи по насоките согласно што ги издаде министерство за здраство он прави две кардинални грешки, со самото шетање... Сега во следниве две недели ќе видиме што ќе се деси..
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.495
Поени од реакции
18.754
Не пиеш нафта и што направи? Изнакупи брашно, зејтин и макарони?

Цел свет препорачува лична хигиена, и самоизолација ако се вратиш од ризична земја ко Италија и имаш симптоми на грип или си бил во контакт со некој кој бил заразен.

Ако недајбоже дојде ситуација како Милано, истите мерки о тука ќе се воведат, не треба топла вода да измислиме.
Абе готово сите пари си ги потрошив за брашно сега не знам кај да го ставам :)
Муабетот е друг, дека членот погоре пиша дека информациите дека заразениве немале контакт со голема маса на луѓе не се точни, јас напишав дека нормално така ќе викаат да не се ствара паника кај народот
 
C

CoolIris

Гостин
Нормално министерот така ќе вика,преочигледно е дека сакаат да ја намалат паниката кај луѓето, ама лошо е шо министерот наш мисли дека нафта пие народот и дека им верува некој
А вие што мислите дека треба да направи министерот? Да излезе на прес конференција и да каже еј дечки, повеќе од 300 луѓе биле во контакт со заболените, корона вирусот е страшен, сите ќе умрете?!
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.495
Поени од реакции
18.754
А вие што мислите дека треба да направи министерот? Да излезе на прес конференција и да каже еј дечки, повеќе од 300 луѓе биле во контакт со заболените, корона вирусот е страшен, сите ќе умрете?!
Па и јас истото го викам де, ама некако ептен прозирен е на секое со тие муабети, треба повеќе на глумата да му посвети внимание :)
 
C

CoolIris

Гостин
Па и јас истото го викам де, ама некако ептен прозирен е на секое со тие муабети, треба повеќе на глумата да му посвети внимание :)
Извини, погрешка сум те цитирала тебе. Него, воопшто не е проѕирен. Јас сум изненадена позитивно од тоа како се снаоѓа човеков. Секоја му чест. Иако мислам дека во самиот почеток малку потфрливме, некако наеднаш ми се скапираа сите меѓусебно и се уиграа и сега мислам дека одлично владеат со ситуацијата, барем сега за сега.

Очекувам дека бројот на заразени допрва ќе расте. Наеднаш ќе се дуплира бројот на заразени. Се надевам дека надлежните ќе продолжат со истото темпо да се справуваат со ситуацијата.
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.432
Поени од реакции
3.507
Галама е сајт за дебили со 90% измислени приказни, така да... А оваа „докторкава“ е познат шарлатан, антиваксер.
 
Член од
20 септември 2017
Мислења
920
Поени од реакции
1.347
Треба да собереме пари на форумов и да ти купиме бункер :)
Автоматски споено мислење:

Во Бугариja првите 4 пациенти во градовете Плевен и Габрово. Предоставува се дека виросот е увезен от Грциjа.
Штабот на ВМА забрани сите собири,концерти, театрите, оперите и кината затварат.
Ставена е забрана за извоз на медицински производи како маски, предпазна облека, ракавици и други.
Сите школи во БГ 1 неделја уште нема да работата. Во областите Плевен и Габрово и детските градинки и университети се затварат.
Подготвуват се лекерски екипи от другите областни градови, кои да бидат пратени во двете области. Двете областни болници во Плевен и Габрово са затворени и ставени под карантина . Примат се само итни операции и луге со инсулти и со инфаркти.
Днес икономическото министерство побара фирми от текстилната индустриja за итно да се премине ком производство на заштитна опрема и маски.
Сите фирми со работници от Италиja са контактирани и се следат лугето за нивната здравна состоjба.
А до пред 1 недела знаеш која беше топ заебанција во бугарија? “Има 3 случаи на корона вирус в балгарија, два в Солун и един в Скопие“. Епа паника сега.
 
Последно уредено:
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.441
Поени од реакции
18.426
Еми ако се следи трендот од другите држави, и кај нас ќе биде слично, сега лабаво ја тераме работата, но за некоја недела ќе има експлозија од болни и кога ќе почнат луѓе да умираат се ќе се стави во карантин.

Мислам дека изборите ќе поминат во знакот на Корона.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.174
Поени од реакции
16.306
Јапонец намерно ширел коронавирус

ќе видиме до кога ќе може да се врши изолација на заразените кој немаат симптоми и проблеми... Ако се рашири Корона вирусот, во бројки споредливи со грипот, ќе биде многу потешко.
А уште потешко ќе биде ако најзастапената болест, настинката или тнр. вирозата биде во голем % од новиот корона вирус...


Италијанците бегале од Милано пред изолацијата на северна Италија (ВИДЕО)

работава почнува да наликува на некој филмови...
Автоматски споено мислење:

сум праел паника, еве ќе ви постирам Кајгана..
Локалната власт на Москва најави дека лицата кои се вратиле од земјите погодени со новиот корона вирус, а не се изолирале во своите домови на две недели, ќе бидат казнети и до пет години затвор.
– Лицата кои се вратиле од Кина, Јужна Кореја, Иран, Франција, Германија, Италија, Шпанија и други земји каде има евентуални неповолни знаци на новиот корона вирус, треба да се самоизолираат 14 дена, соопшти Градското собрание на Москва.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom