...вирусот има тенденција да трае подолго во постудени, влажни услови, така да се додека надвор ќе дува ветер и ќе биде ладно ќе се појавуваат нови и нови заразени пациенти, ако дојде тој топол бран после 8 ми март како го најавуваат со високи теператури дури и до 18 степни истиот не ќе може да опстане, па самата природа со своето топло време ќе ни помогне....единствено малку ќе не зезаат „пролетните баби“ ако бидат многу лоши па ќе имаме топло ладно време.....така ќе имаме помалку повеќе пациенти заразени со корона вирус!
... правило, ако сакаш да го победиш непријателот прво запознај го добро!
... КОРОНА вирус за прв пат бил изолиран во далечната 1937 година, одговорен за заразен вирус на распираторниот тракт кај птиците, а за прв пат откриле докази за човечки корона вирус (ХЦВВ) во 1960 год, во носот на луѓето со обична настинка и на крај постојат два човечки КОРОНА вируси
OC43 и 229E кои се одговорни за голем дел од обичните настинки што можеби секој сме ги почувствувале!
...да кажеме дека антителата на коронавирус не трае долго време, па не сме засекогаш имуни ако дојдеме по извесен период пак во контакт со корона вирус и уште еден факт да создадената антителата за еден вид на коронавирус може да биде неефикасна во однос на друга корона вирус, ова во контекс на коментарот дека некој пациент повторно се заразил од корона вирус !
...околу опстојување преживување на површини, постојат коронавируси кај животните, посебно кај кучето „canine coronavirus“ што на заразени површини остануваат „живи“ и до 28 дена, коронавирус - MERS преживува 48 часа на челична површина на 20 °, ама корона вирусот TGEV на слична површина и на иста температура опстојува и до 28 дена или коронавирус - SARS ги има две врсти што едниот опстојува на хартиена површина 4-5 дена, другиот само 3 часа.... што ми беше зборот,
мора да се прецизира за кој корона вирус зборуваме!
...ако зборуваме за новиот појавен Корона вирус
COVID-19, што е актуелен СЕГА, никој се уште не може да каже ништо околу негово опстојување, преживување на површини и негово уништување, оти нели сега се појави на крај на 2019 год, и нормално дека нема некои посебни докажани искуства, туку се претпоставува според последните искуства и резултати од последниот корона вирус -SARS, дека ќе бидат веројатно релевантни и за овој последен коронавирус
COVID-19, со претпоставка дека сите човечки коронавируси кои истражувањата ги истражувале до сега, се чини дека се подложни на истите хемиски агенси или слични искуства, но не мора да значи!
... следејќи го начинот на негово уништување и опстојување на заразените површини на корона вирус
COVID-19 со примена на антисептик - биоцидот наречен
бензалкониум хлорид, хлорхексидин диглуконат, дава спротиставени резултати т.е. се покажале неефикасни во нивно уништување за разлика, пазите ваму комбинација од водороден пероксид, етанол и натриум хипохлорит (хемикалија во белилото, варекина), брзо и успешно ги деактивираат коронавирусите, па највероватно
COVID-19 така да сите болници треба да применат дезинфекциони средства, а дезинфекција на површината со 0,1%
натриум хипохлорит или 62–71% етанол значително ја намалува инфекцијата на коронавирус на површините во рок од 1 мин, а сите болници па и други користат најчесто бензалкониум хлорид што убаво мириса вршат дезинфекција меѓу кои и на корона вирус SARS, но со последни искуства не се ефикасни во уништување на најновиот корона вирус
COVID-19!
...така да примена на разни антибактериски гелови, средства - ДА, вршат дезинфекција во упатство укажани дали бактерицидно, фунгицидно или на вируцидно дејство па и на корона SARS, но не и на СИТЕ корона вируси, поконкрeтно на
COVID-19!