Смешно е што кловнови ко шинобусов табановски тврдат дека при резултат 3-0, и два чисти гола дури и по критериум на Интер фанови и да го исклучиме вториот пенал, Јувентус имал помош од судии. Не знам како Јувентус или судиите им се криви што дома не можат да тепаат ботски екипи. Мене ми е мило ако Калчото биде изедначено до крај на сезона, а не Јуве да крева пехар секој Април.
Аргументот дека и недосуден пенал за Наполи за Јувентус е судиска помош, е нешто што може да се искористи за и против секоја екипа. Како на пример дека судиите свират за Интер, зашто не досудија пенал против Интер за фаќањето на Лаутаро за нога.
Oh dear god, пак ли со ова. Не свиреше пенал зошто пред да го фати Лаутаро тој за нога, беше турнат од друг играч на Аталанта со две раце по грб и затоа падна. Ако гледаше вар за тоа ќе требаше да суди фаул во напад. Јасно ли е конечно ова?
За вториот пенал на Јувентус се реагира, зошто минатата недела имаше уште појак старт врз Јанг, на 1-0 резултат за Интер, кој не беше суден. Една недела пред тоа, идентична ситуација како оваа, беше суден пенал за Аталанта. Прегледај ги ситуациите, ако не си ги видел, и ќе видиш зошто има реакции од навивачи на Интер (јас лично ни еден пенал не би судел). И не секој судиски ветер во грб им бил даден на одлучени утакмици. Кога не му судеа на Де Лихт пенали со Торино и Болоња, ради игра со рака, тие одлуки можеа да го однесат натпреварот во друга насока. "Техничкиот посед" на Аталанта беше кога Јувентус го даде голот за 2-1.
Дури и да се дава судиска помош на одлучени, утакмици, тоа не го менува фактот дека е помош. Дали е утакмицата решена или не, не влијае врз тоа дали некоја одлука е регуларна, туку дали одлуката е донесена по правила или не.
Ако еден клуб систематски, во повеќе наврати, добива одлуки во своја корист, тој клуб добива судиска помош. Ова е прилично straightforward, освен ако се правиме мутави?
Да не ни навлагаме во критериумот на судење, за ситни фаули, за 50-50 одлуки и сл.
И не е битно дали Интер испушта бодови или не. Не е ни битно дали Интер е во трка за титула, или не. Тоа не се случува зошто Интер игра подобра сезона од обично. Работата што ти, и други кои не ја пратат лигата, не ја разбираат, е дека не се само навивачи на Интер, кои го забележуваат ова. Прашај ги навивачите на Милан (спомни го гол ди Мунтари) ќе ти го кажат истото. Прашај ги оние на Рома, Наполи, Лацио и они ќе ти го кажат истото. Никој не вика дека Јувентус само ради тоа освојува титули, ама пак ќе повторам, да не се правиме мутави.
Секој доминантен тим во Италија, добива ветер во грб од судии. Плус, што ова е клуб, кој беше осуден за организирање на систем за делегирање на судии и местење натпревари. Што се натпреварува во историски корумпирана лига. Разгледај ја малку историјата на Серија А и види какви скандали се имаат случувано во минатото со, најчесто, Јувентус во главна улога. Зошто е толку far-fetched, да се тврди дека има заднински влијанија, кои прават разлика во начинот на кој се судат натпреварите?
Јас сум убеден дека и навивачите на Јувентус се свесни за ова

. Затоа како зомбиња доаѓаат на темава, превентивно, со патетично лош хумор на секоја спорна одлука, пред воопшто некој друг да реагира на нејзе.