Признавам дека не се разбирам многу (можда ни толку) па да си прашам. По што се приметува дека климата има недостаток на фреон? За инвертер зборам, ако има разлика
едит: и дали ќе треба да се извади скроз стариот фреон и да се наполни нов по спецификација?
Најчесто се познава по намалени перформанси,било на ладење или греење.Не работи како што работела,млак издув на греење и недоволно ладен на ладење.
Обично фреонот не се губи наеднаш,треба време(откога ќе почне да пропушта),па поради постепеноста,а и навикнувањето на нас самите може да поминат денови,а поверојатно недели Додека заприметиме дека нешто не е во ред.
По правило треба да се извади стариот фреон(а не е само фреон туку е мешавина со уље) и да се дополни нов од боца која стои на дигитална вага,па мајсторот точно знае колку да пушти(според спецификација во грамови)!
Исто да се провери од каде пропушта(со вакумирање) и ако треба нови холендери да се направат.
Ова по правило,значи ништо од ова во пракса!!! Они у старт не ги монтираат/проверуваат како што треба,не па за поправка!
Ќе дојде мајсторот,ќе дополни откутура,ќе види дали дува ладно/топло и ајт чао.