- Член од
- 29 јуни 2018
- Мислења
- 3.573
- Поени од реакции
- 5.618
Брат, па и ти коа Милан го стааш на тикет, шо појќе муабет да прајме....Моментот е шо секојпат ко че уплајчам лифче во работен ден, секојпат верувајте, начекувам средношколци со ранците на нив напалени да чукаат на апарати. Јас (интимно, во мене) мислам дека никогаш нема да му простам на татко ми шо ме залажи со ова гомно. Порано ко ставав 100че макс на тикет беше ок, ама сега.. И не само пари, губиш и нерви, квалитетно време и дружба со тие шо ти се најмили, позитивната енергија со гнев оти те заеба само Милан, итн итн..

Шала на страна, Апаратите да ги тргнат од кладилниците под итно. Има доста казина низ Скопје па и цела Македонија. А за средношколците, сите ние у средно сме пуштале по некој тикет и сме киснеле по кладилници. Тоа што зимаат да лупаат на апарат е голем проблем... Од апарат многу лесно се заглавува, и тоа на големо... А за законот се знаеше дека е само празен муабет. Кој будала ваков профитабилен бизнис ќе ти угаси?