Коронавирус (COVID-19)

C

CoolIris

Гостин
Сосем друга беше целта на постот ама ок ако сфати така :toe:
Поентата е дека без разлика кој и да ги финансира, тој временски период за клиничко испитување и тестирање е неопходен, пред да се пушти било каков лек/вакцина во употреба.
Постојат протоколи кои е неопходно да се почитуваат.
 
B

Beginner

Гостин
Вчера зборев со доктор кој работи во одделот на заболените од корона во болница во Милано. Го прашав за мислење за 50годишната жена која од Милано се вратила кај нас. Ме праша колку год има и кога чу дека има 50, ми рече нормално дека не и направиле тампон, прават само на 65+, тамам работа на буквално сите да им правиме, нема толку тампони. Затоа и на другарот мој му дошле дома го прегледале и му рекле немаш гајле, 32 години има.

И сега си размислувам, јас веќе имав директен контакт со тројца кои работат во болница, двајца со заболени од корона, третиот не работи со тие луѓе меѓуто го пратиле да провери некои луѓе кои на крај излегле негативни. Да не биде да ве исвестувам директно и од прва рака што како се дешава? :(
Мед и лимон би требало да ти го подобрат имунитетот.

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
 

коцка

Curiouser and curiouser!
Член од
12 јули 2005
Мислења
7.174
Поени од реакции
13.787
Мед и лимон би требало да ти го подобрат имунитетот.

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
тоа редовно го применувам, смути од овошја и зеленчуци, само дали тоа гарантира дека ако сум во контакт со заразени дека нема да се заразам?
 
B

Beginner

Гостин
тоа редовно го применувам, смути од овошја и зеленчуци, само дали тоа гарантира дека ако сум во контакт со заразени дека нема да се заразам?
За жал не вирусот лесно се пренесува ама ако имаш појак имунитет телото полесно и побрзо ќе се справи со вирусот.

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
 

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.622
Поени од реакции
17.492
Поентата е дека без разлика кој и да ги финансира, тој временски период за клиничко испитување и тестирање е неопходен, пред да се пушти било каков лек/вакцина во употреба.
Постојат протоколи кои е неопходно да се почитуваат.
Точно и не сум против тоа, муабетот ми е излегоа со 3000 различни изјави и сите им се поврзани со пари. Уште памтам врв на вирусот во Кина тие 650 мил евра бараја... апсурдни се некои работи. Нека се усогласат нека ќутат ако ништо, вака се сее уште побеќе паника.
 

Anne.

~
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.629
Поени од реакции
10.284
тоа редовно го применувам, смути од овошја и зеленчуци, само дали тоа гарантира дека ако сум во контакт со заразени дека нема да се заразам?
Зголеми внес и на цинк, заедно со витамин Ц. Супер е за имунитет и ова.
 
B

Beginner

Гостин
Според студијата, предметите кои најчесто онлајн се нарачуваат можат да бидат еден од главните носители на коронавирусот.

Вирусот најдолго издржува на пластика – до девет дена.
за 9 дена никад никоја пратка не стигнала во Македонија :D
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
тоа редовно го применувам, смути од овошја и зеленчуци, само дали тоа гарантира дека ако сум во контакт со заразени дека нема да се заразам?
Ништо не е 100% заштита ама освен правилна исхрана, дневниот сон од 7-9 часа и физичката активност се најдобрите лекови. Ова го практикувам цел живот и од 2011 се немам напиено антибиотик (освен за некои хируршки зафати што ги имав) :)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.784
Поени од реакции
12.255
Ветија 6-12 часа. Сега се споменува нешто до 9 дена. Што е следно, вирусот останува активен и по 2 месеци?
Дали да им се верува на овие "релевантни" извори дека реално го испитале вирусов на пластика, ѓавол ќе го знае више.
Ама не кревајте паника, све е под контрола, никој ништо не знае

The EU has raised its risk assessment of the COVID-19 outbreak, warning there is now a moderate to high risk of sustained transmission in EU member states and the UK in the coming weeks.

The warning comes amid a surge in cases in Europe and across the world. At an EU Commission press conference, the commissioner for health Stella Kyriakidou announced The European Centre for Disease Control and Prevention (ECDC) had raised the risk level, as the bloc tries to co-ordinate efforts to halt the spread of coronavirus.
 
C

CoolIris

Гостин
Најважно за да се изборите со вирусот е вашиот имунитет. Имунитетот може да го подигните со витамини и здрава храна, добар сон, впрочем се што е важно и за здрав живот. Ако сте здрави и прави, немате зошто да се секирате. Следете ги превентивните мерки, препорачани од страна на надлежните, не идете за свашта на лекар, барем не додека трае епидемијава, редовна хигиена, избегнувајте места каде што има многу народ и немате зошто да се секирате. Ќе помине и ова.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.573
Поени од реакции
37.464
тоа редовно го применувам, смути од овошја и зеленчуци, само дали тоа гарантира дека ако сум во контакт со заразени дека нема да се заразам?
... редовно го применуваш, но колку е тоа целосно искористено, а не е „уништено“?
зошто „смути“ имаш проблеми со жвакање? имаш проблеми со забите? што мислиш колку витамини остануваат активни со тоа ситно сецкање со метален нож до добивање смути форма?
 

Ejebajgasad!!!

Фукара
Член од
4 септември 2017
Мислења
677
Поени од реакции
1.117
Слушнав дека и во Андора има еден заразен. Рекоа дека не бил ниту во заразено подрачје и дека подолго време не бил во контакт со други луѓе. Како успеал да се зарази со вирусот, иако цело време бил дома? Мене тоа не ми е јасно.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.023
Поени од реакции
23.472
Ne be stvarno kako se jaca imuniot sistem kaj covekot? Kako funkcionira istiot, kako raboti? Na primer ako od mal me hranat epten zdravo, se po propis sto bi rekle, toa minerali, vitamini, se svezo, sega sobrano ili zaklano dali bi imal potreba od vakcini na primer? Ili antibiotici?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom