Коронавирус (COVID-19)

  • Креатор на темата Креатор на темата Beginner
  • Време на започнување Време на започнување
Пренесувам само што читам, иначе последен печат можат да добијат на словенската граница, после тоа нема ни граници, ни печати за земјите во ЕУ.
Ако приложила лична карта од ЕУ држава не добиваат никаде печат, не само во ЕУ, туку и во БиХ, Србија, Црна Гора, Македонија, Косово, Албанија. Слободно може да се шета кај сака низ Европа со ЕУ лична карта и да се врати во МК со празен МК пасош без ниеден печат. Единствено може да ја откријат само ако некој од патниците ја каже или полицијата го праша шоферот од каде е појден и дали таа од почеток била со него.

Властите тука веќе немаат никаква контрола кај одиш и кои држави ги посетуваш доколку користиш втор пасош, или во случајов ЕУ лична карта.
Автоматски споено мислење:

Моментално 4 заразени струмичани од корона вирус. Бројот ќе порасне во наредните денови. П.с во градот се дојдени многу нашинци од Италија на одмор така да ситуацијата ќе се влоши.
Source? Или мислиш на македонци што се сеуште во Италија?
 
Си има печат со датум за излез од Италија. Затоа и не верувам дека некој е прашан од каде доаѓа и излажал.

Иначе на Македонската граница ги знаат и шоферите на оние редовните превозници со комбиња што идат два пати неделно и се враќаат. Слободно се минува нема контроли на ниедна граница за вирусот.

Само на аеродром се проверуваат патници како само со авион може да се патува од Италија.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
Другар ми се враќа од Милано со авион до Виена, автобус до Братислава, и од таму со авион до Скопје. Никој не го прегледува, прашува или гледа печати и пасоши кај бил што бил.

Ако сам не се пријави за проверка ќе остане скроз под радарот. А којзнае уште колку вакви случаи има и од каде носат зараза. Никад нема да се контаминира ова.
 
Внесување на доволни количини овошје и зеленчук со посебен акцент на оние намирници кои содржат витамин Ц, доволно движење и физичка активност на отворено, времето ви го овозможува тоа, добро спиење и помалку стрес. Градење на добар имунитет е клучен фактор за борба против ваков вирус. Според мене, превише драма се праи околу короната, чак што и сезонскиот грип е поопасен и посмртоносен. Луѓето не се доволно информирани, што не е ни чудно после едно такво штуро и глупо соопштение за превентива од страна на Филипче и МЗ. Ај ќе се затвориме и нема ништо да праиме до април, ок?
 
Моментално 4 заразени струмичани од корона вирус. Бројот ќе порасне во наредните денови. П.с во градот се дојдени многу нашинци од Италија на одмор така да ситуацијата ќе се влоши.

Чекај бе малку од кај знаеш дека се заразени.
 
Ако приложила лична карта од ЕУ држава не добиваат никаде печат, не само во ЕУ, туку и во БиХ, Србија, Црна Гора, Македонија, Косово, Албанија. Слободно може да се шета кај сака низ Европа со ЕУ лична карта и да се врати во МК со празен МК пасош без ниеден печат. Единствено може да ја откријат само ако некој од патниците ја каже или полицијата го праша шоферот од каде е појден и дали таа од почеток била со него.

Властите тука веќе немаат никаква контрола кај одиш и кои држави ги посетуваш доколку користиш втор пасош, или во случајов ЕУ лична карта.
Автоматски споено мислење:


Source?
па уште пред 4 - 5 дена имаше размислувања за укинување на Шенгенот, ама изгледа чекаат да има повеќе заразени во соседните држави на Италија
 
Ако лажела за симптоми директ у глаа треба да и се пука, за памет за другите
 
Моментално 4 заразени струмичани од корона вирус. Бројот ќе порасне во наредните денови. П.с во градот се дојдени многу нашинци од Италија на одмор така да ситуацијата ќе се влоши.
Не се заразени (бар уште нема таква информација), туку биле во комбето со таа што е заразена.
 
Моментално 4 заразени струмичани од корона вирус. Бројот ќе порасне во наредните денови. П.с во градот се дојдени многу нашинци од Италија на одмор така да ситуацијата ќе се влоши.
Летај до маркетот по залихи, даски на прозорите и вратите и ако си среќен ќе го преживееш ова.
 
Што се чудите народот не сака гладен да си отиде на другиот свет. :pos:
Мене не ме чуди ова. Има пари да направат овие што имаат маркети и дисконти. Тоа е тој балкански менталитет. Србија до Токија, Македонија до Индија. :ojeaa:
 
Внесување на доволни количини овошје и зеленчук со посебен акцент на оние намирници кои содржат витамин Ц, доволно движење и физичка активност на отворено, времето ви го овозможува тоа, добро спиење и помалку стрес. Градење на добар имунитет е клучен фактор за борба против ваков вирус. Според мене, превише драма се праи околу короната, чак што и сезонскиот грип е поопасен и посмртоносен. Луѓето не се доволно информирани, што не е ни чудно после едно такво штуро и глупо соопштение за превентива од страна на Филипче и МЗ. Ај ќе се затвориме и нема ништо да праиме до април, ок?

не е сезонскиот грип посмртоносен. Коронавирусот има за сега десет пати поголема смртност од сезонскиот грип и многу почесто предизвикува компликации.

не е армагедон ама не е ни туку така да се остави. Посебно ако многу луѓе се заразат, здравствениот систем нема да може да одговори и смртноста може да ескалира понатаму.
 
Прашање на време е кога во групата Мамички на ФБ ќе се открие лекот за корона вирусов во стил "седете под жална врба, со корона пиво во рака и намачкајте се со толчен лук", треба само трпеливи да бидеме.
Малце офтопик, Алтернатив извини, бриши ако треба, не можам да ја најдам објавата, ама вчера како лек за плодност помина тегла со некоја смеса внатре и обичен стики ноут со пенкало на него ЗА ПЛОДНОСТ! a луѓево се чудат се празнел Рамстор :D
 
Настрана муабет коронава е доказ за законов на побарувачка/понуда на Економијава , гледајте и ние што не сме испаничени од вирусов гледаме да земиме нешто пошто маркетиве може да станат празни.Исто ко ако има инфлација не тера да купуваме повеќе работи пошто се плашиме од намалување на вредноста на валутата несвесно дека со зголемено купување ја зголемуваме инфлацијата :D:D
 
Значи ако е истиот корона вирус од вухан сите се заразени, споредете го само бродот принцесс имаше 2 ца заболени од корона, кога го ставија бродот во карантин за неполни 10 дена бројката скокна на 500+ .Бродот мислам дека собира вкупно 3000 4000 патници(со се екипаж келнери, шанкери,кувари етц). Се надевам дека испратиле нашиве допис до италија кај престојувала госпоѓата пошто сигурно и тие околу неа го имаат вирусот закачено од неа или пак она од нив.
Просто и едноставно.

И нема потреба да ги тестираат за корона кога логички во комбе затворени прозори 15 20 часа возење потење кивање етц ја имаат закачено 100%...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom