Нема потреба од немање граници, проблемот е многу подлабок и најверојатно никогаш нема да престане.
Луѓето како овој Дардан, кои на сметка на лажен патриотизам и национализам сеат омраза, кои се платени за да го прават тоа, ќе ги има вечно и никогаш нема да исчезнат зошто на некој не му одговара тоа.
Можеме да градиме соживот 100 години и само за една секунда се да се сруши.
Ќе испадне лик како Села кој ќе каже нешто, ќе испадне лик како Миленко кој ќе каже нешто и за обичниот човек тоа е доволно да си ја развие омразата иако некое време не ја чуствувал истата.За да нема лоши ситуации помеѓу нас баш и ни требаат граници, но како што кажа
@Стев човекот е склон на поделби, односно така е научен уште од најрана возраст, и во најчиста етничка средина(верска и национална) и сите со иста финансиска состојба, луѓето се делат на паметен и помалку паметен, убав и грд, харизматичен и досаден итн.Различностите се добри затоа што животот не е монотон ама проблемот настанува кога некој се обидуваа од различности да прави бариери помеѓу луѓето.
Ова кај човекот се случува буквално уште од некоја 3,4 година од раѓањето и затоа е тешко нешто да се промени.
Така е и со ова прашање, никогаш нема ништо да се смени драстично.