Македонска берза

Член од
5 април 2012
Мислења
8.152
Поени од реакции
8.946
Ова ме потсеќа на Лотарија на Македонија
Кој мислеш оти ќе го купе? Ако забележа сите странски инвестиции што дојдоа изградија сопствени капацитети по стандард, домашните фирми ретко се прошируваат...Освен ако нема добра локација за згради, ама и тоа колку простор би било...? Недвижностите можеби вредат, но денес тешко се впаричуваат. При продажба постои еднократен прилив, а тоа ти е фирма без иднина
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.787
Поени од реакции
5.063
ТЕТЕ имаат многу лош ROE. Дефинитивно треба промена на бизнис модел. Од кирии само ќе ги вадат овие добивки. Но не следам многу ТЕТЕ. И ги немам детално разгледано билансите.
 
Член од
17 октомври 2017
Мислења
855
Поени од реакции
1.471

aj cestito.... ovie mochkovcite proglasija i deka teteks propagja.... :drk: firma koja vredi min 50 milioni evra i ima 0 (NULA) krediti i obvrski....

a vo soopstenieto na seinet bash fino si pishuvaat:


Заради запазување на правата и интересите на акционерите и заради одржување и зголемување на вредноста на капиталот..........

.....во наредниот перод ќе се ориентира кон останатите и нови попрофитабилни дејности....


p.s. Moze Tito si fatil svalerka pa mu teknalo da troshi, sto e bitno zoshto prodal??? Bitno teteks transparentno si objavija deka prodal 4.000 akcii (i pretpostavuvam deka na sledno akcionersko sobranie kje se povleci od odbor na direktori)....

p.p.s https://kanal5.com.mk/articles/408612/germanskiot-avtomobilski-gigant-kje-ukine-15-000-rabotni-mesta

Kazete im na ovie slepcite od Republika deka i mercedes propagja......:vozbud:
Realno Deki nikojpat ne e dobra vest koga nekoj direktor prodava akcii. A posebno pred vakva vest deka se zatvara pogon.

Inace sme praele muabet sto pati kako core biznisot na TETE e tapa. I deka oni zavisat od finansiskite prihodi. Sega iskaca deka finansiskite prihodi ke im bidat core biznis.

Verojatno e dobra vest na dolgi stazi, ama mala korekcija e za ocekuvanje.
 
Член од
10 април 2013
Мислења
1.120
Поени од реакции
715
I kako sto rece eden poznat investitor-"Kapitalot e kako plasliva srna,bega i najmal sum koga ke pomisli deka nesto se slucuva"
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.152
Поени од реакции
8.946
Знае некој да ми каже како се користи и колку чини mTrader преку КМБ
 
Член од
23 јуни 2017
Мислења
592
Поени од реакции
1.102

Погонот се затвори, но компанијата „Тетекс“ ќе продолжи да работи и тоа со позитивни резултати како и досега, тврди за Фактор генералниот директор на компанијата, Глигорие Гоговски.

Компанијата и во минатиот период приходите и профитот го генерираше главно од дргите дејности во нејзини рамки, а не од текстилната фабрика, која долги години работеше во зоната на минусите.
Вчера силно во јавноста одекна информацијата дека по седум децении производство, „Тетекс“ ќе прекине со производството на тешка конфекција, а 150 вработени, согласно колективните договори, ќе добијат откази.
Во разговор за Фактор Гоговски вели дека погонот за производство на тешка конфекција подолг период се соочувал со финансиски проблеми и загуби, под притисок на големата конкуренција и ниските цени од далечниот исток, пред се Кина, Кореја, Тајван, Индија, Виетнам, и други држави.


„‚Тетекс' беше единствената фабрика која од Словенија до Македонија го одржуваше примарното производство. Другите фабрики во поранешна Југославија кои така работеа одамна престанаа да постојат, или некои функциониораат, но со многу големи тешкотии. А сите други фабрики работат по лон-системот. Всушност, ‚Тетекс' се до вчера произведуваше ткаенини, трикотажа и конфекција. Но, производството долги години наназад создаваше загуби. Тие загуби во просек годишно се движеа меѓу 200 до 250 илјади евра. Јас а и мојата сопруга сме емотивно врзани за ‚Тетекс' и навистина сакавме да опстои. Долги години тие загуби беа покривани преку другите бизниси на компанијата ‚Тетекс', кои се профитабилни, но тоа стана веќе неиздржливо“, вели Гоговски за Фактор.
Според него, за целиот изминат период додека работеше фабриката за тешка конфекција, иако со загуби, вработените навреме ги добивале своите плати и во тој дел немало доцнење.
На нашето прашање дали можеби зголемувањето на минималната плата која лани се искачи на 14.500 денари, била причина дополнително да се зголеми притисокот и да ја засили одлуката за затворање на погонот, тој вели дека тоа било само една од причините.
„Тоа е само една од причините, но не е основната причина. Ние имавме големи трошоци за работа, како што се електрична енергија, мазут, и сето тоа го оптоваруваше производството. Од друга страна беше големата конкуренција со ниските цени од далечниот исток. Загубите постоеја седум до 10 години и едноставно веќе не можевме да ги издржиме“, вели Гоговски.
Вработените, уверува Гоговски, околу 150 кои ќе мораат да заминат, ќе добијат отпремнини и сите права што им следуваат согласно законите.
„Од тие 150 вработени, повеќе од половината имаат над 30 до 40 години стаж. Тие ќе го остварат правото на пензија исто како да работеле и нивната пензија ќе биде иста како онаа доколку го довршеле работниот стаж. Мора да се признае и дека веќе нема доволно работна сила во делот на текстилот“, објаснува Гоговски.
Генералниот директор уверува дека работењето на компанијата „Тетекс“, акционерско друштво со над 1.000 акционери, за целиот изминат период наназад било позитивно, и компанијата ниту еднаш не прикажала загуба во работењето, а така ќе остане и во иднина. Се очекува дека компанијата ќе прикаже солидна добивка за 2019 година, а големиот број акционери на ова акционерско друштво, сигурно ќе добијат дивиденди.
Од што понатаму ќе опстојува компанијата „Тетекс“, кои се дејностите на кои натаму ќе се потпира?
Гоговски за Фактор вели дека веќе се разработуваат неколку идеи за тоа како да се обнови работењето на погонот за тешка конфекција.
„Тоа сигурно нема да биде текстил. Разработуваме неколку идеи кои се однесуваат на фабриката, за нејзино реобновување, но сега не би сакал повеќе да откривам“, вели Гоговски.
Според Гоговски, „Тетекс“ е сопственик на 49,7 отсто во ТТК банка, која е исклучително успешна банка. Таа работи профитабилно, а очекувањата се дека за минатата година ќе прикаже околу два милиони евра профит, од кои, согласно сопственоста, околу еден милион евра ќе отидат кај „Тетекс“.
Исто така, „Тетекс“ има големи количини на готови текстилни производи, кои ќе се продаваат преку дуќаните кои се во сопственост на компанијата. Тие ќе продолжат да работат. Такви дуќани се три во Скопје, два во Тетово и еден во Охрид, а има и други низ државава.
Компанијата поседува и друг имот, односно погони, кои се издаваат под наем и од нив се наплатуваат кирии.
Во секој случај, компанијата и натаму ќе продолжи да работи позитивно и да исплатува дивиденди за своите акционери, тврди првиот човек на компанијата.
Нина Нинеска-Фиданоска
 
Член од
23 февруари 2019
Мислења
309
Поени од реакции
312
Глигорие Гоговски за ТТК Банка - „... очекувањата се дека за минатата година ќе прикаже околу два милиони евра профит ...“
Ако ова е вистина тоа значи околу 20% зголемување во однос на лани.

 
M

Macedon1um

Гостин
Сакаат минимална плата 15000 нека шијат сами дома. Тоа се законите на понудата и побарувачката.
Што си се фатил како слеп за стап со минималецот, читај го погоре директорот да видиш што кажува дека и пред тоа работеле во минус 7-10 години.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.787
Поени од реакции
5.063
Што си се фатил како слеп за стап со минималецот, читај го погоре директорот да видиш што кажува дека и пред тоа работеле во минус 7-10 години.
Сигурно не било позитивно за бизнисот.
 
M

Macedon1um

Гостин
Сигурно не било позитивно за бизнисот.
Најпозитивно ќе биде ако минималецот го ставиме на 7000 денари колку да преживее работникот, нема врска што долгорочно ќе нема кој да работи во државава.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.787
Поени од реакции
5.063
Најпозитивно ќе биде ако минималецот го ставиме на 7000 денари колку да преживее работникот, нема врска што долгорочно ќе нема кој да работи во државава.
Се читаме во темата за Тито и офлелеле. Поздрав Ај да не ги труеме луѓево со зелени.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom