Дуел: Заев vs. Мицкоски

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Кој беше подобар во дуелот?

  • Заев

    Гласови: 38 34,9%
  • Мицкоски

    Гласови: 71 65,1%

  • Вкупно гласачи
    109
  • Гласањето е завршено на .
Да не речете не сум предупредил, оф-топик мислења и слики носат казнени поени, кои носат забрана за пристап на форумот. Држете се кон темата за дискусија.
 
Гледав многу малце, впечатокот ми беше ист како и претходно, дуелите изгледаат примитивно и со обвинувања кој повеќе украл кој бил поголем криминалец. Анал 5 со Телма убедливо водат во креирањето на емисии со политичари кои треба да бидат слични на Спрингер ама без тепањето. Знаат дека народов повеќе се пали на трач, навреди, закани, отколку на квалитетни решенија за ситуацијата во која се наоѓа државата.
Гласав за Мицкоски, човекот е стабилен и се гледа дека е професор за разлика од Заев кој е класичен сељак.
И тоа гласав само врз база на оваа разлика, генерално оваков дуел и овакви емисии треба да се забранат, не добив информација дополнителна за било која политика која сакаат да ја применат двете партии. Арно си знаеше Груевски, седи си дома, не испаѓај на дуели да те вреѓа сељак и да ја пали нацијата на „леле ама му го закачи“ моменти.
 
Заев: Не се сеќавам дали сум потпишал документ за пријавата на „Рекет
85244319_3177052882328870_676388440664702976_n.jpg
 
Самиот факт што и двајцата се доволно лицемерни да потрошат 3 саати во забава за народ кажува многу. Секој сериозен би одбил таква глупост, ама овие двајца единствено се сериозни за водење на франкенштајн творбата по секоја цена.
 
Доволно е да ги погледнеш двајцата по пет секунди и да сфатиш дека сме во тешки срања.
Работава е дојдена до таму да посакаш да се вратат Бранко и ЉуБчо.
Факт е дека сме небитни на глобално ниво и дека некој друг ги држи конците, но барем да имавме луѓе кои ќе се бореа за подобар живот на својот народ, а не за лично богатење.
 
Македонија упатила вербални ноти за знаците до Грција
Заев истакна дека до сега неколку пати реагирале и испратиле вербални ноти до Грција.

„Имаме вербални ноти за знаците, има дел од знаците веќе променето во Грција, имаме вербални ноти за имплементацијата за други ставови и секој пат од двете страни реагираме. Постои меѓународна група составена од двете земји која преговараат за трејд марковите, денеска се знае кога се менува пасошот, кога се отвораат поглавјата“ изјави Заев.


абе немаше до скоро знаци ЕВЗОНИ, дури не излезеш од Солуники :icon_mrgr: , ако може гркот да те заебе прво накај Атина да одиш...
 
После чуди се оти ЗЗ им ја сервираше натопорена државава на Бугарија и Грција при потпишувањето на договорите, на крај од интервјуто самиот му се намести како маџарска собарица со простувањата и поклоните :D

Ако е бистар народот ни едниот ни другиот нема да ги гласа и двајцата трујат на гомна, чаре само да нема излезеност никава и да поседиме барем 1-2 години без влада, секако одиме назад со секоја нова влада, вака барем да има драма.
 
Погледав некои 15 мин. Заев лажеше а Мицко од што не е научен на тие прљави игри не знаеше да го искористи :)
Од друга страна како да го искористи.......цела македонска јавност за сите лаги и превари до сега требаше да го запали пола град, не овој у студио да се докажува што се направил за да ни ја сјебе нацијата и државата.
 
Гледав два пати по 10тина минути. Mора да престанат да го прават ова, тажно е и нелагодност создава кај секој со повеќе од 4то одделение.
Иначе по оноа што можев да видам, Заев непрестано се местеше на пенали и да не е Мицковски онакво NPC -роботче можеше да го искасапи, ама сепак за тоа треба малку дух и харизма, а тоа не се учи на семинари.
 
Не гледав пошто имав интуиција дека ќе биде срање. Ако не се лажам го гледав прошлиот дуел и лично со дискусијата ми ја вреѓаа интелегенцијата.

Ако некогаш во иднина се решат за некој формат каде се дебатира одредени теми по ред нешто слично како дебатите во УСА каде се одржаваат повеќе дебати и се збори за се од економија до екологија тогаш можеби би бил заинтересиран.

Со моменталнава ситуација цела дискусија се сведува на обвинувања кој колку украл или народски кажано на кој му е поголем.

П.С Од коментариве гледам дека се потврдило тоа што го замислував иако една светла точка е што до пред неколку години и воопшто немавме дебати така да ова е некој напредок.
 
не гледав испод нивото ми се и двајцата, гласав за заев за да ги излажам малку дека народот уште го сака, а мицко кутриот шо да речам бетер е....барам трета партија за гласањее
 
не гледав испод нивото ми се и двајцата, гласав за заев за да ги излажам малку дека народот уште го сака, а мицко кутриот шо да речам бетер е....барам трета партија за гласањее
(y)
Komunjar si...zatoa si glasal za toj sto si glasal...sram ti e i na forum da kazes sto si, a pak ke glasas za predavnikot ccccccc
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom