Третата опција отсекогаш постоела и таа се повеќе победува. Се вика иселување од земјата.
Шегата на страна, можеби со време, кога заради иселување нема веќе невработеност и така се намалат клиентелистичките притисоци, кога ќе има поширока средна класа која е професионална и не зависи од кој и да е на власт (нпр како што се денеска програмерите) и ќе бара некаква минимум функционалност , кога ќе изумрат генерациите кои се најактивни во гласања а не се активни по социјални медиуми и информациите ги добиваат пред се од телевизија, без интеракција, кога диаспората која е далеку побразована сега од пред 30 години ќе почне поактивно да помага, откако испадна дека ДПМНЕ е фарса и дека на нас ни треба пред се системска промена.
Она што е најотрзнувачки е тоа што до сега се сметаше дека меѓународната заедница ќе ни помогне кон реформите. Сега гледаме дека се додека правиме работи во нивен интерес, нив воопшто не ги интересира кој е на власт и на кој начин се владее. Што значи сите реформи треба да дојдат првенствено од нас, внатрешно, без помош од надвор (освен можеби диаспората). Мислам дека коначно постои општествен консензус каде е проблемот во државата, односно немање на правна држава е извор на корупција и сите други невољи (како нпр гангстерскота промена на името), прашањето е како тоа се направи. Или да се чека долго време да се случи горе наведено, односно промените да почнат да случуваат од дното нагоре, или спротивно, да дојде на власт некој со доволна визија и интегритет да направи промени од горе надолу. Само тој човек треба да биде вистински Баш Челик да не потпадне под коруптивните искушенија од нашата "елита".
Така да поверојатно е првото, ама за тоа ќе треба време, пар децении. Било какво средно решение , т.е. каде сегашниве курто-мурто партии ( па макар имало и некоја партија досега невидена) ќе туркаат некаква реформа на системот се со речиси нула веројатност.