Bundesliga

  • Креатор на темата Креатор на темата aleksandar09
  • Време на започнување Време на започнување
Дел од навивачите на Баерн извадија банери против газдата на Хофенхајм, а ова не е Балкан, па реагираа сите, и фудбалери и Салихамиџич и Кан, и дури и Бекенбауер мораше да отиде...
Сеа продолжи утакмицата, ама само си додаваат фудбалериве, не играат.

А зошто навивачите на Баерн би извадиле банери против газдата на Хофенхајм?
 
И тоа на 0-6 водство извадија, колкав дебил треба да си на добиена утакмица да ризикуеш прекин.
 
А зошто навивачите на Баерн би извадиле банери против газдата на Хофенхајм?

Навивачите во германија се општо за традиционалност и несакаат вештачки клубови, сите се за 50+1 правилото односно да неможе газда приватен да купи клуб. Не само навивачите на Баерн и навивачите на Дортмунд извадија слични банери и се казнети 2,3 годни да не смеат да идат на гостинските натпревари против Хофенхајм.

Hopp за разлика од други почна да вложува во својот клуб од детството и го направи Хофенхајм тоа што е денес Се имаат највеќе фатено за Hopp иако Лајпциг, Баер, Хановер, Волфсбург работат на сличен принцип може легално немаат 50.1% меѓутоа имаат приватни газди на еден или друг начин.

Веќе долго време се разговара да се укине ова 50+1 правило бидејќи сигурно е незаконско.
 
А зошто навивачите на Баерн би извадиле банери против газдата на Хофенхајм?
Имаат потпишано декларација германските клубови дека нема да се продаваат на приватни сопственици, тоа прв го прекрши Лајпциг, а сега скоро и Хофенхајм.
Е сега, проблем е што во Германија законски не смеат да истакнуваат такви банери од навивачите, па затоа и настана цела фрка, судијата всушност го прекина мечот, пошто таму се почитуваат закони.
Автоматски споено мислење:

навивачите на Дортмунд извадија слични банери и се казнети 2,3 годни да не смеат да идат на гостинските натпревари против Хофенхајм.
Да, еве еден од банерите
45608813_401.jpg
 
Последно уредено:
Што се дешава со Шалке?
1 победа во последни 10 меча...
 
Настрана од глупите Schikeria денес - Баерн вака не играл од 2012/2013. Не знам што им направи Хер Флик, ама...
 
Околу случајов со Хофенхајм. Проблемот лежи подлабоко.

Не е во ред лично да се навредува Хоп и да му се посакува нешто лошо, човекот донира баѓи и како личност изгледа сосема ок. Проблемот е што федерацијата не ги третира сите случаеви исто а за Хоп прави исклучоци.

ДФБ пред некое време или години одлучи, дека нема да има колективни казни. Се држеа на тоа али сега пред малце одлучија дека фановите на Дортмунд не смеат да одат на гости во Хофенхајм. Треба да се знае дека фановите на Дортмунд, или дел од нив, беа најжестоки против Хофенхајм и Хоп. Проблемот е шти тој од селски клуб направи тим кои играше ЛШ со пумпање пари. Типично пластичен клуб. Тоа не им се допаѓа на традиционалистите и Хоп беше мета на фановите на Дортмунд ама потоа и на други групации од други клубови. Не е во ред што го навредуваат. Ама и Хоп не беше во право кога во една партија Хофенхајм - Дортмунд во блокот од Дортмунд поставил звучници кои беа пуштени на силно за да не се слушаат скандирањата против Хоп. Во најмала рака тоа е кривично дело. Му се прости, ок. Али сега со одлуките за колективни казни против Дортмунд покажаа солидарност и доста други фан групи како Шикериа ама имаше и во Гладбах и Хофенхајм транспаренти против Хоп ама и ДФБ. Курви син итн. го викале. Ок. Што не е ок е се двојните стандарди. Фановите на Дортмунд во секој стадион се навредени како курвини синови, имаше расистичи испади од трибините кон црни играчи ама во никој случај не беше прекината партијата или на раб да се укине. За Хоп ова сега не важи, за него се поставени колективни казни и се гонат транспарентите, како сега кај Баерн.

Така да, не се во ред навредите кон Хоп, иако проектот Хофенхајм и за осудување и силно оди контра традиционалните вредности кои сепак ги има во Бундеслигата. Ама двојните стандарди на федерацијата се поголем проблем и покажува само дека се штитат тие луѓе кои фрлаат пари. Ќе биде интересно како понатака со двојните стандарди оти скоро во секоја партија има по некој транспарент по некоја навреда од ултрасите. Ако федерацијата е конзеквентна, треба тие парти да ги заврши во такви случаеви да службени партии да дава.
 
Зошто проектот на Хофенхејм е за осудување ?
 
Ne ni treba plasticni klubovi edvaj pola stadion polnat vestacki se forsirani za da vlezat vo bundesliga. Nema nikoj da oseti da gi snema ednostavno ne se potrebni.

Gesendet von meinem SM-G960F mit Tapatalk
 
Епа тоа сакав да прашам, зошто вештачки, така ако гледаме денешно време сите се вештачки, Атлетико Мадрид е финансиран исто, дали и тој е вештачки клуб ?
 
Атлетико има долга историја и не е споредлив со Хофенхајм. Тие иеако 1899 го имаат во името пред Хоп не постоеја.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom