Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
7 декември 2019
Мислења
4.751
Поени од реакции
8.484
Колку само грешки у одбрана боже боже! Баји најмалку три, де Хеја, па и Мегваер извиси ефтино два три пати! Ама сето тоа Челзи успеа да го надокнади, врска немаа, а можда и малку среќа! Напукавме жолти картони ко кинези, половината џабе! Батали сето тоа Солскјер нека му ја мисли, мене ми се направи ќејф за двојната победа над Челзи!
 
Член од
3 февруари 2019
Мислења
2.483
Поени од реакции
4.135
So vakov sudija i se e mozno
Шо не ти е јасно со судењето кажи? Офсајдот? За нанометри имат поништувано гол, овде беше се чисто како солза. Првиот гол - фал во напад, го посла на земја од зад грб.

Иначе типична Мурињо утакмица, 3 шута - 2 гола, за малце и 3/3 ќе беше, чиста шанса имаше Игало, баш ми е криво шо не даде гол...
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Ова ништо нема да значи ако не фатиме некој резултатски ритам како што се и другите екипи падни стани. Нека се враќа Скот што побрзо, Матиќ нема да може да издржи, ќе почне и ЛЕ.

Бруно солиден, се надевам дека ќе му дадат целосна слобода во нападот.
Автоматски споено мислење:

Не бев во можност до вчера да пратам новости и гледам дека и Медисон и Грилиш биле отворени да се приклучат на Јунајтед. Нормално многу фактори се во игра ама новинарот ми делуваше дека е од веродостојните. Има нешто поконкретно?
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.942
Поени од реакции
67.684
Многу грешки во одбрана, гледам чичо @fennel приметил. Врв беше ова поставувањето на Марсијал на крај да стои во жив зид никако не подреден според статива, туку според слободна проценка. На стримот се забележа дека ке му шутираат на прва статива.

Многу работа има кај таа наша лева страна, Шо и Вилијамс еден до друг се ептен лоши во позиционирање. Ниту малион знае да игра вингбек, ниту пак Шо е за играње со 3-ца позади.

Конечно дадовме гол од корна, немој некој метеор да не удри утре.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.775
Поени од реакции
9.578
Настрана што направи неколку грешки, не заборавајте дека Баји се враќа по неколкумесечно отсуство. И ваков денешен Баји е Фердинанд за Линделоф.
Само нека го чува здравјето и може да бидат топ партнери со Мегваер.

Инаку Матиќ изигра послабо во споредба со последните негови перформанси. Фред изгина братот. Бруно се гледа дека има во ногата. Да имаше денес мобилни крилни играчи ќе имаше уште многу полесен проток од негова страна. Сепак, видливо е колку е креативен, а уште повидливо е колку добро изведува прекини.

Криво ми е што Игало не поентираше за деби гол по 2 минути. Каква приказна ќе беше само тоа...
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Конечно дадовме гол од корна, немој некој метеор да не удри утре.
Епа да имаш киклоп од 2 метра и 100 кила и да му даваш задачи да ја спушта топката наместо да ја мава со глава накај гол како досега..
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.607
Поени од реакции
8.290
Ова ништо нема да значи ако не фатиме некој резултатски ритам како што се и другите екипи падни стани. Нека се враќа Скот што побрзо, Матиќ нема да може да издржи, ќе почне и ЛЕ.

Бруно солиден, се надевам дека ќе му дадат целосна слобода во нападот.
Автоматски споено мислење:

Не бев во можност до вчера да пратам новости и гледам дека и Медисон и Грилиш биле отворени да се приклучат на Јунајтед. Нормално многу фактори се во игра ама новинарот ми делуваше дека е од веродостојните. Има нешто поконкретно?
Веќе некое време брифираат играчите индиректно(Грилиш дури и лајкна пост на твитер кај што фан му вика да игра на ОТ у црвен дрес), најново е дека ќе дојдат наредна сезона безразлика кој и да е тренер.Од посериозниве новинари наведуваат само дека играчите се заинтересирани, а клубот ги следи, ама доста политички се држат.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.942
Поени од реакции
67.684
Епа да имаш киклоп од 2 метра и 100 кила и да му даваш задачи да ја спушта топката наместо да ја мава со глава накај гол како досега..
Ма немаше кој да му нафрли до сега. Фернадеш во утакмици има повеќе асистенции од Переира и Лингард заедно. Nма разлика.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.627
Поени од реакции
6.434
Бруно ќе го биде, Марсијал нема. Рашфорд дефинитивно е аут до мај или има шанси да се врати порано?

Нека му нагласат партнер на Мегваер, конечно добивме лидер во одбрана штета е да игра со инвалиди.

И покрај победава со ваква игра немам некоја надеж за 4то место.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Веќе некое време брифираат играчите индиректно(Грилиш дури и лајкна пост на твитер кај што фан му вика да игра на ОТ у црвен дрес), најново е дека ќе дојдат наредна сезона безразлика кој и да е тренер.Од посериозниве новинари наведуваат само дека играчите се заинтересирани, а клубот ги следи, ама доста политички се држат.
Добро, се разбираме, не дека сигурно ќе дојдат ама има разлика од тоа да си отворен за преговори до да си дециден дека не ти се оди во одреден клуб.
 
Член од
15 февруари 2020
Мислења
104
Поени од реакции
142
Фред полека израснува во лидер и мотиватор на тимот. Баји мора да игра прва постава, кога ќе фати ритам ќе ги намали грешките. Во секое време треба да игра пред Линделоф. Бруно ме изненадува позитивно, денес беше многу добар, иако оваа поставеност на играта баш не му одговара.
Овој малиот Вилијамс има срце, секоја чест.
Јунајтед полека почнува да личи на екипа, не заборавајте дека моментално недостигаат тројца играчи кои треба да бидат носители на играта. Само уште едно десно крило да се купи.
 
Член од
3 февруари 2019
Мислења
2.483
Поени од реакции
4.135
Конечно дадовме гол од корна, немој некој метеор да не удри утре.
За малце и уште еден ќе даеше Мегвајер, од преку 30 метра Фернандеш го погоди точно на гла, страшно прецизна нога има. И од слободен од страна статива погоди.

Фред веќе стандарден стана да доминира на средина, да освојува еден куп топки.
А се гледа дека и со Ван Бисака имат работено на центар шутот, последните уткамици доста добри топки пушта.

П.С. Пред некој ден на темата Премиер некој го сврстуваше Мегвајер во флоп, можат слободно да му го земат усно по еднаш, еден по еден во ред, без туркање....
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.775
Поени од реакции
9.578
Со оглед на тоа што Раиола многу почна да се прави паметен со последните негови изјави, веќе ми е јасно дека Погба по ЕП ќе биде спакуван или за Торино или за Мадрид. Најверојатно Јувентус ќе биде поблиску за него. Искрено и Мата, Лингард и Переира би ги продал летово со што би се ослободил простор и за Грилиш, Медисон и Санчо. Со продажбата од Погба ќе го покриеме Санчо, со продажбата од нашава тројка да обезбедиме барем половина за Грилиш и Медисон нека биде инвестиција...Конкуренција, разновидност и клупа ќе имаме во форот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom