Вашиот идол во животот?

Inter-Champions-League-11491.jpg


Ова е мојот идол .. Жозе Мурињо !
 
Баш прееска коментирав на оваа тема, поттикнат од насловот на талент-шоуто ИДОЛ. Јас немам ИДОЛ и сметам дека тоа е сосема глупав потег кај една индивидуа. Најпрвин, тргнувам од фактот дека, во нашата религија не е дозволено да се има идоли. Зошто идоли, кога можеме самите на себе си да си бидеме пример?
 
Брус Ли

Интелегентен човек кој целиот живот го посветил да постигне нешто..
 
Баш прееска коментирав на оваа тема, поттикнат од насловот на талент-шоуто ИДОЛ. Јас немам ИДОЛ и сметам дека тоа е сосема глупав потег кај една индивидуа. Најпрвин, тргнувам од фактот дека, во нашата религија не е дозволено да се има идоли. Зошто идоли, кога можеме самите на себе си да си бидеме пример?

Зезаш?! Мора некој да ти го покаже патот, инаку нема да можеш сам да се снајдеш. Твоите родители ти го покажале патот, твоите пријатели, роднини, познаници, па дури и ликови од некој книга те носат во една или друга насока. Во животот не можеш сам на себе да си бидеш пример, оти секогаш има некој кој е подобар од тебе. :smir:
 
Не прави идол или слика на она што е горе на небото, што е долу на земјата, што е во водата и под земјата, не им се поклонувај и не им служи.
 
Горан Пандев ... Кога ја гледам неговата скромност, како седи во кафич до мене и пие сок исто ко мене, а заработува по 10 000 евра дневно.Прекрасен човек, прав пример !
 
Цел живот мислам дека тоа беше вујна ми (мајка ми). Сега сфаќам, дека цело време, несвесно се обидувам да бидам како неа, да имам слични постигнувања, да бидам добра мајка, да знам да слушам, да разговарам, да немам предрасуди... Таа е мојот идол. А денес дури, баш денес, по некоја случајност, приметив дека некои од тие работи што ги гледам кај вујна ми, ги гледам и кај една професорка, према која имам исто така топол емоционален однос. Мислам, секако дека се однесуваме како професор - студент, ама приметив дека исто така ја сакам, на таков начин, како родител.
 
Мајка Тереза.
Не се обидувам да бидам како неа, јас сум порочна личност.
Но се обидувам да ја имплементирам во својот карактер нејзината добрина, нејзината хуманост, нејзиното човекољубие, нејзината смиреност, нејзината харизма... Се обидувам секому да подадам рака - а кој е подобар да ми го покаже тој пат, освен таа?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom