Околу случајов со Хофенхајм. Проблемот лежи подлабоко.
Не е во ред лично да се навредува Хоп и да му се посакува нешто лошо, човекот донира баѓи и како личност изгледа сосема ок. Проблемот е што федерацијата не ги третира сите случаеви исто а за Хоп прави исклучоци.
ДФБ пред некое време или години одлучи, дека нема да има колективни казни. Се држеа на тоа али сега пред малце одлучија дека фановите на Дортмунд не смеат да одат на гости во Хофенхајм. Треба да се знае дека фановите на Дортмунд, или дел од нив, беа најжестоки против Хофенхајм и Хоп. Проблемот е шти тој од селски клуб направи тим кои играше ЛШ со пумпање пари. Типично пластичен клуб. Тоа не им се допаѓа на традиционалистите и Хоп беше мета на фановите на Дортмунд ама потоа и на други групации од други клубови. Не е во ред што го навредуваат. Ама и Хоп не беше во право кога во една партија Хофенхајм - Дортмунд во блокот од Дортмунд поставил звучници кои беа пуштени на силно за да не се слушаат скандирањата против Хоп. Во најмала рака тоа е кривично дело. Му се прости, ок. Али сега со одлуките за колективни казни против Дортмунд покажаа солидарност и доста други фан групи како Шикериа ама имаше и во Гладбах и Хофенхајм транспаренти против Хоп ама и ДФБ. Курви син итн. го викале. Ок. Што не е ок е се двојните стандарди. Фановите на Дортмунд во секој стадион се навредени како курвини синови, имаше расистичи испади од трибините кон црни играчи ама во никој случај не беше прекината партијата или на раб да се укине. За Хоп ова сега не важи, за него се поставени колективни казни и се гонат транспарентите, како сега кај Баерн.
Така да, не се во ред навредите кон Хоп, иако проектот Хофенхајм и за осудување и силно оди контра традиционалните вредности кои сепак ги има во Бундеслигата. Ама двојните стандарди на федерацијата се поголем проблем и покажува само дека се штитат тие луѓе кои фрлаат пари. Ќе биде интересно како понатака со двојните стандарди оти скоро во секоја партија има по некој транспарент по некоја навреда од ултрасите. Ако федерацијата е конзеквентна, треба тие парти да ги заврши во такви случаеви да службени партии да дава.