Ова е Коби Брајант, дами и господа, the one true goat of our time, за мене секогаш ќе биде Коби број 1 иако не сум најголемиот Лејкерс фан, да може и така. Со оглед на тоа дека не сум гледал НБА во времето на Вилт Чемберлејн, Карим Абдул-Џабар, Докторот, Лери Брд, Меџик Џонсон и 90's Мајкл Џордан, се тоа по видеа и документарци сум изгледал, а сум почнал да пратам по Мајкл Џордан ерата, верувам дека на сите кои се во или близу тој временски ранг на НБА фан, Коби е вашиот човек. Не постои човек, или соиграч или најпросто речено збор кој би го опишал Коби и воопшто неговото влијание во кошарката а и надвор од неа подобар од оној неговиот Mamba - Mentality. Убави се сите овие спомени кога ни ги раскажуваат сите негови пријатели и познаници, на моменти ќе те расплакаат ко мало дете, а во исто време и ќе те вратат назад во еден убав период, во мојот случај тоа е детството, јас буквално пораснав во еден период на суперѕвезди како Коби Брајант, Ален Ајверсон, Шекил О'Нилович, Винс Картер, Карл Мелоун, Гери Пејтон, Пол Пирс, Кевин Гарнет, Тим Данкан и ред други да не ги набројувам, кој во подем, кој на залез на кариера, не ми беше тоа што сакам да кажам, значи покрај сите овие играчишта што ги набројав, а знаејќи дека се ова доаѓа после можеби најдобрата ако не и најдобра, Michael Jordan's ера, кој успеа да ги фрли во втор план сите претходни легенди на НБА и ден денес важи за најдобриот на сите времиња, е ова е тој период каде притисокот е најголем и најтежок, што понатаму, како после еден таков оставен белег во кошарката, е за тоа е потребен тој Мамба менталити, затоа што и покрај се колку и да си добар играч ќе останеш само еден од многуте одлични но не е Мајкл Џордан, во таа златна генерација.
И за тоа е толку голем Коби. Коби не е еден од многуте после Мајкл, Коби е Коби, Коби е број 1, бар за мене.