Работнички ме изненади со победата во Струга, искрено не очекував дека ќе победат. Во врска со судењето сакам да споменам дека Вардар е највеќе оштетен ако веќе зборуваме на оваа тема. Поништен му е еден чист гол кога линискиот судија крена офсајд , а воопшто не беше офсајд и се наоѓаше во чиста позиција. Една ситуација беше многу тешка да се процени дали е офсајд, ама мислам дека беше во линија со одбранбениот играч. За пеналот на Шкендија , некои судии би досудиле некои не. Дали беше пенал или не беше не навлегувам, за жолт картон не беше и е сосема очигледно. Сега ќе објаснам зошто. Димов стартуваше на топката најпрвин, а потоа не можеше да го избегне Ибраими кој беше во полн залет. Поради тоа одлуката за непокажување на жолт картон за Димов е правилна. Додека првиот жолт картон на Димов е сосема заслужен, кога на работ од шеснаесетникот стартуваше и го фаулираше противничкиот играч. Да се вратам на екипата на Вардар. Најголем недостаток ќе биде кратката клупа и тоа што не се знае што ќе се случува во иднина со клубот. Слушнав дека уште играчите не биле исплатени и се доцни веќе многу. Поради тоа Серафимов го раскинал договорот и заминал во Вождовац. Има некој повеќе информации за тоа колку месеци се доцни со регулирање на обврските ?