Искрено не мислев да коментирам ликови како Тито Беличанец и некакви facebook постови . . . . . . но штом е психопатот Тито во прашање неможев да се воздржам. . . . .
Јас го памтам Глигорие Гоговски како претседател на извршен совет ( тое е нешто како премиер ваљда) и заедно со Тито Беличанец киснеа на вести на тогашната МТВ и беа најнеуспешниот политички тандем во СР Македонија . . . . Период во кој започна тонењето на економијата и првите големи штрајкови ( Железара . . . ).
Истите тие на некој магичен начин го приватизираа Тетекс кој беше гигант со 9000 вработени, а имаат и добри удели во Македонија Турист . . . . Сигурно ги купиле акциите на берза од професорска плата
....
Инаку Глигорие Гоговски е гробарот на Тетово. Неговата неспособност да ја трансформира фирмата како што направија штипските конфексионери го уништи Тетово и околината и сите луѓе се преселија во Скопје и по светот.
Тие го уништија основниот бизнис од незнаење, а не дека успешно ја трансформирале фирмата. Срамота е да уништиш бизнис и да живееш од рента . . . .
Тетекс воопшто не е трансформирана фирма. Тетекс живее од рентање на простор и од продажба на наследството од комунизмот . . . . Кога тој имот ќе го раскрчмат ќе се сликаат... Таму имало паричка за директорите, мизерија за работниците и во последниве години страшно коректен однос према ситните акционери....
Глигорије го пропадна и Тетекс Јарн кое беше најавено со фанфари во 2007/08 . . . заедничко вложување во некои норвежани, кои кога видоа со кого си фатиле работа одма фатија фитиљ . . . .
Најинтересна за коментар ми е ТТК. Хит хартија. За мене не им е некој успешен проект.
ТТК во моментот е најскапата банкарска хартија во Европа, не само на мсе. Така мала банка со незначителен пазарен удел, а така скапа . . . .
Проблемот кај ТТК е тоа што не се развива. Секоја година расте по 3,4,5% што е незначително и место да се развива тие влечат дивиденда секоја година. . . Со текот на годините големите банки ќе ја прегазат.... Акцијата како тргнала ќе стигне и до 3200 денари како во 2007 година кога господ шеташе по земја . . . . Ама све додека има кој да купува на таа цена вредноста е таа.
ТТК е минимум 5 пати помала од Охридска по сите параметри. Инаку ОХБ се продаде за 52 милиони, а ТТК моментално вреди 25 милиони. Дупло поефтина, а 5 пати помала . . .
Искрено колку мислите дека вреди хартијата на ТТК ??? едно време цената стигна до 3200 денари??? И тогаш некој ја купуваше....
п.с.
Така да кога би бирал меѓу Апасиев и Тито & Џобе го бирам Апасиев. Тој барем нема сумливо стекнат капитал како претходниве иако не му е јасен поимот стечај. Тито нека се држи до фацебук ама без да држи лекции далеку е од светец, а во последно време гледам не е ни со паметот добар.
Инаку имам малку акции од Тетекс. Задоволен сум од дивидендата, но не и од работењето на менаџментот и фирмата.
Инаку Тетекс има имот вреден над 40 милиони евра , но нема бизнис . . . Ова последново да не ми се налути
@dekis ...